Дали понекогаш ви се случило да се чувствувате незадоволни затоа што:
- платата ви е мала и не ви ги задоволува потребите,
- работата ви е стресна, здодевна или напорна, или
- сте опкружени со луѓе кои не ве ценат доволно?
Ако длабоко во себе посакувате работите да бидат поинакви но немате идеја што да направите ниту пак од каде да почнете, не грижете се. Не сте единствени. Постои огромен број луѓе како вас кои се чувствуваат токму така.
Ако навистина се соочувате со ваков проблем, добрата вест е што го имаме решението.
Решението за вашиот проблем
Во основа, решението е многу едноставно и се вика преквалификација (или доквалификација). Тоа ќе ви помогне да ја замените работата за многу подобра и со тоа ќе го решите најголемиот дел од вашите проблеми.
Знаете, не сите професии се подеднакво барани ниту подеднакво платени. За некои понудата на работна сила е преголема, платите се ниски, има многу малку слободни места а луѓето се третираат како потрошна роба. Од друга страна, постојат области кои се соочуваат со хроничен недостаток од квалификувана работна сила. Една од тие е и веб индустријата во која недостатокот е глобален а пропорциите на проблемот се огромни. Поради тоа, во оваа индустрија:
- платите се натпросечно високи,
- работата е креативна, а
- луѓето се најголемата вредност.
Туку, можете ли за момент да си замислите како би ви изгледал животот со плата од на пример 50, 60 или 70.000 денари во Македонија? (Лично знам доста луѓе кои имаат плати и по 2-3.000 евра.) Колку тоа би ви го сменил начинот на живот? Како би се чувствувале да работите во некоја хај-тек канцеларија во стилот на Google, да уживате работејќи со колеги на креативни проекти, да одите со нив на платен тим-билдинг, стручни обуки и семинари во странство, да ви ги плаќаат вашите најомилени спортски активности и афтерворк забави, да имате премиум здравствено осигурување, и уште голем број други бенефиции?
Не, ова не е сценарио од некој филм. Постојат многу вакви фирми во Македонија за кои веројатно никогаш не сте чуле затоа што нивните клиенти се од развиените земји така што немаат никаква потреба да се рекламираат, освен можеби во огласниците за вработување. Голем број од нив се наши партнери. Нивниот најголем проблем е да најдат доволен број квалификувани кандидати. А, кога ќе ги најдат, се трудат на секаков можен начин да ги задржат.
Решението некогаш и сега
Како што веројатно до сега дознавте, Еверест се занимава токму со тој проблем – создавање квалификувана работна сила за потребите на работодавачите. Во изминативе години им помогнавме на илјадници студенти да ги остварат соништата. Порано, кога функциониравме како ИТ Академија Александрија, тоа го правевме на традиционален начин. Настава во училница, патување секој ден од дома до училница и назад, полагање испити, почеток на учебна година во октомври, ист распоред и исто темпо за учење за сите …
Но, сите луѓе не се исти па поради тоа, сега со Еверест работите ги правиме поинаку. Врз основа на искуствата од претходните 25 години создадовме сосема нова методологија на работа на која се темелат сите наши студиски програми и обуки – менторирано учење на далечина.
Како функционира сето тоа?
Во основа станува збор за учење на далечина со помош на ментори и нема да верувате колку сето тоа е едноставно, забавно и колку добри резултати може да даде.
Чекор 1: Предавања
Како и во случајот со традиционалниот пристап, и на Еверест учењето започнува со предавања. Разликата е во тоа што тие се однапред снимени, на македонски се и можете да ги гледате колку пати сакате, во било кој ден од денот. Како и секој друг видео клип и овие лекции можете да ги паузирате, премотувате напред или назад онолку пати колку ви е потребно се’ додека не научите. Пробајте истово да го направите со професор или инструктор во училница 😉 Да, невозможно е…
Чекор 2: Повторување
Она што од студентите се очекува е се’ што ќе видат во предавањата веднаш самостојно да го повторат користејќи ги истите алатки кои ќе ги користат кога еден ден ќе се вработат. Тоа помага работите да се сфатат подобро како и да се стекне рутина во пишување код.
Чекор 3: Применување на наученото
По ваквото загревање, следи главниот дел од учењето – работата на практични задачи или проекти. Целта на овој пристап е студентот да го примени претходно стекнатото знаење и преку самостојна работа да се стекне она што вреди суво злато – технички вештини.
Чекор 4: 1-на-1 онлајн консултации
Изработениот труд студентот го доставува до својот менторот и потоа се сретнува со него за онлајн, приватни, еден-на-еден сесии за консултации. На тој начин студентите добиваат фидбек за сработеното, совети за подобрување и помош за се’ што им е недоволно јасно.
Финале
На крајот од студиите, освен со диплома, студентите можат да се пофалат и со сопствено онлајн портфолио составено од нивни трудови кое е од клучна важност за следниот чекор – вработувањето.
Клучни предности
Менторираното учење на далечина на Еверест, во споредба со традиционалниот пристап, има недостижни предности:
Што велат студентите?
Еверест им помогнал на многумина да си го решат проблемот за кој зборувавме, но приказната на Ристе ни е особено интересна. Тој е македонски иселеник во Британија на возраст од 40 години кој штотуку се преквалификуваше и сега работи како веб дизајнер.
