СПОДЕЛИ

Голем број на нови веб сајтови – ако не и најголемиот број – почнаа да изгледаат слично. Сигурен сум дека знаете за што зборувам.

Има лента за навигација во горниот дел на екранот (обично во боја спротивна на бојата на остатокот на сајтот) под која доаѓа огромна вртелешка со слики (и во однос на големината, и во однос на бројот на слики кои ги содржи), одвратни Google AdSense реклами и на крајот, ако сме среќајлии, ќе има вистинска содржина за читање пред да посегнеме по тркалцето за скролување на глувчето.

На Google не му се допаѓа ова!

ВАШАТА СОДРЖИНА МОРА ДА Е ГОРЕ

Проблемот кој се појавува кога ги приморувате корисниците да скролуваат за да ја поминат огромната галерија со слики, откако најверојатно чекале подолго за да се наполни, е што тоа директно влијае на аналитиките за вашиот сајт. Аналитиките не се само за да ви помогнат, туку тие се поврзани и со формула која Google ја употребува за да ги рангира страниците.

Така, ако корисниците се чини дека поминуваат подолго време на вашиот сајт, вашиот сајт станува покорисен и попопуларен отколку што навистина е. Од друга страна, сајтовите кои нудат навистина корисна содржина може да се рангираат негативно под влијание на стапката на напуштање на сајтот по посета на само една страница. Како резултат на тоа, Google ги наградува сајтовите кои всушност ја поставуваат содржината во горниот дел од екранот, пред да почне скролувањето. Ова не значи дека ќе превземе агресивни мерки против сајтовите кои употребуваат празен простор во горниот дел од страницата, но секако дека има придобивки од презентирање на важната содржина колку што е можно погоре на страницата, за корисникот да може брзо да одлучи дали содржината е релевантна или не.

Ова е еден од оние парадокси кои дизајнерите ги креираа за себе, неуспевајќи да ги спречат клиентите во идејата да копираат туѓ дизајн. Сопствениците на бизнис често се кусогледи кога станува збор за важноста на оригиналноста, и постои тенденција да се мисли дека ако дизајнот (а понекогаш и содржината) функционира кај компанија  X, треба да се употреби и кај компанија Y.

Се разбира дека ова е смешно, но навистина преовладува како мислење. Дизајнерите понекогаш дури и се виновни за охрабрување на ваквото однесување, бидејќи мислат дека така си ја намалуваат работата. Можеби е нефер за тие луѓе да го употребиме зборот “дизајнер” затоа што тие не дизајнираат ништо. За жал ова ги дискредитира и вистинските дизајнери, а проблемот е што клиентите не ја препознаваат разликата.

GOOGLE СТАНУВА СЕРИОЗЕН СО ПОДДРШКАТА ЗА МОБИЛНИ УРЕДИ

Уште една работа која Google во моментов агресивно ја промовира е лесната употреба на мобилен. Може да се претпостави дека сега Google како прелистувач и OS ја има изгубено неутралноста, но не е во тоа поентата. Тоа е нивни пребарувач и тие ги донесуваат правилата.

Кога рачно ставате страница во индекс на Google, постојано ќе ви додева ако открие дека не сте доволно погодни за мобилни уреди. Ова не е лоша работа… добро е да знаете кога има можност за напредок и да добиете совет за тоа како да го имплементирате подобрувањето. Но, лошата работа е што Google инсистира на мобилна употреба, таа е задолжителна, и следствено наметнува казна кај рангирањето ако не се следи препораката. Ова може да е проблем, бидејќи не секој сајт е наменет да се гледа на мобилен уред.

Имајте на ум дека Google сака повеќе луѓе да употребуваат Android, а тоа е многу силен поттик во приморувањето на колку што е можно повеќе сајтови да ги услужуваат потребите на Android корисниците. Она што  јасно е дека последното ажурирање на  Google многу ќе влијае на резултатите од пребарувањето на ниво на уред  и локација. Па, ако вашиот сајт не поддржува мобилни уреди, очекувајте корисниците на тие уреди да не го видат вашиот веб сајт помеѓу рангираните при пребарувањето.

Иако Google нагласи дека нема да има директни казни за оние кои не обезбедуваат мобилна услуга, има многу причини заради кои мислам дека не се за верување.

Главната е што ако Google ги става конкурентите повисоко на листата во резултатите од пребарувањето на мобилен уред, со поголемиот број на луѓе кои употребуваат мобилни уреди за прелистување, може да очекуваме рангирањата на десктоп веб сајтовите природно да се намали. Ова значи, дека кога повеќе корисници ќе го посетуваат сајтот на конкурентите, Google ќе мисли дека станува збор за попопуларни веб сајтови од вашиот. Иако Google е оној кој ги креира условите под кои ова може да се случи, сепак, кругот е тој.

Има уште еден голем проблем со прашањето за “употреба на мобилни”, а тоа е каде точно се повлекува линијата. Некои веб сајтови, како MCDU Emulator, поддржуваат приказ на таблет, но не и на мобилен телефон. Таблетите се мобилни уреди, и мобилните телефони се мобилни уреди, но двата имаат многу различни можности. Ако Google ги класифицира и двата типа во една категорија, тоа значи дека резултатите на таблетите ќе бидат негативни и покрај тоа што вие поддржувате таблет. Ова не е фер за корисниците и за сопствениците на сајтот, но сé додека постои само една категорија, ќе мора да работиме на овој начин.

ШТО ЌЕ ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ

Можеби овие промени ви изгледаат минорно, и за повеќето дизајнери ќе немаат големо влијание, но не смеете да го превидите фактот дека клиентите кои ги  поседуваат веб сајтовите не разбираат ништо од ова. Тие ќе имаат барања кои ќе бидат против она што го знаете, и ќе мора да се обидете да ги едуцирате.

Иако следниве се најдобрите основни практики кои секој би требало да ги употребува и без Google да го подбуцнува, многу од веб сајтовите не прават така. Затоа важно ми е да ги кажам јасно и гласно следниве неколку работи кои треба да ги направите кога креирате нов сајт:

  • Секогаш пристапете од перспектива на прилагодлив дизајн.
  • Обидете се да ги поддржите сите типови на екран.
  • Ако не можете да го направите она од погоре заради природата на содржината, употребете колони само за мобилен.
  • Кога употребувате колони само за мобилен, покажете му на корисникот што пропушта.
  • Употребувајте ги вртелешките со слики соодветно.
  • Обидете се да ставите релевантна содржина во горниот дел.
  • Престанете да употребувате образци. Дизајнирајте нешто свежо за секој сајт. Тоа и ви е работа, нели?

Со следењето на овие чекори вие ќе бидете на добар пат да сте секогаш пред Google, и што е поважно да изградите одличен, нов веб сајт. Правењето на овие измени е лесниот дел. Тешкиот дел е да ги  натерате клиентите да разберат зошто овие измени се потребни!

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.