СПОДЕЛИ

Досега веројатно дознавте дека да се биде веб развивач (или девелопер) е доста добро платена работа (дури и во Македонија!) која можете да ја работите самостојно односно како фриленсер за клиенти од целиот свет, или како член на поголем тим. Со искуството што ќе го стекнете, еден ден можеби ќе решите да основате и своја фирма во која ќе вработите поголем број специјалисти од различни области и ќе ја подигнете целата работа на едно сосема повисоко ниво.

Сето тоа веројатно ви звучи убаво, но најверојатно ќе се соочите со голем број прашања. Имајќи ги предвид вообичаените работи кои ги интересираат луѓето како вас кои ги интерестира кариера во веб индустријата, сите тие прашања ги поделивме во три групи:

1. Истражување на областа

  • Што навистина треба да знаете за да станете веб развивач?
  • Како да откриете која од различните технологии и јазици се вистинските за вас?
  • Какви видови работа постојат во областа на веб развојот?

2. Што и како ќе работите

  • Како навистина изгледа процесот на веб развој?
  • Како да составите портфолио за веб развој?
  • Како да најдате клиенти, особено на почетокот?

3. Како знаењето да го претворите во бизнис

  • Што треба да знаете за договори и работа со клиенти?
  • Како да знаете колку да ги наплатувате вашите услуги?
  • Како изгледа еден ден од животот на хонорарен веб развивач?

knigaСо цел да ви помогнеме да ги најдете одговорите на сите овие прашања па дури и многу повеќе од тоа, ја подготвивме книгата Како да станете веб развивач.

Независно од тоа дали сте:

  • средношколец кој размислува што да избере да студира, или
  • студент кој сфатил дека направил погрешен избор на факултет и сега размислува за поинаква опција, или
  • вработен но незадоволен од работата и/или приходите и размислува за преквалификација, или
  • родител загрижен за иднината на своето дете …

…оваа книга ќе ви ги даде одговорите на сите прашања.

Книгата е бесплатна и можете да ја преземете веднаш. Се’ што треба да направите е да го пополните овој формулар:





P.S. Ако не спаѓате во ниедна од горенаведените категории но за вас велат дека се грижите за пријателите, споделете ја оваа статија со вашите Facebook пријатели.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.