СПОДЕЛИ

Со оглед на тоа што пазарот на трудот станува се’ понестабилен, многу луѓе се наоѓаат во ситуација во која или стануваат непотребни односно одвишни во некоја фирма или, во најдобар случај, се наоѓаат на позиција каде што напредувањето е речиси невозможно.

Кога овој податок ќе го споите со се’ поголемата глобална побарувачка од IT професионалци и се’ поголемиот недостаток од вештини, ќе дојдете до логичен заклучок дека, ако сте на возраст помеѓу 30 и 40 години, преквалификацијата е нешто што сериозно треба да го разгледате како опција.

Во врска со ова разговаравме со Ристе М., македонски иселеник во Британија на возраст од 40 години кој штотуку се преквалификуваше и сега работи како веб дизајнер.

Што те натера да се преквалификуваш – и зошто токму веб дизајн?

По 15 години работа како декоратер, станав технолошки вишок. Пред да се случи тоа, извесен период како хоби се занимавав со изработка на аматерски веб сајтови. Но, кога останав без работа решив хобито да го претворам во професија, затоа што тоа е работа во која уживам.

Пред да останам без работа, сосема случајно на Facebook налетав на линк до еден интересен напис за веб дизајн на блогот на веб академијата Еверест и во истиот момент почувствував дека сум на место кое ќе ја промени мојата иднина.

Со оглед на тоа што моето тогашно познавање за веб дизајн беше сосема скромно и стекнато главно од бесплатни туторијали на YouTube, веднаш одлучив дека ако сакам да дојдам до работа, ќе ми биде потребен сосема поинаков пристап во учењето.

Се запишав на студии на далечина на студиската програма за веб дизајн, не затоа што сакав “полесна“ работа туку затоа што тоа е она што секогаш посакував да го работам но претходно бев “заглавен“ на сосема друга работа. Сега не само што имам многу подобро платена работа (иако сум почетник), туку и работам работа без никаков стрес, во многу пријатно работно опкружување, со колеги кои од првиот ден ми помагаат во работните предизвици. Сега ми е жал што оваа одлука не ја донесов многу порано. Сеедно, иако имам 40 години, се чувствувам како животот штотуку да ми започнал.

Кои “бариери“ требаше да ги поминеш кога требаше да ја донесеш одлуката за преквалификација?

Да бидам искрен, речиси и да немав никакви бариери. Одлуката за преквалификација ја донесов истиот момент кога го добив отказот од работа. Всушност, самиот отказ го почувствував како момент на олеснување и беше момент кој само ги забрза сите работи. Јас веќе подолго време се чувствував презаситен од работата но немав храброст да направам драстичен чекор и да дадам отказ затоа што работата ми носеше приходи од кои живеев. Желбата за промена ја имав веќе подолго време, па веројатно затоа и почнав со веб дизајнот како хоби активност.

Што се однесува до бариерите, би рекол дека тие се во нашата глава. Со ова не сакам да кажам дека правењето промена е лесна работа. Кога правите драстична промена каква што е промената на кариерата, мора да гледате напред и да се обидете да ја видите големата слика, дури и ако за тоа се потребни повеќе години.

Живееш во Британија каде што има голем број провајдери кои нудат слични услуги. Зошто одбра да студираш на веб академијата Еверест?

Точно е, во Британија има огромен број школи и тренинг центри кои нудат ваков вид обуки. Но, она што можеби не го знаете за Британија е дека ваквиот вид услуга е фантастично скап дури и ако сте во работен однос. Освен тоа, опцијата за школување во традиционалните тренинг центри за мене значеше многу патување од дома до тренинг центарот и назад, многу пари за превоз, многу непродуктивно потрошено време – нешто што едноставно го немав.

Како ја споредуваш понудата на Еверест со таа на британските тренинг центри?

Понудата на веб академијата Еверест беше нешто што не се одбива. Прво, по прашање на цена, понудата што ја добив беше неспоредлива со таа која ми беше на располагање овде во Британија. Со парите кои ги платив за студиите за две години, овде ќе можев да си дозволам обука во траење не повеќе од 3-4 дена. Второ, имав можност да учам од дома, со динамика која ми одговараше. Бидејќи предавањата беа снимени и беа на македонски, совладувањето на новите работи на мајчин јазик ми беше извонредно лесно. Трето, тоа што учењето беше цело време практично односно преку работење на проекти ми овозможи да стекнам важни вештини поради кои ја добив работата. Конечно, пресудниот фактор беше поддршката. Имав фантастични ментори кои ми помогнаа во совладувањето на сите препреки во учењето. Иако се од Македонија, станува збор за искусни професионалци кои си ја знаат работата. Со нив имав редовни онлајн 1-на-1 состаноци на кои дискутиравме за она што го бев работел а освен што добивав сугестии како работите да ги направам подобро, секогаш добивав и помош кога некаде ќе заглавев. Кога ќе се сетам како ми изгледаше претходно учењето со бесплатните курсеви на YouTube, ова изгледа како лет со авион во бизнис класа!

