На почетокот, кога почнав да се интересирам за кодирање, се сеќавам дека бев многу збунет: дали се обучувам да бидам веб дизајнер или веб програмер?
И знам дека мислев дека е навистина супер да си дизајнер, дека така ќе креирам убави работи за на интернет, ќе ја употребувам креативноста во комбинирање на фонтови, шеми на бои и дека ќе и го давам шармот на една веб страница. Но, истовремено и се плашев дека го немам она што е потребно за да станам веб дизајнер. Без искуство во графички дизајн, или обука во било каков дизајн, се плашев дека никој нема да ми верува доволно за да ми ја додели естетиката на неговата страница.
Од друга страна, кога размислував за веб програмирањето, се чувствував посигурен. “Ова е тоа што треба да сакам да го правам. Вака ќе заработам куп пари и ќе правам неверојатно добри веб страници и апликации. Но, што ако е досадно?”
Како што учев HTML и CSS и запознавав повеќе дизајнери и програмери, па дури почнав и да работам самостојно на хонорарни проекти, така сфаќав дека сѐ што сум мислел е погрешно. Не е дека не треба да направиш избор меѓу веб дизајнот и програмирањето, но вистинскиот проблем била мојата идеја за разликите помеѓу нив. Ова е текст кој посакувам да можев да го прочитам кога за првпат стапнав во овие води.
Во оваа статија ќе добиете:
- Анализа на најголемите митови за веб дизајнерите и веб програмерите, така што ќе може да донесете одлука за тоа кој е вистинскиот паст за вас врз основа на точни информации,
- Анализа на основните вештини кои им се потребни и на едните и на другите,
- Рамка за да сфатите која од овие две професии лично вам ви одговара повеќе.
Но пред да почнам да навлегувам во детали, ќе ви ја кажам основната вистина. Не е важно дали ќе изберете веб дизајн или програмирање! Било која од овие вештини ќе ви овозможи да заработите повеќе пари и да имате неколку од најбараните вештини на пазарот, независно дали тие се во категоријата на веб дизајн или веб програмирање.
Овој прирачник се базира на основните карактеристики на личноста и резиме на секојдневните задачи. Доколку нешто ви се чини премногу поедноставено, тоа е затоа сакам да ви помогнам полесно да донесете одлука. Како е во реалноста? Постојат еден тон преклопувања помеѓу веб дизајнот и веб програмирањето, и не постои точен или неточен почеток!
Чекор 1: Разоткријте ги митовите
Пред да може да донесете одлука каква кариера сакате, мора да сте сигурни дека знаете што точно еден веб дизајнер, т.е веб програмер работи. Доколку сте како мене, сигурно никогаш не сте разговарале со вистински веб дизајнер или програмер, и не знаете всушност како е да си еден од нив. Мојата погрешна претстава за нив најмногу се однесуваше на парите кои ги заработуваат, на тоа што е потешко да се научи и конечно на она што тие навистина и го работат. Јас верував во митовите дека:
ДА НАУЧИШ ЗА ДА БИДЕШ ПРОГРАМЕР Е ПОТЕШКО ОД ТОА ДА НАУЧИШ ЗА ДА БИДЕШ ДИЗАЈНЕР (ИЛИ ОБРАТНО).
Некои претпоставуваат дека потешко е да се научи веб програмирањето заради фактот што тоа подразбира повисоко ниво на кодирање, додека пак други веруваат дека дизајнот е потежок бидејќи бара повеќе внатрешна (отколку научена) креативност.
Вистината е дека кога почнуваш од почеток, секоја нова вештина е предизвик. Ниту веб дизајнот, ниту веб програмирањето немаат предодреденост да бидат повеќе или помалку возбудливи и стимулативни, туку вашите слабости и вашите јаки страни ќе диктираат кој е патот со најмал отпор за вас.
ПРОГРАМЕРИТЕ ЗАРАБОТУВААТ МНОГУ ПОВЕЌЕ.
Доколку ги погледните просечните плати, првиот впечаток е дека програмерите заработуваат повеќе од дизајнерите:
- Веб дизајнер: $66,000
- Веб програмер: $87,000
*Се разбира ова пребарување е за во Америка.
Но, доколку пребарате одредени области од веб дизајнот, ќе видите дека платите се конкурентни:
- Дизајнер за интеракција: $93,000
- Мобилен дизајнер: $92,000
- Дизајнер на интеракции: $93,000
- UX дизајнер: $92,000
*Се разбира, и ова пребарување е за во Америка.
Точно е дека во просек програмерите земаат повеќе пари, но како почетник ова не е нешто за што треба да се грижите. Независно што и да почнете да учите, нема да станете врвен програмер во првите неколку месеци (а со тоа нема да имате ни толку висока плата), бидејќи за тоа треба најмалку неколку години искуство. Покрај тоа, дизајнерите исто така заработуваат многу.
Бидејќи и двете опции се профитабилни, одберете го она што ќе ве направи посреќни наспроти она за кое мислите дека е финансиски поисплатливо.
ВЕБ ДИЗАЈНЕРИТЕ НЕ КОДИРААТ.
