Дома Типографија Најдобрите комбинации на Google фонтови кои одлично изгледаат заедно

Најдобрите комбинации на Google фонтови кои одлично изгледаат заедно

682
0
СПОДЕЛИ
Директориумот на Google фонтови нуди стотици фонтови, но кога имате задача да изградите совршена комбинација, потребни ви се вештина и време. Ви нудиме листа на најдобрите парови кои одлично прилегаат еден на друг, а кои се избрани од стручњаци во типографија.

Независно дали креирате веб сајт, пишувате резиме или дизајнирате презентација, фонтовите или типографските писма кои ќе ги одберете може да направат значителна разлика. Директориумот на Google фонтови нуди огромен избор, но прашањео е како да го одберте точниот фонт за вашите дигитални проекти? Дали да се обидете со Serif фонтови, или Sans Serif, или комбинација од двата?

Типографијата е уметност и, со илјадници фонтови на располагање, очигледно е дека луѓето кои не се дизајнери имаат потешкотии кога треба да ги најдат совршените комбинации на фонт. Ви треба помош? Ви нудиме неколку веб сајтови со комбинирани фонтови на кои експертите ја завршиле потешката работа за вас, и сé што вие треба да направите е да ги следите нивните препораки за да ги изберете најелегантните парови на Google фонтови за вашите веб и печатени проекти.

1. Beautiful Web Type (hellohappy.org) – Чед Мазола креирал преубави комбинации на висококвалитетни типографски писма од веб сајтот Google Fonts. Овде ќе откриете креативна употреба на фонтовите, иако сајтот не им е ажуриран веќе подолго време.2

2. Typ.io (typ.io) –Ако текстот ви е во Roboto, кој фонт треба да го употребите за насловите? Typ.io нуди визуелна листа на убави веб сајтови кои употребуваат слични фамилии на фонт, и ви помага да исберете пар кој совршено се совпаѓа, а сето тоа врз основа на типографијата на другите веб сајтови.

3. Google Type (femmebot.github.io) – Проектот на Фиби Еспириту употребува Google фонтови за да им даде стил на Езоповите бајки. Ова е одличен извор на елегантни парови на фонт, кој редовно се ажурира.

4. Palet Tab (palettab.com) – Екстензија на Google Chrome која ве инспирира со свежи комбинации на фонт и боја од Google фонтовите, секгаш кога ќе отворите ново јазиче во Chrome.

5. 100 Days of Fonts (100daysoffonts.com) – Секој ден, во рок од 100 дена, дизајнерката До Хи Кем избирала уникатни парови на фонтови, и целата своја работа ја има прикажано на овој веб сајт. Ако барате инспирација, ова е одлично место за тоа.

36. Font Pair (fontpair.co) – Уште еден добро дизајниран ресурс за Google фонтови кои одат во пар. Комбинираните фонтови може да ги превземете како zip датотеки, што е корисно ако сакате да ги употребите фонтовите во PowerPoint презентација на вашиот локален компјутер.

7. Font Blender (andreasweis.com/webfontblender) – Ако се прашувате како еден сет на Google фонтови ќе изгледна на вашиот текст, Font Blender може да ви помогне. Веб апликацијата ви овозможува да ги погледнете фонтовите во прелистувачот и да експериментрате со големината на фонтот и проредот.

8. Type Genius (typegenius.com) – Иаберете почетен веб фонт, и Type Genius ќе ви препорача листа на други фонтови кои одговараат со него. Како и Typ.io, овој веб сајт предложува врз основа на комбинациите на фонт употребени во други убави веб сајтови. Дизајниран е од Вевени Хадлин.

49. Type Source (typesource.com) – Одличен приказ на наслови и текст со Google фонтови. Тобајас Алин, креаторот на сајтот, ги има вклучено неопходниот HTML и CSS код, олеснувајќи ви ја замената на стилови во вашиот дизајн. Текстот може да се уредува, па можете да го погледнете дизајнот и со свој текст.

10. Font Face Ninja (fontface.ninja) – Екстензија за прелистувач за Google Chrome и Safari, која ќе ви помогне да го препознаете фонтот кој се употребува на секој сајт. Дури имате и опција да ги превземете датотеките со фонт преку Ninja додатокот, но претходно мора да ги проверите дозволите за лиценца.

извор: Labnol

Дали сте знаеле…

… дека типографијата (уметност и техника на аранжирање фонтови) е основата на секој дизајн, вклучувајќи го и веб дизајнот? Ако сакате да станете одличен (веб) дизајнер, ова е една од работите која ќе морате да ја совладате.

Типографијата можете да ја совладате како поединечен курс или во рамки на студиската програми за UX дизајн на веб академијата Еверест.

Највредниот дар кој го поседуваат луѓето е грижата и споделувањето.
Споделете го тоа што го имате, грижете се за тие кои ги имате.

Ако ти се допадна статијава, сподели ја со своите пријатели.
Ќе ги израдуваш и нив и нас.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.