Што ти остави посебен впечаток?

Уф, ова е баш тешко прашање, затоа што не станува збор само за една работа. Првиот впечаток што го добив е дека си имам работа со љубезни луѓе кои навистина се грижат за мене. Тоа ми помогна да се чувствувам навистина пријатно иако имав навистина многу материјал за учење. Второ, со самото тоа што учењето беше практично, не почувствував ни здодевност ни некоја поголема тешкотија во учењето. Трето, можев да учам во било кој дел од денот, без било какво ограничување. Тоа ми помогна да совладам обемен материјал (над 20 курса) за помалку од една година. Најважно од се’ е што успеав речиси без никаква мака да си го остварам сонот и да добијам работа која е многу подобро платена од претходната.

Дали имаше потешкотии во наоѓањето работа?

Немав никаква тешкотија, навистина. По завршувањето на школувањето, од Еверест добив дополнителна обука со која ме подготвија за интервју за работа. Потоа аплицирав на три огласа и веднаш добив покана за интервју. Веднаш по интервјуто ми дадоа еден практичен тест со кои го проверија моето знаење и веднаш ми понудија договор за работа.

Дипломата на Еверест не е академска ниту меѓународно признаена. Дали тоа ви претставуваше проблем?

Ни најмалку. Па, како што гледате, добив работа. Зарем нема подобар начин една диплома да биде признаена? За време на интервјуто добив прашање за тоа како сум се школувал и за каква академија станува збор. Сепак, мислам дека пресудно за моето вработување беа вештините кои ги бев стекнал а не дипломата. Кога ме известија дека сум примен ми кажаа дека особен впечаток им оставило моето онлајн портфолио кое го подготвив од трудовите кои ги имав изработено за време на студиите.

Што би им препорачал на нашите читатели?

Имајќи ја предвид колку ме чинеа студиите и фактот дека целата инвестиција си ја вратив уште со првата плата, јасно е дека ова беше најдобрата инвестиција која сум ја направил во животот. На вашите читатели би им порачал воопшто да не се двоумат и, ако имаат желба да си обезбедат работа која ќе им носи одлични приходи, ова се студиите кои ќе им помогнат тоа да го остварат.

Исто така, на оние кои се на мои години би им препорачал да не се чувствуваат заплашени од тие кои се со поголемо искуство или од помлади од себе. Она што треба човек да си каже е дека никогаш не е доцна да се смени кариерата. Една од работите која ја дознав подоцна беше дека на мојот работодавец му била важна мојата желба и ставот кон учењето.

Ова е мојата приказна и начинот на кој таа се реализира. И продолжува да се реализира. Носењето одлука да промените нешто така важно во животот како што е кариерата е врв на ледениот брег – тоа е само почеток. Она што исто така треба да знаете е дека никогаш нема да престанете да учите и дека никогаш нема се’ да знаете. Поради сето ова работата никогаш нема да ви биде здодевна и, ако сте човек кој сака да учи, секогаш ќе бидете на цена.

Инспирирани?

Ситуации како таа на Ристе се случуваат секојдневно и насекаде во светот. Поради различни причини луѓето добиваат откази но животот мора да продолжи понатаму. Но, не мора да чекате да добиете отказ за да направите ваков вид промена.

Ако платата ви е мала а потребите на семејството се’ поголеми, или ако не се чувствувате пресреќни со работата која ја имате а верувате дека можете и заслужувате повеќе, повторете ги чекорите на Ристе. Еве неколку работи кои можете да ги направите уште веднаш:

Уште нешто, кога сте веќе тука…

…една мала молба. Сигурни сме дека оние кои ве познаваат ве доживуваат како вистински пријател, а нема подобар начин да го докажете тоа освен да им покажете дека се грижите за нив. Покажете им дека мислите на нив со тоа што ќе ја споделите оваа статија на вашиот Facebook профил или ќе тагнете некого. На овој начин ни помагате и нам. Thanks 😉

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.