Напротив, веб дизајнерите пишуваат HTML и CSS код. А некои (!) дури употребуваат и CSS предпроцесор како Sass или LESS и пишуваат JavaScript. На пр. да речеме дека им треба страница која глатко скролува – и некои дизајнери (ние ги нарекуваме еднорози) знаат да го кодират тоа самите.
Е сега, постојат дизајнери кои не кодираат, особено принт дизајнерите и дизајнерите на дигитална графика, но повеќето веб дизајнери знаат да ги претворат своите дизајни во работни прототипи употребувајќи HTML и CSS. Најдобар начин да заработите многу пари е да знаете да им го дадете на клиентите и работодавачите она што го сакаат – целиот пакет на магија составена од дизајн и код.
Веб дизајнерите кои знаат да кодираат, особено оние со вештини од напредно ниво како Sass и JavaScript, се најбарани, па затоа и ги нарекуваме еднорози. Всушност, студиската програма за веб дизајн на Еверест ќе ве учи да станете еден од тие еднорози кои тешко се наоѓаат. Откако ќе научите UX дизајн и HTML и CSS, ќе научите JavaScript и jQuery!
Сега избрзав. Прво треба да знаете што дизајнерите и програмерите всушност работат по цел ден.
Чекор 2: Разберете што точно работат веб програмерите и дизајнерите
Сега откако ви се разјаснија неколку митови, треба да знаете како навистина веб дизајнерите и програмерите го поминуваат денот.
Прво и основно што треба да знаете е дека и двајцата можат да креираат веб страница од самиот почеток. Дизајнерите повеќе се насочени кон внимателно планирање, а програмерите се подобри при имплементирање на дизајни, НО и двајцата може да изградат целосно функционална веб страница.
Веб дизајнерите и програмерите кодираат секој ден. Во тим, тие работат заедно, со тоа што дизајнерите се фокусираат на UX дизајн и планирање, а програмерите на кодот. Доколку сеуште ви е нејасно, погледнете ја оваа корисна (и убава) инфографика за да ги видите конкретните вештини и алатки кои дизајнерите и програмерите ги употребуваат:
Чекор 3: Анализирајте се себе си
Откако се информиравте за вистинските разлики помеѓу овие две професии, редно е да определите која повеќе ви одговара вам како личност. Доколку размислувате од типот: “Јас можам да работам било што од ова!” во ред е. Сепак, овие поедноставени описи на општите карактеристики на веб дизајнерите и програмерите би требало да ви помогнат:
ВЕБ ДИЗАЈНЕРИ
Веб дизајнерите го објаснуваат светот на визуелен начин. На пр. кога би ви давале правец на движење, најверојатно би ви рекле да свртите десно кај големото дрво. Тие исто така се потпираат на интуицијата и чувството, бидејќи нивна работа е да го креираат изгледот на веб страницта. На пр. доколку ги замолите да ви напишат збор во средината на една страница, тие најверојатно ќе успеат да го направат истото од око, без мерења.
Веб дизајнерите сакаат да развиваат големи идеи и да ја замислуваат целата слика. На пр. ако еден веб дизајнер гради луна парк, тој прво би се фокусирал на целокупната вибрација која ќе ја испраќа паркот, распоредот и начинот на кој посетителите би го доживувале, а потоа би размислувал за бои, форми и имиња на возењата.
ВЕБ ПРОГРАМЕРИ
Веб програмерите му пристапуваат на светот на логичен, научен начин. Кога би се изгубиле, наместо да бараат некое познато обележје кое би им помогнало да се ориентираат, тие би гледале во ѕвездите или би вклучиле GPS.
Тие го гледаат светот како огромна збирка од податоци кои може да се употребуваат за најразлични цели. Кога би замолиле еден веб програмер да ви напише збор во средината на една страница, тој најверојатно би употребил алатка со која најбрзо и најточно би измерил каде е центарот на страницата, т.е најверојатно би го превиткал листот хартија на 4 квадратчиња или би употребил линијар.
Веб програмерите сакаат да работат на големи проекти, но чекор по чекор, внимавајќи на детали. Кога еден веб програмер би градел луна парк, тој најверојатно би работел веднаш на деталите за физиката на возењата и бројот на посетители кои може да ги услужи паркот, и тоа полека и со ситен чекор.
А еднорозите? Е, тие се уникатна комбинација од двете!
Запомнете, навистина не е важно како ќе почнете да изучувате некоја од вештините, ниту по кој пат ќе тргнете. Важно е само да ги научите вештините. Откако ќе ги научите основните вештини од кои и веб дизајнерите и веб програмерите имаат потреба, како HTML и CSS, ќе знаете што би било совршено за вас како кариера во која ќе продолжите да се надградувате.
А, кога ќе дојде до тоа, најдобро е да поразговарате со некој кој е неколку чекори пред вас. Поврзете се со веб дизајнери и програмери. Или станете член на нашиот клубот веб професионалци, член на нашата Facebook група и следете ги редовно нашите статии.
А, ако сакате веднаш да добиете одговори на прашања кои вас ве мачат, закажете индивуални консултации уште сега!