СПОДЕЛИ
Пред јас да почнам да работам како веб развивач, бев мајка на бебиња со диплома од факултетот за англиски јазик и личен блог. Сега, јас сум мајка на две дечиња со диплома од факултетот по англиски јазик и сопствен бизнис кој ми овозможува да го работам она што сакам да го правам, и тоа од дома. Очигледно првиот чекор од трансформацијата беше да научам како да програмирам, но дури и кога веќе го додадов програмирањето како сет вештини во мојот репертоар, јас имав многу прашања околу тоа како да ги претворам тие вештини во вистинска работа:

  • Колку од програмирањето требаше навистина да знам?
  • Како да најдам клиенти кога немав искуство?
  • Како навистина изгледа еден целосен процес на веб дизајн и развој?
  • Дали правев многу очигледни грешки?
  • Каков е “стандардот на индустријата” што се однесува на ______?

Независно колку време пребарував на Google и истражував, едноставно имаше некои елементи кои не беа транспарентни, и ми беше страв дека токму тие работи ќе ги направам и сфатам погрешно.

Од тогаш, направив доволно грешки и доволно пати имав среќа, и сега, иако сум далеку од тоа да знам сé, сигурна сум во основните правила и начини на работењето хонорна работа во полето на веб развој. Ќе ми биде мило ако можам дел од тоа знаење и искуство да ви го пренесам, па затоа од денес почнуваме серија на текстови под името: Како да станете веб развивач.

За кого ќе биде оваа серија текстови

Намерата на оваа серија е да помогне да се премости јазот помеѓу вашето знаење во програмирањето и информациите кои ќе ви бидат потребни за да го претворите тоа знаење во работа. Оваа серија особено цели на оние кои:

  1. Се само мотивирани да научат да програмираат и не престануваат да учат.
  2. Имаат интерес да ги претворат тие вештини во работа со која ќе заработуваат.
  3. Се искрени и морални, и сакаат на клиентите за кои работат да им дадат автентична вредност (а, не да бараат начин за брзи пари).
  4. Се подготвени да работат напорно, дури и кога нема сé да оди како подмачкано.

Повеќето од моето искуство се однесува на креирање на работна околина во домот, па ако и вие размислувате за тоа, се надевам дека ќе ви помогнам да почнете. Дури и ако вашата цел е поинаква, како на пр. да најдете работа во стартап компанија, верувам дека оваа серија со текстови ќе ви обезбеди преглед на тоа како изгледа оваа индустрија и што е она што треба да го знаете.

Што ќе покрие оваа серија со текстови

Целата серија ќе биде поделена на три главни секции со по неколку текстови за секоја.

Секција 1: Истражување на полето

Прашањата кои ќе се обидам да ги одговорам во оваа секција се:

  • Што навистина треба да знам за да бидам веб развивач?
  • Како да откријам која од различните технологии и јазици се вистинските за мене?
  • Какви видови на работа постојат во веб развојот?

Секција 2: Почнување со работа

Во оваа секција ќе ги разгледаме следниве прашања:

  • Како навистина изгледа процесот на веб развој?
  • Како да почнам да составувам портфолио за веб развој?
  • Како да најдам клиенти, особено на почетокот?

Секција 3: Вашиот бизнис

Оваа секција вклучува одговори на прашањата:

  • Што треба да знам за договори и работа со клиенти?
  • Како да знам колку да ги наплатувам моите услуги?
  • Како изгледа еден ден од животот на хонорарен веб развивач?

Фокусот на оваа серија текстови е од повисоко перспектива, па ќе има и елементи кои воопшто нема да ги покриеме, како:

  • Одредени преопораки за одреден хардвер или софтвер
  • Прегледи или дискусии за сите јазици, претпроцесори, библиотеки, итн.
  • Туторијали за програмирање и стратегии
  • Правни совети
  • Микро администрација (колку пари да заштедите за даноци, итн.)

Како да ја употребите оваа серија текстови

Веб развојот не е прецизна наука, а не е ни водењето на бизнис за веб развој. Информациите кои ќе ви ги презентирам во оваа серија се или од мое лично искуство, или до нив сум дошла преку многу истражување, но тоа не значи дека ќе бидат совршени и ќе му одговараат секому.

За да добиете најмногу од оваа серија би ви предложила:

  1. да се обидете да разберете дека ниту една информација не е целосно сигурна, и дека секогаш ќе има други веб развивачи и професионалци во индустријата кои може нема да се согласат со одредени аспекти на она што ќе го кажам (иако е тестирано или истражено).
  2. да го употребите советот кој мислите дека ви одговара, и да го занемарите оној за кој мислите дека не се совпаѓа со вашите цели.
  3. да ги употребите овие информации како почетна точка од каде ќе продолжите да истражувате самите.

Обидете се да не се преоптоварите со информациите, и не дозволувајте тие да ве исплашат. Да, многу работи треба да се земат во предвид пред да почнете. Употребете ја оваа серија за да одлучите по кој пат сакате да одите, и потоа само напред! Секогаш може да се предомислите.

Што да размислите пред да почнеме

Додека го чекате следниот текст од рубриката Како да станете веб развивач, ве предизвикувам да размислите за вашите долгорочни цели. Деталите можеби ви се матни во моментов, но како ја гледате својата иднина во веб развојот. Размислете со кого сакате да работите, каков тип на апликации и веб сајтови сакате да креирате, каков би бил вашиот идеален распоред и дали би сакале да работите во тим или сами.

Не мора веднаш да ги одговорите сите овие прашања, а секако ние скоро секое од нив ќе го разгледаме во детали, но, би било добро да имате основна претстава за вашите цели пред да се вооружате со информации.


Следно:

Дел 2: Што треба да знаете

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.