СПОДЕЛИ

Како да бидете најефикасни во вашата работа?

За да се најефикасни во својата работа, професионалните веб дизајнери и програмери мора да научат како да ги искористат вистинските алатки. Денес, сакам да расчистиме, еднаш и засекогаш, зошто употребата на WordPress е најдобар избор за сите фриленсери. Исто така, ќе позборуваме и за тоа како да го направите работниот тек продуктивен со употреба на работни рамки за теми.

Како професионален веб дизајнер, има многу важни нешта кои мора да ги научите кога креирате веб сајт. Мора да сте сигурни дека сајтот изгледа одлично, брзо се вчитува, е прилагодлив и јасен на сите уреди. Избирајќи WordPress, вие на самиот почеток сте многу понапред од другите веб дизајнери.

Како?

Може да креирате веб сајтови со брзината на светлината и да посветите повеќе време во помагање на клиентите околу нивните цели.

WordPress е навистина најдоброто решение за креирање на веб сајтови. Исклучок се секако апликациите, бидејќи кај нив навистина мора сé да изградите од почеток. И неколку други исклучоци – како на пример, за AwesomeWeb, страница за прилагодено пребарување на работни места, ние употребивме Ruby on Rails. Почнавме со комбинација од WordPress/CodeIgniter, но за такво развојно решение, WordPress едноставно не беше доволно флексибилен.

Повеќето клиенти нема да имаат потреба од сопствени прилагодени верзии. Во 98% од случаите, клиентите ќе имаат потреба од нешто што често се сретнува, како на пр. online продавница, личен бренд, портфолио, членство, блог, т.е да се заврши некоја едноставна работа. А сето ова лесно може да го изградите со WordPress и основно познавање од програмски јазици.

brendovi-koi-koristat-wp
Постои причина зошто дури и големите брендови почнуваат да употребуваат WordPress. Тоа е брзина и едноставност.

 

Зошто WordPress?

Постои причина зошто WordPress е најпопуларниот систем за работење со содржина (CMS). 22% од сите веб сајтови online – а тоа се околу 80 милиони веб сајтови – се креирани со употреба на WordPress. Некои од главните причини зошто WordPress е толку популарен се:

  • Лесно се учи. WordPress е open source софтвер. Едноставен е, и има опсежна документација и видеа за обуки.
  • Има многу додатоци и теми. Не мора да сте напреден програмер за да почнете да градите сајтови со WordPress. Понекогаш, дури и не мора да допрете код за да ги постигнете резултатите кои ги сакате.
  • Моќен е. Може да изградите навистина многу работи со него, како на пр. online продавница, блог, контакт форма, притоа лесно и брзо употребувајќи ги премиум темите и додатоците.

На интернет ви се достапни илјадиници бесплатни и премиум теми. Можеби ве предизвикува можноста да земете нешто што не се наплатува, меѓутоа пред да донесете таква одлука, читајте понатаму…

besplatno-vs-plateno
Да се инвестира или да сте целосно посветени на наоѓање бесплатни примероци. Јас велам, не се исплати да се коцкате, барем не овде…

Зошто да употребите WordPress тема која се плаќа наспроти бесплатна тема?

Придобивките од употреба на премиум тема наспроти бесплатна тема се големи. Најважната причина зошто треба да избегнувате бесплатна WordPress тема е недостатокот на поддршка, документација и ажурирања.

Размислете, ако еден веб развивач креира и објави тема која е бесплатна, тој не заработува од неа. А, сепак и нему му се потребни пари. Бесплатните WordPress теми не може да се долгорочен избор, бидејќи оној кој ја развил темата нема интерес да ја поддржува, да и обезбеди соодветна документација и да ја ажурира низ годините. Зошто би го правел сето тоа без надомест?

Не може да очекувате бесплатни курсеви за обука, документација, поддршка и ажурирања, кога развивачот не заработува од тоа. Дури и кога тој би бил најфиниот човек на светот, сепак ќе мора да даде приоритет на заработувањето за живот. Дополнително, бесплатните теми скоро секогаш се со понизок квалитет.

Добивате тоа што плаќате, нели?

Премиум темите се со појасен код и подобра функционалност. Сите обезбедувачи на премиум теми нудат високо квалитетен дизајн, детална документација и првокласна поддршка. Поддршката е особено важна бидејќи понекогаш нешто нема да работи како што сме очекувале или ќе се расипе.

Ако изберете бесплатна тема, вие ќе треба да се потпрете на добрата волја на другите луѓе и да барате помош по форуми. Меѓутоа, кога ќе изберете премиум тема, вие плаќате за поддршката и обезбедувачите на услугата се должни да ви помогнат.

Најдобро од сé, премиум WordPress темите се исплатливи заради тоа што има многу голема конкуренција на пазарот. Добри вести за сите вас! Може да купите премиум тема за околу 50 долари или да добиете пристап до сите теми на еден сајт и поддршка за околу 100 до 300 долари годишно. Истите пари лесно ќе ги надокнадите со само еден клиент!

