Извор: Точка.com.mk
Британската телевизија “Канал 4” објави и целосен прилог за тоа кој сè стои зад интернет-порталите коишто пласираа лажни информации во корист на Доналд Трамп, а токму благодарение на таквите лажни вести успеале да остварат заработка којашто стигнала до импресивни 200.000 долари, при што во мрежата биле вклучени повеќе од 200 тинејџери.
И покрај фактот што британската телевизија успеа да пронајде дел од велешаните коишто биле вклучени во оваа мрежа, тие сепак не сакале да зборуваат пред камера, иако фактите за нивната заработка до којашто дошол новинарот се прилично запрепастувачки.

Британскиот новинар успеа да дојде и до момчето коешто се смета за еден од главните креатори на мрежата, но младиот велешанец не сакал да зборува и негирал било каква вмешаност во креирањето на овие интернет страници исполнети со лажни вести на сметка на Доналд Трамп и Хилари Клинтон. Овие информации биле пласирани и на друштвените мрежи, па во меѓувреме дури Марк Цукерберг, основачот на најголемата социјална мрежа Facebook, беше принуден да даде изјава дека во иднина ќе се прави подетално филтрирање на лажните вести коишто се споделуваат на оваа популарна друштвена мрежа.


Која е тајната на успехот на децава?
Иако многу неупатени веднаш почнаа со шпекулации дека некои странски служби умешале прсти и ги финансирале малолетниците од Велес, вистината е сосема поинаква. Не постојат ни странски служби, ни донации, за се’ е крив WordPress + знаење од област на дигитален маркетинг. Значи, не станува збор за некаква hi-tech работа – дечките направиле цела серија портали за вести на кои објавувале лажни вести на кои имале поставено рекламен простор кој му го отстапиле на Google. Вестите вирално се прошириле а парите доаѓале со секој клик на рекламите.
Заинтересирани?
Ако англискиот не ви е лош и сакате да си обезбедите одличен извор на приходи, придружете им се на милионите луѓе ширум светот кои се заработуваат сосема легално на овој начин. Ако не знаете од каде да почнете, студиската програма WordPress администратор е одлична почетна точка. Нашите ментори ќе ви помогнат да го направите вашиот прв блог, да ги совладате главните графички алатки и да направите се’ што е потребно за да привлечете посетители. И, да, нема да ви побараме процент од заработката 😉
P.S. Кога сте веќе тука, погледнете го интервјуто со Ане Крстевска, блогер од Скопје која ја напушти работата во американската амбасада и сега заработува 5-10 пати повеќе и тоа без fake news!