СПОДЕЛИ

Да се разбере вистинската вредност на работата која ја правиме е една од првите лекции кои треба да се научат. Свртување кон спецификацијата, фокусирање кон вештините кои ни се важни и ефикасно употребување на вештините се само неколку од работите кои ги учиме уште на самиот почеток.

Кога станува збор за вреднување на нашата стручност, има многу променливи кои стапуваат на сцена, па тоа прашање секогаш останува без добар одговор. Секоја ситуација е уникатна, и може еден човек да има огромна полза од учење на еден јазик, а друг да нема никаква корист.

И покрај ова, би сакал да ви дадам општи упатства за да ја разберете вредноста на вашите вештини и начинот на кој може истите да ги продадете, но и правецот во кој  треба да го проширите својот сет со вештини за да сте позабележителен на пазарот.

Кратка историја на образованието во нашата област

Оваа индустрија е релативно млада. Нејзиниот подем беше во 2000. Тогаш имаше многу малку ресурси кои им беа на располагање на луѓето желни за учење. Оние кои сакаа да останат во тек со трендовите во веб дизајнот и да се издигнат со своето знаење немаа каде да се образуваат. Тие беа оставени само на традиционалниот образовен систем. Како резултат на тоа, слободно може да речам дека нашата индустрија е една од малкуте во која самоуките поединци се еднакви, ако не и побарани, од оние со традиционално образование.

Порано, пред да се појават курсеви за вештините важни за вебот, поединците кои сакаа да ги учат овие вештини немаа понуден избор, па мораа самите да пребаруваат и бараат. Ова често значеше дека се потпираа на интернет, и учеа истражувајќи и вежбајќи. Никој од оние кои тргнале по патот на интернет диплома не го направиле тоа заради незаинтересираност или мрзливост, бидејќи тогаш буквално и не постоеле училишта, ниту поинаков начин. Само оние кои биле доволно љубопитни и посветени ја продолжиле потрагата по вештини, и потоа ги развиле истите.

Денес има мноштво од ресурси за учење и како универзитетски програми и како решенија на интернет. Сепак, заради брзиот чекор на нашата индустрија, од нас се очекува постојано да учиме и да бидеме во тек со трендовите во дизајнот и развојот. Нови јазици, идеологии, идеи за работен тек, маркетинг вештини и други полу-поврзани области кои се потпираат на нас.

Ние сме индустрија која е составена од активни и организирани типови кои не се плашат да учат и да го прошират своето знаење. Ова DIY (направи сам) образование за оваа индустрија не приморува да се натпреваруваме со очекувањата. Имаме индустрија во која мнозинството е овде заради тоа што има страст за она што го работи. Кога би било поинаку, не би ги научиле вештините.

Синдром на измамник: прифатете ја својата вредност

Една работа е да знаете каде сакате да завршите, но сосема друга е како да го измерите она што го знаете и можете сега. Можеби знаете JavaScript… но дали навистина го владеете до степенот кој е потребен? Сакам да ве запознаам со синдромот на измамник.  Често се појавува во веб индустријата, иако многу од нас не знаат ни дека постои. Оние кои се борат со овој синдром имаат потешкотии при оценувањето на своите знаења или вештини и често се чувствуваат како измамници, иако имаат силни докази за своите достигнувања. Овој синдром значи дека се чувствувате несоодветно во друштво на познавачите на областа, и покрај тоа што реалноста вели поинаку. Вие можеби сте најпаметниот, најбистриот во тимот, а сепак се чувствувате како најдосадниот профил на квалификации кога ќе се споредите со останатите од тимот.

Брзиот чекор на индустријата е главната причина која стои позади овој проблем. Тој произведува нови ресурси, јазици за учење и претплати во групи, и затоа не е за изненадување тоа што вреднувањето на вештините во ова поле е толку комплексно и проблематично. Имајќи го тоа на ум, може да го совладате овој синдром, особено сега кога знаете дека станува збор за чест проблем. Ако имате солидни познавања во областа во која сте вработен, тогаш нема потреба од грижи. Секој од вашите сетови со вештини е уникатен и многу зависи од вашите амбиции во кариерата и вашата моментална работа. Понекогаш, во одредени ситуации, помалку барана вештина може да е и предност.