Јас почнав пред 7 години со бесплатна WordPress тема, но сега веќе не ги ни погледнувам бесплатните теми, и тоа само заради тоа што не се исплатуваат воопшто. Ви предлагам да платите 50 долари за убава, прилагодлива WordPress тема со која ќе имате вклучено и документација и поддршка, затоа што тоа ќе ви заштеди многу време и енергија. Ова, исто така, значи и дека ќе потрошите многу време обидувајќи се да ги сфатите работите сами, бидејќи ќе нема никаква документација.

Платени WordPress теми наспроти работни рамки со теми наспроти сопствена WordPress тема

Кога ќе градите сопствен WordPress дизајн, има неколку начини на кои би почнале.

Многу професионални веб дизајнери ги следат овие чекори:

  1. Дискутирајте, добијте идеја што треба да се изгради и како тоа треба да изгледа
  2. Креирајте жичен модел и дизајнирајте го концептот на дизајнот во Photoshop
  3. Конвертирајте го PSD во HTML/CSS образец
  4. Додадете HTML/CSS во WordPress инсталацијата
  5. Додајте функционалност и динамички елементи како блог, online продавница.

Некои веб дизајнери почнуваат веднаш со HTML/CSS и потоа одат во WordPress, додека пак други, одат директно од PSD во WordPress, што може да е ефикасен начин на работа!

Паметните и искусни дизајнери, од друга страна, почнуваат со почетна тема или работна рамка, избираат распоред и функционалност, и ја дизајнираат сопствената веб страница врз основа на тоа. Ова несомнено е најпродуктивниот и најефикасниот начин на креирање на веб сајтови. Ние многу веруваме во ова.

На пр. порано ни требаше повеќе од година за да завршиме. Одевме на стариот, “добар” начин и почнувавме со скицирање, па жичени модели, па посебно кодирање за сé во WordPress.

Неодамна, јас и колегите, испорачавме веб сајт за две недели. Почнавме со работната рамка Genesis, избравме основна тема со распоредот кој ни одговараше, го прилагодивме дизајнот, додадовме функционалност и завршивме. Ете, тоа е ефикасност!

Креирањето на сопсвени WordPress теми е добар избор ако работите со клиенти кои многу плаѓаат и се спремни да платат за решенија креирани специјално за нив. Рачното кодирање на сопсвен код е неопходено за апликации, веб софтвер и навистина големи брендови. Во тие случаи, вие нема ни да употребувате WordPress. Сепак, повеќето клиенти немаат потреба од нешто такво. Тие нема да го ценат вашиот чист код онолку колку што ќе ја ценат брзата испорака и веб сајтот кој ќе им помогне да заработат пари.

framework
Што има под хаубата?

Што е WordPress работна рамка?

Пред да почнете да избирате или употребувате работна рамка, важно е да разберете што точно е тоа и што тоа може да направи за вас.

WP работната рамка во основа е напредна WordPress тема на стероиди. Кога креирате веб сајт, често употребувате исти компоненти. Прво ја поставувате основата, го избирате дизајнот и распоредот (заглавје, подножје, една колона, две колони). Следно, ја земате во предвид главната функционалност (online продавница, страница за продажба, членство и блог). На крајот, размислувате за дополнителните функционалности, како контакт форми, безбедност, SEO оптимизација и прилагодливост.

WordPress темата од работната рамка е само основа на која го креирате својот дизајн. Работните рамки значително го забрзуваат процесот на развој. Како веб програмер кој константно креира сопствени WordPress теми, најверојатно ви се има смачено од тоа да ги повторувате одредени задачи одново и одново, да го пишувате истиот код и да ги проврувате ознаките. Работните рамки нудат вградена функционалност и опции за прилагодување, за да не мора да кодирате од почеток.

Работните рамки се дизајнирани да работат како родител теми (теми за основа). Овие теми се јадрото кое вие не го допирате. Потоа, ќе употребите дете тема за да креирате уникатни дизајни и дополнителна функционаност.

Зошто веб дизајнерите и веб програмерите употребуваат WordPress работни рамки за теми?

Најголемата причина зошто дизајнерите употребуваат работни рамки е за да го забрзаат процесот на развој. Тие драстично го намалуваат времето за развој, бидејќи со нив не мора да почнувате од почеток. Употребувате работна рамка како основа за WordPress тема, потоа додавате функционалност, употребувајќи различни модули, како на пр. повлечи и спушти, лизгачи, online продавница. Обично може да и пристапите на функционалноста активирајќи вградени кратки кодови на WordPress работната рамка.

Наместо да креирате и кодирате тема од почеток, може да го направите креирањето на веб сајт во WordPress исто толку едноставно како и креирањето на нова style.css датотека, прилагодувајќи функционалности и додавање на визуелни елементи според потребите на клиентот. И брзо ќе завршите!

