СПОДЕЛИ

Моменталниот пејзаж на бои во дизајнот на еден веб сајт е интересна тема за размислување. Повеќето веб сајтови изгледаат многу слично, а бојата може да е многу моќна алатка која прави да се разликува еден од друг дизајн.

Не велам дека ова е револуционерно откритие, но ако повеќето веб сајтови имаат слична шема на бои, што тоа би значело за бојата? Замислете го светот во кој секој веб сајт е многу шарен – можеби би било симпатично и како виножито – но тоа би значело дека ништо не се истакнува. Тоа е како секој од пасусите во еден текст да е со задебелени букви.

Затоа, кога шемите на бои се пригушени, имате многу можности.

Привлечете внимание кон она што сакате

Повеќето веб сајтови почнуваат со основен изглед во сив тон, бела позадина и црн текст. Бојата е еден вид на акцент кој ве насочува. Затоа веб сајтовите не се преполни со боја, туку ја употребуваат бојата за да ве натераат да погледнете во копчињата, насловите или линковите.

1Земете го Vibrant за пример. Кога првпат ќе дојдете на нивната почетна страница, позадината и сликите се црно-бели. Логото, акциите за повик и хамбугер менито се светло жолти. Тие се истакнуваат и ви го привлекуваат вниманието.

2

Друг пример е Takeit. Кога првпат ќе дојдете на почетна страница ве пречекува со сина голема позадина. Но, остатокот е целиот бел. Големиот наслов, кој е напред и во централна позиција, е во фокусот на вашето внимание. Веднаш потоа вашето око ќе го забележи помалото, но забележливо копче App Store. Така бојата влијае на насочување на вниманието на гледачот.

Креирајте карактер

Бојата е одлична бидејќи може да го постави тонот и расположението на еден веб сајт или апликација. Beagle е услуга за креирање заклучоци од проекти и нивниот сајт започнува со посветли земјени тонови. Како што скролувате надолу по почетната страница, гледате пријатни нијанси на кафено, костенливо, зелено, па дури и розе. Земјените тонови изгледаат професионално и елегантно, што остава одличен впечаток за кмпанијата.

3Interesting Day е веб сајт дизајниран за “една чудна, еднодневна конференција на еден мал остров во Ослофјорд.” Најверојатно добивате чувство на откаченост и уникатност со жолтата позадина со црвен текст врз неа. Не е нешто што може да се види секој ден. Изгледа одлично, и што е поважно, шемата на бои јасно го пренесува “чудниот” карактер на настанот.

4

Оставајте силен впечаток

Давањето изјава преку бојата може да е навистина забавно. Мора да сте сигурни дека бојата се истакнува и го привлекува вниманието на корисникот. Тоа е лесно, но изборот на боја мора да е добар за да се остави вистинскиот впечаток. Не може да ја изберете било која јака боја, туку таа мора да има некаква логична врска со целта на страницата, и нејзиниот целокупен изглед и чувство.

Погледнете ја страницата на пристигнување за Gaga Symphony. Кога ќе пристигнете на нивниот сајт, ве пленува розевата позадина. Не е нешто што би го очекувале од симфонија. Најверојатно вие би очекувале посмирени бои, со оглед на тоа што симфонијата се смета за поелегантна, но не и оваа. Gaga Symphony е динамична, забавна и креативна. Затоа, силната розева боја одговара.

5

Обезбедете кохезија и тек

Бојата може да се употреби како водич низ текот. Исто како кога се водеше погледот на корисникот во примерот на Takeit, но помалку драстично. Бојата може да е суптилна и не мора да биде предиректна за да помогне во насочувањето на корисникот низ содржината. Ова е особено корисно кога тоновите се во кохезија еден со друг. Така функционираат боите во брендот.

Погледнете ги Marvel или Dropbox. Двете апликации имаат одлипчни шеми со боја кои се потпираат главно на сино. Но во нивните графики гледате и други бои како зелена, портокалова или црвена. Сите одлично се вклопуваат, како нивната употреба е логичка.

6

Овие две шеми на боја им помагаат на корисниците како што тие скролуваат надолу по страницата, правејќи кохезивен и пријатен тек.

Друг пример е Innovation Project Canvas. Тие ја употребуваат зелената боја за да го водат корисникот долж нивната страница додека скролува. Не ви се потребни многу бои за да креирате одличен тек. Истото можете да го постигнете и со само една боја. Innovation Project Canvas одлично гоп води корисникот само со зелената боја.

8

Боја во слики

Еден интересен трик со боја е кога ја употребувате бојата преку слики. Елементите за кориснички интерфејс не се единствените кои може да додадат боја во еден веб сајт. Со подемот на фотографија во позадина и големи фотографии на страниците за пристигнување, би било добро да се обидете да употребите композиција на слики за да донесете боја во вашите дизајни.

9CartoDB е апликација која ви помага со податоци за локација. Има ли подобар начин за да покаже колку е добра услугата, отколку преку убава мапа? Токму тоа го прават врз почетната страница. Прекрасен начин на кој дозволуваат нивниот продукт да зборува самиот за себе, притоа додавајќи визуелен интерес и боја на страницата.

Кога зборуваме за продукти кои говорат самите за себе, ETQ им дозволува на своите чевли да го засенат нивниот интерфејс. Веб сајтот е минималистички во стилот и бојата. Тие се фокусираат на продуктот. Иако сите нивни чевли не се во жива боја како овој, сепак овој начин помага чевлите да се најголемиот извор на боја во нивниот дизајн. Навистина и дозволуваат на чевлата да се истакне.

10

Кому му треба боја?

Интересно е да погледнете и веб сајтови без боја. Понекогаш бојата не ви е потребна. Веб сајтовите може да бидат одлични и без црвена, зелена и сина. Сивите тонови може да го креираат неопходното чувство за брендод и да ипратат порака.

11Visual Soldiers одлично функционира без боја, како и портфолиото на Tomasz Wysocki. И давата сајта имаат елеганција во себе. Тие го привлекуваат вашето внимание токму заради недостатокот на боја. Го барате благото наговестување на сино или зелено во некое копче за акција или линк, но го нема. Недостатокот на боја е дел од овие два бренда. Стилски се, и изгледаат одлично во црно-бело.

12

Заклучок

Како што гледате бојата е моќна. Таа може да направи многу повеќе за вашиот дизајн ако и дозволите. Може да го насочи вниманието на корисникот, да го води низ текот и да остави голем впечаток.  Боите се полни со карактер и забавно е кога работите со нив. Јас мислам дека бојата, или недостатокот на боја, е она што му дава живот на еден дизајн. Забавувајте се со бојата!

Патем…

Дали знаевте дека теорија на боја е една од работите која се изучува во рамки на студиската програма Веб дизајнер на Веб академијата Еверест?

Доколку сакате посистематски пристап во учењето, тогаш за вас веројатно ќе е најсоодветен модулот Основи на боја кој се наоѓа како составен дел од курсот Визуелен дизајн кој го следат нашите студенти кои се подготвуваат да станат UX дизајнери.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.