СПОДЕЛИ

Ако веќе сте почнале со учење веб развој најверојатно веќе сте чуле за front-end и back-end програмирање. Но што значат тие? Ако сте почетник во полето, тешко дека знаете кое за што е, па затоа во овој текст ќе го разгледаме токму тоа. Иако front-end и back-end се разликуваат еден од друг, тие се поврзани исто како што се поврзани и двете страни на една монета. Функционалноста на веб сајтот се потпира на можноста едната страна да комуницира и работи ефикасно со другата како дел од еден и единствен објект. Дали едното е поважно од другото? Не. И двете играат многу важни улоги во развојот. Па, од каде да почнеме? Ајде да фрламе паричка.

Запознавање со front-end развојот

Предниот дел, или frontend-от на еден веб сајт е она што го гледате и со кое сте во интеракција на вашиот прелистувач. Истото се нарекува и “клиентска страна”, и го вклучува она што корисникот директно го искусува: од текст и бои, до копчиња, слики и менија за навигација.

Да кажеме сте одлучиле да почнете бизнис. Сте отвориле специјализирана пекара и сакате професионален веб сајт за да ја претставите вашата компанија на клиентите и да им покажете каде е лоцирана. Можеби ќе сакате да ставите и фотографии со информации за вашите продукти. За сето тоа ви се потребни front-end технологии.

Front-end јазици

Овие три јазици ќе ви завршат работа:

HTML – основниот јазик за пограмирање кој ја креира и организира веб содржината за таа да се прикаже на прелистувачот.

CSS – јазик кој го придружува HTML, и со кој го дефинирате стилот на содржината на веб сајтот, како распореди, фонтови, итн.

JavaScript – програмски јазик кој се употребува за поинтерактивни елементи како паѓачки менија, модални прозорци и формулари за контакт.

Заедно сите овие го креираат она што визуелно ви се претставува кога ќе посетите една веб страница, независно дали тоа е пазарење на интернет, читање вести, проверување на е-пошта или пебарување на Google.

Дополнително со основните front-end јазици, ќе сретнете и работни рамки, како Bootstrap и Angular, JavaScript библиотеки, како jQuery, и CSS екстензии, како Sass и LESS. Листата на ресурси кои подржуваат HTML, CSS, и JavaScript е долга. Нивната цел е да го направат кодот (и процесот на неговото пишување) полесен за одржување и поорганизиран преку најразлични алатки и образци, кои се компатибилни со најчестите јазици за програмирање.

Зад сцената

По неколку месеци, вашиот деловен веб сајт изгледа одлично, пекарата е неверојатно успешна. Сега вашите клиенти сакаат да купуваат големи количини од вашите производи за своите крзнени пријателчиња, и почнуваат да прават нарачки на интернет. Па, се одлучувате да отворите една продавница на интернет во која луѓето ќе може да пазарат. Тоа значи дека вашиот веб сајт ќе треба да чува информации за продуктите, нарачките, профилите на корисниците, кредитни картички, итн. Како ќе работите со овие податоци за да можете да испорачувате задоволства за малите, разиграни пријатели? Ете, тука back-end развојот влегува во игра.

Запознавање со back-end развојот

Засега, она што го имате е пример на статички веб сајт, и неговата содржина не се менува многу. За статички сајтови, сите неопходни информации кои одредуваат што има на веб страницата се во front-end кодот. Статичките веб сајтови се добри за претставување на бизниси, ресторани, портфолија или лични профили. Но, ако сакате да го претворите вашиот веб сајт во нешто со што вашите корисници ќе сакаат да бидат во интеракција, ќе мора да одите многу подлабоко во она што се случува зад сцената.

Задниот дел, или  back-end (или “серверска страна”) е делот од веб сајтот кој не го гледате. Тој е одговорен за чување и организирање на податоци, и овозможува сето она што се наоѓа на клиентска страна да работи. Вack-end комуницира со front-end, испраќајќи и примајќи информации кои треба да се прикажат како веб страница. Секогаш кога пополнувате формулар за контакт, внесувате веб адреса, или правите нарачка (или било каков тип на корисничка интеракција на клиентска страна), вашиот прелистувач испраќа барање до серверот, кој враќа информација во форма на front-end код што пак прелистувачот може да го интерперетира и прикаже.

Вашиот нов веб сајт ќе треба да има дополнителни back-end компоненти за да стане динамичка веб апликација – веб сајт чија содржина ќе се менува врз основа на она што е во базата на податоци, која може да се менува преку корисничкиот влез. Формата на статички веб сајт не бара база на податоци бидејќи неговата содржина останува иста.

Прилагодување на серверската страна

На вашиот веб сајт му е потребна база на податоци за да управува со сите информации за клиенти и продукти. Базата на податоци ја чува содржината на веб сајтот во структура која ви овозможува лесно да читате, организирате, уредувате и зачувувате податоци. Работи на компјутер на далечина наречен сервер. Постојат многу различни бази на податоци кои се употребуваат, како на пр. MySQL, SQL Server, PostgresSQL, и Oracle.

Вашата апликација сé уште ќе содржи front-end код, но мора да се изгради со јазик кој базата на податоци го распознава. Некои од најпопуларните back-end програмски јазици се Ruby, PHP, Java, .Net, и Python. Овие програмски јазици често работат на работни рамки кои го поедноставуваат процесот на веб развој. Rails, на пример, е работна рамка напишана во Ruby. “Ruby on Rails” е популарна технологија која ви помага да изградите  динамички веб апликации правејќи го процесот многу побрз.

Кога сите овие делови ќе работат точно, клиентите ќе може да го посетуваат вашиот веб сајт и да пребаруваат, или да извелкуваат подлисти со производи. Кога тие ќе пишуваат во полето за пребарување (на front-end делот), апликацијата ќе пребарува низ сите податоци за продукти кои се чуваат во базата на податоци (back-end дел), и ќе врати соодветни информации во форма на front-end код кој прелистувачот ќе го прикаже на корисникот како бараната листа.

Отворени за соработка!

Сега имате динамичка веб апликација која употребува front-end и back-end технологии. Употребувате front-end јазици за да направите вашиот веб сајт да изгледа одлично и да е лесен за навигација. Зад сцената, back-end делот ги држи сите front-end компоненти, и овозможува да се чува историја на нарачки и детали на продукти, да се креираат безбедни кориснички сметки и друго. Како што може и самите да заклучите, двете страни имаат различни улоги. Но, токму нивната заедничка работа на крајот го дефинира корисничкото искуство, и му овозможува на сајтот да функционира.

Па, што ве привлекува повеќе?

Без оглед на тоа дали сакате да станете Front-end или Bacк-end развивач, веб академијата Еверест има студиски програми за учење на далечина со ментори за обете позиции.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.