Вашиот клиент е задоволен заради брзата испорака! Од друга страна, и вие сте среќен бидејќи сте го поминале процесот на развој на сајт каков што вашиот клиент сакал и тоа супер брзо! Сега, може да одвоите време и да поработите со клиентот на сите детали на сајтот и да проверите дали сајтот ги исполнува целите и ги носи посакуваните резултати.

Предности и недостатоци од употребата на работни рамки за теми

Факт е дека секоја одлука има предности и недостатоци.

Предности на работните рамки:

  • Заштедуваат време и го прават развојот на еден веб сајт поефикасен, побрз и полесен. Како и што веќе споменав, употребата на работни рамки може драстично да го намали времето за развој и да ви овозможи побрзо да го испорачате готовиот продукт.
  • Поддршка од искусни WordPress развивачи. Најпопуларните WordPress работни рамки имаат огромна заедница зад себе, која во секое време ќе ви помогне да решите грешки или да најдете решение.
  • Вградена функционалност. Додавањето на можна функционалност е супер лесно со интеграциите кои ги нудат најголемите продавачи на теми.
  • Квалитетен код. Кодот е напишан со употреба на најдобрите практики и WordPress стандарди. Оптимизирани CSS, HTML, PHP функции, SEO.
  • Ажирирање и надополнување со функционалности. Лесно може да се ажурираат со секое ново објавувавње на WordPress. Ова е нешто за што навистиниа не треба да се грижите.

Недостатоци на работните рамки:

  • Крива на учење. Потребно е време за да ги усовршите овие работни рамки.
  • Трошок. Работните рамки се малку поскапи од премиум темите, иако вреди да се потрошат пари за нив.
  • Ограниување. Работните рамки дефинираат што може,а што не може да направите. Вие не може да ги преминете тие бариери. Ова може да е огромен недостаток, особено за многу креативните веб дизајнери, но за останатите може да е и предност.
  • Непотребен код. Работните рамки доаѓаат со многу вградени функционалности кои вие можеби не би ги употребиле. Овој екстра код може да ја забавува вашата страница, особено ако не ја исчистите веб страницата од опциите кои не ги употребувате.

Дали треба да употребувате работни рамки?

Иако има дополнителна крива на учење и трошок, вие МОРА да употребувате работни рамки, ако навистина сте сериозни во развојот во WordPress. Вашата брзина и изведба значително ќе се подобрат, и ќе може да работите со повеќе клиенти. Дополнително ќе можете да ги задоволите нивните потреби и да посветите време на нивните цели. На овој начин ќе ви се зголемува работата и ќе напредувате.

Градењето на еден веб сајт од почеток е како да градите куќа без нацрт план. Кога почнувате со работна рамка, вие впрочем работите со нацрт план.

Го прашав Николас Тарт, дизајнер со 5-годишно искуство, кое е неговото мислење по ова прашање. Еве што одговори:

“Јас имам употребено работни рамки кај 100% од моите клиенти. Тоа ги намали моите работни часови. Можев да изградам и сопствени теми, но со тоа што ги земав работните рамки како основа на мојот дизајн, добив 50 часа предност. Така, можев да се фокусирам на она што е важно и да испорачам веб сајт на работна рамка која има широка поддршка. Клиентот добива подобар веб сајт, а јас го употребувам моето време поефикасно, што значи дека може да наплатам и повеќе.”

Навистина треба да употребувате WordPress и да научите да употребувате работна рамка или почетна тема за добро да ги услужите вашите клиенти. Намерно се фокусиравме на WordPress бидејќи со него може да сте успешни. Кај повеќето хонорарни дизајнери, проблемот не е знаењето во програмирање или дизајн, туку недостатокот на бизнис вештини. Клиентите ќе ви ги платат резултатите кои им ги испорачувате, а за да го направите тоа мора помалку да се фокусирате на технологијата и да научите повеќе маркетинг вештини.

Дали имате употребувано WordPress работни рамки или премиум теми? Какво е вашето искуство?


Доколку сакате да го направите првиот чекор во област на веб дизајнот а досега никогаш не сте кодирале, првото нешто што би требало да го направите е да го совладате WordPress-от. Тоа можете да го направите на два начина, во зависност од тоа како го вреднувате вашето време:

1. Споро, со помош на бесплатни курсеви. На интернет можете да најдете безброј бесплатни курсеви, претежно на англиски јазик, но во тој случај ќе бидете оставени сами на себе. Наоѓањето одговор на секој проблем на кој ќе налетате значи чести заглавувања, без гаранција дека ќе го најдете најдоброто решение.

2. Брзо, со помош на искусен ментор. Ако сакате резултати во рекордно краток рок, курсот “Управување со содржини со WordPress“ може да биде вистинското решение за вас. За само еден месец, ако не и побрзо, ќе го совладате WordPress-от и ќе можете веднаш да почнете да заработувате правејќи и одржувајќи веб страници за вашите клиенти.


Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.