СПОДЕЛИ

Ако сакате да градите апликации за мобилни уреди, десктоп компјутери, или веб, треба да знаете да работите со Java. Овој курс ви ги обезбедува основите за учење Java SE (Standard Edition), за да можете да ги креирате првите апликации и да почнете да го истражувате јазикот. Ќе ви покажеме како да инсталирате Java и IntelliJ IDEA IDE, и да почнете да работите со варијабили, типови на податоци, клучни зборови и други важни компоненти на јазикот. Ќе ви покаже како да го контролирате текот на програмата со условна логика и циклуси, да чувате податоци со Java Collections Framework, и да разберете како Java ги имплементира принципите на објектно-ориентирано програмирање како наследство и полиморфизам.

Теми

  • Разбирање на принципите и историјата на Java
  • Инсталирање Java, IntelliJ IDEA, и BlueJ
  • Креирање Java проект
  • Работа со варијабили, вредности и изрази
  • Работа со објектни типови на податоци
  • Градење, споредување и парсирање на низи
  • Дебагирање и работа со исклучоци
  • Креирање циклуси и код кој може да се употребува повеќе пати
  • Пренесување аргументи со референца или вредност
  • Употреба на едноставни и комплексни индексни низи
  • Креирање прилагодени класи
  • Наследство и полиморфизам
  • Управување со датотеки преку Java библиотеки
  • Документирање код со Javadoc
  • Пакување класи во JAR датотеки

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • почетници, заинтересирани за учење на Java програмскиот јазик
  • програмери и девелопери кои сакаат да градат софтвер и системи во Java
  • студенти

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување основни предзнаења за програмирање.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

Бојан Илијоски е асистент – докторанд на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на предмети од областа на програмирање, алгоритми, податочно рударење, интелигентни системи и сл. Покрај академската кариера има работено и како софтверски инженер за развој на web апликации и апликации за мобилни телефони. LinkedIn

Иван Илиески е софтвер инженер со повеќе годишно искуство. Има работено на банкарски апликации со сензитивни безбедносни функционалности за клиенти од Швајцарија исто така има работено на апликации со специфичен дизајн и анимации. Моментално работи во Netcetera како mobile developer за Android и Ios.
LinkedIn

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

пријава

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.