Се запишав на студии на далечина на студиската програма за веб дизајн, не затоа што сакав “полесна“ работа туку затоа што тоа е она што секогаш посакував да го работам но претходно бев “заглавен“ на сосема друга работа. Сега не само што имам многу подобро платена работа (иако сум почетник), туку и работам работа без никаков стрес, во многу пријатно работно опкружување, со колеги кои од првиот ден ми помагаат во работните предизвици. Сега ми е жал што оваа одлука не ја донесов многу порано. Сеедно, иако имам 40 години, се чувствувам како животот штотуку да ми започнал.
Прочитајте ја целокупната приказна на Ристе: Како отказот ми помогна да станам веб дизајнер
Приказната на Ристе е една од илјадниците слични приказни со кои сме се сретнале во изминативе 25 години. Се’ што е потребно за да успеете да го претворите вашиот сон во реалност е да работите на неговата реализација.
Акциски план
Сега кога знаете што треба да правите, еве ви ги и конкретните чекори за тоа како да го претворите сонот во реалност.
- Изберете студиска програма која најмногу би ви одговарала. Ако имате потешкотии во изборот, побарајте помош од пријател, прочитајте статии на нашиот блог, или закажете индивидуална консултација.
- Почнете со студии тогаш кога ќе бидете подготвени. Колку брзо ќе завршите, зависи исклучиво од вас. Со работа од 1 до 2 часа дневно, очекувајте студиите да ги завршите за околу една година. Најдобрата работа од се’ е што не мора да ја напуштите работата која ви носи приходи за да се подготвите за работата од соништата!
- Обуката е составена од два дела – техничка обука и кариерна обука. По завршувањето техничката обука, во вториот дел од обуката – кариерната обука – ќе ве подготвиме за следниот чекор, наоѓањето работа. Како и за се’ друго, колку е подобра подготовката, толку е подобар и крајниот резултат. Затоа, во вториот дел од обуката ќе ви помогнеме во подготовка и полирање на вашето CV, мотивациско писмо, онлајн портфолио. Исто така, ќе ве подготвиме и за разговор за интервју за работа. Секогаш е добро да знаете што точно треба да кажете, како тоа да го кажете, што да изоставите, како да бидете облечени, и милион други работи.
- Конечно, кога ќе бидете во топ форма, ќе испратиме препорака за вас до нашите партнери.
- Бонус обука: Третиот тип на обука која ќе ја добиете е обука за фриленсинг, односно работа на далечина. На оваа обука ќе научите се’ што ви е потребно за да најдете клиенти и добиете работа на далечина!
Што точно значи веб девелопер?
Постојат две програми кои ќе ви помогнат да станете веб девелопер, Front-end и Back-end девелопер.
Front-end девелопер е програмер кој го пишува кодот за делот од веб страната кој им е видлива на посетителите. Најчесто, работата на front-end девелоперот е да ги претвори датотеките продуцирани од (веб) дизајнерот во HTML, CSS и JavaScript код. Тоа опфаќа основен изглед и распоред на дизајнот на веб сајтот, слики, содржина, копчиња, елементи за навигација и интерни линкови. Крајниот резултат е код кој служи како front-end структура на веб сајтот, која подоцна ја користи back-end девелоперот за да додаде определена бизнис логика и да поврзе бази на податоци и процеси, заедно со останатите процеси.
Front-end девелоперот е одговорен за тоа визуелниот дел од веб страната да е без грешки и да изгледа така како што е дизајниран. Исто така, front-end девелоперот се грижи за видливоста на веб сајтот на различни пребарувачи.
Back-end-от вообичаено е составен од 3 дела: сервер, апликација и база на податоци. Ако сакате да купите карти за кино или да резервирате авионски лет, вообичаено посетувате некоја веб страна и имате некаква интеракција со front-end-от односно она што можете да го видите. Штом ги внесете вашите податоци, апликацијата ги чува во база на податоци, креирана претходно и поставена на некој сервер. Сите тие информации остануваат таму, на серверот и кога повторно ќе се најавите со корисничко име и лозинка во апликацијата за да ги отпечатите картите, сите податоци се таму во вашата сметка.
Лицето кое е задолжено за изградбата и функционирањето на сета оваа технологија го нарекуваме back-end девелопер.
Колку ќе ве чини сето тоа?
Школарината за програмата Front-end девелопер изнесува 68.902 денари, односно 71.732 ден за Back-end девелопер, со можност за плаќање на 12 рати без камата. Пресметано во месечни рати тоа би било 5.742 ден за Front-end односно 5.978 ден за Back-end. Со оглед на тоа како се движат почетничките плати за овие две позиции, школарината односно вашата инвестиција ќе си ја вратите со најмногу две плати. Школарината вклучува пристап до материјалите за учење за сето време на студирањето, оценување на вашиот труд, индивидуални онлајн менторски сесии и помош при вработување.
Заклучок
Да се стане веб девелопер е една од најдобрите инвестиции кои би можеле да ги направите. Имајќи ја предвид висината на просечната плата на девелоперите во Македонија, сосема е веројатно вашата инвестиција од околу 1100-1200 евра да ја претворите во 50.000 евра за период од 5 години. Ако размислувате за работа во странство, само помножете го овој износ барем со 5.
Со оглед на тоа што побарувачката за вакви специјалисти нема да се намали во блиска иднина, бидете сигурни дека секогаш ќе може да добиете добро платена работа, под претпоставка дека ги имате потребните знаења и вештини.
Заинтересирани сте за градење кариера но имате уште некое прашање кое ве мачи? Кликнете на линкот подолу и закажете си индивидуална телефонска консултација во термин кој најмногу ви одговара!