СПОДЕЛИ

Постојат многу ресурси кои ќе ви помогнат да научите да програмирате и за кои секој студент треба да знае. Програмерите се најжедните студенти, тие секогаш бараат нови информации и се обидуваат да ги подобрат сопствените вештини.

Понекогаш потешко може да го најдете оној тип на квалитетни ресурси кои би го подобриле вашете искуство. Затоа, ние соработувавме со најуспешните студенти за да ги избереме најдобрите ресурси кои го надополнуваат курсот за програмирање. Овие ресурси не се за почетници. Тие се за сите оние работи кои би сакале да ги проверите, откако веќе сте ја поминале, или сте во процес на обуката за програмирање.

Ресурсите ги поделивме во 9 различни категории:

  • Програмски предизвици
  • JavaScript
  • Ruby
  • Одење на интервју
  • Барање работа
  • Општо програмирањње
  • Подкасти 
  • Непрофитни проекти
  • Документација

Да почнеме со ред.

Програмски предизвици

Единствениот начин за навистина да научите еден програмски јазик е ако ги следите проблемите. Решавањето на вистински предизвици е неопходно за вашиот развој како програмер. Ако сакате да поработите на предизвици во програмирањето погледнете ги следниве одлични ресурси:

  1. ProjectEuler – популарен сајт кој изобилува со математички програмски предизвици.
  2. CodeAbbey –  нуди секакви предизвици, од лесни до многу комплексни.
  3. CodeWars – платформа која обезбедува проблеми и нуди едноставни решенија.
  4. Exercism.io –  одлично место за учење на некои од потешките програмски јазици.
  5. RubyKoans – го покрива Ruby јазикот употребувајќи метод на тестови. Во исто време може да го научите и Ruby и TDD.
  6. HackerRank – решавајте предизвици во кодот заедно со други развивачи.

JavaScript

Javascript е одличен јазик, и навистина е практично да го научите во текот на вашата кариера како програмер, но не е најдобра идеја да го учите како прв јазик. Има многу трикови и финеси кои треба да ги совладате откако ќе научите некој поедноставен јазик. Но, во оној момент кога ќе се почувствувате подготвен за да се посветите на Javascript, добро е да можете да се потпрете на некој надворешен ресурс за да го продлабочите своето знаење и да го забрзате процесот на учење. Еве дел од најдобрите ресурси:

  1. MDN – ултимативен ресурс за JavaScript програмирање
  2. You-Dont-Know-JS – постојат две главни верзии на JS кои луѓето ги употребуваат. Основната JavaScript и новата, т.н ES6.  Оваа серија на книги може да ви е од голема помош кога ќе сакате да учите ES6.
  3. JavaScript: The Definitive Guide to Activate Your Web Pages  – книга од Дејвид Фленаген. Еден вид на буквар за JavaScript.
  4. Matthias Johansson’s YouTube – овој канал содржи многу неверојатни видеа за JavaScript и програмирањето воопшто.
  5. JavaScript: The Good Parts – книга од Даглас Крокфорд, креаторот на JSON форматот. Книгата зборува за JSON форматот, кој универзално се употребува, и малку навлегува во JSLint, што е еден од најпопуларните JavaScript пакети.

Ruby

Ruby се врти околу конвенцијата на конфигурирањето. Има многу начини на кои можете да направите одредена работа во јазикот, но постои определен начин кој заедницата го има наметнато како “точниот начин.” Ако ги правите работите точно, полесно ќе можете да напредувате. Еве неколку одлични ресурси кои треба да ги погледнете за подлабоко да можете да навлезете во Ruby јазикот и да научите повеќе:

  1. Ruby PickAxe Book – книга која ви е на располагање и на интернет, и тоа бесплатно. Повеќето развивачи во овој јазик ја имаат сретнато истата во дадена фаза од својата кариера.
  2. RubyMonk Meta-Programming – зборува за мета-програмирање, што впрочем е како програмирање во напреден режим во Ruby. Пишување код кој пишува код. Ова е нешто што мора да го погледнете кога ќе имате понапредно знаење. Дефинитивно одличен концепт кој би требало да го научите.
  3. POODR – кратенка за практичен објектно ориентиран дизајн во Ruby.  Книгата чини околу 30 долари, и е одличен ресурс кој ќе ви помогне да ги решите проблемите во објектно ориентираните јазици, а употребува Ruby.
  4. The Well Grounded Rubyist – одлична книга од Дејвид Блек, која од почетник ќе ве претвори во успешен корисник на јазикот.
  5. Eloquent Ruby – книга од Рас Олсен за пишување на елоквентен код во овој јазик.
  6. Design Patterns – уште една книга од Рас Олсен, која ги покрива класичните дизајн модели во компјутерското програмирање. Иницијално опишани од  таканаречената Gang of Four, во чија книга беа вклучени и примери во C++ и Smalltalk.
  7. Ruby Under a Microscope (Пет Шогнеси) – многу напредна книга за работата на Ruby. Објаснува работи како начинот на кој работи интерпретаторот на Ruby. На скоро никаков начин познавањето во оваа материја не е пресудно за да станете подобар Ruby развивач (повеќето луѓе кои јас ги знам во оваа индустрија никогаш и не слушнале за оваа книга, а уште помалку ја прочитале), но, сепак станува збор за одлично истражување, се разбира ако сте доволно љубопитен.
  8. Ruby Weekly – неделен билтен.
  9. Ruby Conf Videos – добро е да пребарате на YouTube претходно снимени RubyConf презентации. Ви препорачувам да ги слушнете DHH, tenderlove (алијас Арон Петерсон) и Сенди Мец.

