СПОДЕЛИ

Досега зборувавме за тоа како да заработите како хонорарец и споменавме дека:

  • треба да ги продавате проектите со додатоци за поголем профит,
  • треба да генерирате пасивен приход,
  • треба да специјализирате во одредена вештина или дисциплина
  • и многу друго.

Но, постои една клучна работа за да имате постојан приход, а за која се плашам дека до сега не сум ја разјаснил.

Не дека се обидувам да скријам нешто од вас, сакам да сте успешни и вие! Станува збор за нешто што јас го правам цело време, а никогаш не сум помислил дека треба да го споменам.

Па која е мојата тајна за постојан приход како хонорарен веб дизајнер? Јас имам повеќе извори на приход.

Едното те исто

Лесно може да влезете во истата рутина како дизајнер. Наоѓате клиент. Работите на проект. Ви плаќаат. И потоа почнувате одново.

Но, ако сакате да имате постојан приход како хонорарец, мора да ги погледнете работите од друга перспектива и да најдете повеќе начини за заработка. И тоа, повеќе различни начини.

Денар овде, денар онде

Јас стасав до точка во која моите ангажмани настрана ми носат повеќе пари од дизајнирањето. Имам постојан прилив од блогирање, имам постојана заработка како надворешен соработник на некоја работа, добивам пари од препорака на дизајнери, и имам приходи од многу други мали споредни работи.

Парите кои ги заработувам на сите овие различни начини (блогирање, спонзорирани постови, пишување содржина, консултантска работа, препораки, итн) се за мене значаен месечен прилив.

Се разбира, од секоја од нив заработувам по малку секој месец, но бидејќи имам повеќе извори на приход од различни места одеднаш, сето тоа се собира и станува доволно.

Никогаш не се потпирајте на еден извор

Видете, токму ова е проблемот кога се потпирате исклучиво на проекти со дизајн како ваш постојан извор на приход. Што ако вашите клиенти немаат повеќе пари? Што ако имате некоја незгода и го изгубите сајтот, или не можете да работите одреден период, на пр. не можете да ги движите прстите?

Да не даде господ, што велат, да се случи тоа, но што тогаш?

Ако имате само еден извор на приходи и ја изгубите можноста од таму да земате пари (проекти), ќе бидете во голема неволја.

Како да го направите тоа денес?

Ви давам еден предизвик. Најдете повеќе различни начини на кои би можеле да заработувате и почнете најскоро што можете!

Немојте да одлагате! Не дозволувајте тоа да чека како неисполнета ставка на вашата листа со обврски.

Се разбира, споделете ги вашите искуства и размислувања не само со нас туку и со останатите читатели во полето за коментари подолу.

извор: millo

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.