Фокусиран сет на вештини

Имањето на огромен сет со вештини е моќна алатка кога барате работа и можности за учење… Но, тоа може да не ви дозволи да напредувате и да ве натера целосно да се предадете. Одржувањето на поголем сет со вештини е покорисно само кога вештините се поврзани, како на пр. повеќе front-end јазици или повеќе back-end јазици. Ако се обидувате да поднаучите од сé по нешто ќе мора дополнително да работите за да ги употребувате тие вештини редовно и да го ажурирате знаењето во тие области.  Токму заради тоа што таквиот сет на вештини полесно се одржува, има многу титули кои покриваат тесно поврзани вештини.

Кога имате фокусиран сет на вештини, станувате и позабележителен на пазарот и полесно може да се продадете. Наместо да набројувате полу-поврзани вештини  во вашето резиме или апликација, може да се гордеете со стручноста во неколкуте кои ќе бидат потребни. Работодавачите сакаат некој кој ќе може да ги работи сите работи кои се потребни за таа позиција. Да, кога е можно ангажираат некој кој ќе врши работа како двајца, и кој ќе зема повисока плата и повеќе ќе вреди, но не мора.

Нормално, колку постручен и покорисен сте, толку повеќе и може да наплатите за вашите услуги. Развивачите со полн сет на вештини се побарани од HTML/CSS или JavaScript развивачите, па затоа и се повеќе платени. За вас зголемувањето на платата е доволно големо за тоа да ви стане цел и да продолжите да учите, а за работодавачот е поисплатливо, затоа што ќе вработи еден човек наместо повеќе луѓе за истата позиција и работа.

Проширете го вашиот сет на вештини со цел

Мора да имате цел кога одлучувате кои вештини да ги учите. Независно дали станува збор за нешто ситно, како нов CSS претпроцесор, или учење на некој од главните јазици како JavaScript, и двата избори стануваат подобри ако и служат на некоја цел. Кога учите со намера полесно ќе се продадат вашите вештини на пазарот. Лесно може да го искористите описот на работни места кои се бараат за да добиете идеја по кој пат одите. Ако ваша цел е да станете развивач со полн сет на вештини, а имате познавања само од HTML и CSS, тогаш веќе имате листа која треба да ја проширувате.

Но, на која од овие вештини да и дадете приоритет во учењето и која е највредна? И двете прашања тешко се одговараат бидејќи зависат од други променливи. На пример, и PHP и JavaScript се потребни за полн сет со вештини кај еден развивач, но која е повредна зависи од работата. Ако вашата работа главно се состои од WordPress или друг PHP-базиран проект, логично е да се фокусирате прво на проширување на вашето знаење од PHP. Меѓутоа, ако градите проект со тим на AngularJS, JavaScript ќе биде повредна вештина.

Предноста на оваа индустрија е што нема совршен правец. Таа е приказна под наслов “Изберете ја сопствената авантура” и не може да направите грешка со погрешен избор, бидејќи не постои погрешен избор. Само ја проширувате својата палета со вештини со цел. Одлучувате која вештина е повредна за вас, за вашата идеална цел во кариерата,  во зависност од тоа со што вие ќе бидете побаран на пазарот. Никогаш не целете на сé одеднаш.

За да си помогнете при одлуката со што да го проширите вашето знаење, треба на вашата кариера да и го дадете правецот кој сакате да го следи. Кога знаете каде сакате да завршите добивате ограничен број на опции во сценарио каде опциите се бесконечно многу. Ова не значи дека не може да станете традиционален дизајнер кој знае JavaScript подобро од HTML/CSS, и дека ако сте таков нема да може да имате фантастична кариера.

Најважно е како да направите чекор наназад за да процените во кој правец одите и како да стасате онаму каде што сакате, а при тоа вашите вештини да се во согласност со она што го бара пазарот.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.