Одење на интервјуа

Сите студенти кои сакаат да најдат работа како помлади веб развивачи треба да се запознаат со процесот на техничко интервјуирање. Особено затоа што техничкото интервју е клучната бариера која стои помеѓу вас и неверојатната можност која стои пред вас. Ако посетувате квалитетна обука, сé што учите ве подготвува за техничките интервјуа. Ова вклучува учење алгоритми и структура на податоци, развој воден од тестирање и фокусирање на колаборативно програмирање. Сепак, ако сте заинтересирани да прочитате повеќе за процесот на интервјуирање и да добиете дополнителни насоки, ви претставуваме две книги кои би требало да ги погледнете:

  1. Cracking the Coding Interview – чини околу 30 долари, и детално ви покажува како компаниите ги вршат интервјуата. Не употребува Ruby (илиr JS), туку се фокусира на Java / C++ / итн. Ова не е директно претставување на интервјуирање лице во лице, туку повеќе зборува за начинот на кој команиите од рангот на Google, Microsoft, Apple, итн. го водат процесот на интервјуирање. Ако можете да ги поминете нивните проблеми, интервјуата кај повеќето стартапи ќе ви бидат лесни како песна.
  2. Interview Cake – чини околу 40 долари.  Многу детална книга, со одличен речник на непознати термини низ кој лесно можете да поминете.

Барање работа

Пред да отидете да брилирате на едно техничко интервју, треба да креирате солидна листа на можности за работа кои би ги следеле. Но, со многуте сајтови за пребарување на работни места, како да ги издвоите квалитетните опции од сајтовите на кои само залудно ќе си го потрошите времето? Еве три одлични опции кои би можеле да ги погледнете кога ќе почнете да ја планирате вашата потрага по работа:

  1. LaunchCode – комплетни предизвици во програмирање кои ќе ви обезбедат интервју подоцна.
  2. Firehose Job Board Listing – детална листа на огласни табли за отворени работни места.
  3. lukasz-madon/awesome-remote-job – листа на одлични ресурси за наоѓање на работа на далечина (работа од дома) како програмери.

Општо програмирање

Некои ресурси не одговараат на ниту една категорија, но тоа не значи дека не може да ви помогнат да научите повеќе. Запомнете, ако преминувате во кариера како програмер, треба целосно да навлезете во вашето ново поле на стручна подготовка. Тоа значи дека треба да ги погледнете интересните Youtube/Twitter сметки и веб сајтови кои може да ви помогнат да го научите жаргонот на програмерите и да дознаете нови работи. Еве неколку места кои треба да ги посетите:

  1. The Practical Developer – лесен веб сајт и Twitter сметка кои примарно се фокусираат на веб развојот, архитектурата и одлуките кои програмерите секојдневно ги донесуваат.
  2. Data Structures in 5 Minutesодлична YouTube плејлиста за тоа како работат најчестите структури на податоци во програмирањето.
  3. Harvard CS50 –  бесплатен вовед во програмирање на интернет.
  4. Git Book – официјален туторијал за Git.

Подкасти (аудио датотеки за превземање)

Подкастите може да се одличен начин на дознавање на нови информации на поинаков начин. Понекогаш, има повеќе логика да слушате нешто, отколку истото да го читате. Ако сакате да поднаучите нешто дополнително, подкастите се одличен ресурс за тоа. Еве три неверојатни извори кои треба да ги погледнете:

  1. CodeNewbies – насочено кон луѓе кои почнуваат со програмирање.
  2. Ruby Rogues – подкаст за Ruby јазикот.
  3. Thoughtbot Podcasts – има неколку различни подкасти за различни аспекти на развој на софтвер.

Непрофитни проекти

Одличен начин на кој можете да си го збогатите сопственото портфолио и да се издвоите од конкуренцијата е ако го дадете својот придонес во open source проекти. Ако можете да го постигнете тоа, а притоа да поддржите и некоја кауза, тоа може да ве направи уште подобар во очите на оние кои ќе ве интервјуираат во иднина, по завршување на студиите/обуката. Постојат многу непрофитни организации кои секојдневно бараат помош на проекти со отворен код, а во продолжение ви претставуваме три ресурса кои може да ви помогнат да се поврзете со најдобрите:

  1. CodeTriage – листа на проекти со отворен код, и отворени проблеми во чие решавање може да дадете свој продонес.
  2. CodeAlliance – фокусирани партнества на проекти кои поддржуваат непрофитни организации, кои креираат, поставуваат и одржуваат хуманитерен, бесплатен софтвер со отворен код.
  3.  CodeForAmerica – креирајте проекти за да им помогнете на граѓанските организации.

Документација

Еве два ресурса за документација кои ќе ви помогнат да разберете како се вклопуваат сите делови:

  1. Ruby Documentation – документација за овој програмски јазик.
  2. Rails Guides – документација за Ruby on Rails.

Највредниот дар кој го поседуваат луѓето е грижата и споделувањето.
Споделете го тоа што го имате, грижете се за тие кои ги имате.

Ако ти се допадна статијава, сподели ја со своите пријатели.
Ќе ги израдуваш и нив и нас.

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.