СПОДЕЛИ

PHP развивачот е одговорен за пишување на логиката од серверска страна на една веб апликација. Тој обично ги развива back-end компонентите, ја поврзува апликацијата со други веб услуги и ги поддршува front-end развивачите, интегрирајќи ја нивната работа со апликацијата. Од нив често се бара да развијат и интегрираат додатоци за одредени популарни работни рамки.

Пишувањето добар опис за работа и оглас за PHP развивач бара да посветите внимание на деталите. Кога имате потреба од напреден PHP веб развивач, пишувањето општ опис за веб развивач во вашиот оглас ќе ви донесе многу апликации од луѓе кои имаат помало познавање на добрите практики на програмирањето.

PHP е тежок јазик за скротување, и секогаш, премногу ги оптоварува програмерите кога треба да се обезбеди стабилност и добра изведба на апликацијата. Во овој текст ќе ви обезбедиме пример на опис за работа за PHP развивач, кој се надеваме дека ќе ви помогне полесно да го најдете, и ангажирате човекот кој ги задоволува вашите посебни критериуми.

Копирајте го овој образец и изменете го по потреба:

Претставување на компанијата

{{Напишете краток и привлечен пасус за вашата компанија. Обезбедете информации за културата на компанијата, придобивките и приходите. Споменете ги работните часови, можностите за работа на далечина и сето она што мислите дека ја прави вашата компанија интересна.

Опис на работното место

Имаме потреба од PHP развивач кој ќе биде одговорен за back-end услуги и размена на податоци помеѓу серверот и корисниците. Фокусот е ставен на развој на целата логика на серверска страна, дефинирање и одржување на централната база на податоци,  обезбедување на добра изведба, и одговарање на барањата од front-end. Избраниот кандидат ќе биде одговорен за интегрирање на front-end елементите кои ќе ги креираат неговите соработници, па затоа ќе мора да има познавање и од неопходните front-end технологии.

Обврски

  • Интегрирање на корисничките елементи развиени од front-end развивачите
  • Градење ефикасни PHP модули кои може да се тестираат и повеќекратно да се употребуваат
  • Решавање на комплексни проблеми со изведбата и архитектурата
  • Интегрирање на решенија за чување податоци {{може да вклучите бази на податоци, складишта на клуч-вредност, блоб складишта, итн.}}
  • {{Овде додадете ги дополнителните обврски кои мислите дека се релевантни за позицијата која ја нудите}}

Вештини и квалификации

  • Солидно познавање на PHP веб работните рамки {{како Laravel, Yii, итн. во зависност од комплетот/стекот кој го употребувате}}
  • Познавање од целосното синхронизирано однесување на PHP
  • Разбирање на MVC дизајн моделите
  • Основно разбирање на front-end технологиите, како JavaScript, HTML5, и CSS3
  • познавање на објектно ориентираното PHP програмирање
  • Познавање на регулативите за пристапност и безбедност {{во зависност од дадениот проект}}
  • Одлично познавање на основниот PHP и решенијата при злоупотреба на веб сервер
  • Разбирање на основните дизајн принципи кои стојат зад скалабилните апликации
  • Проверување на идентитетот на корисникот и авторизација помеѓу повеќе системи, сервери и околини
  • Интегрирање на повеќе системи на податоци и бази на податоци во еден систем
  • Познавање на ограничувањата на PHP како платформа и начините како тие да се избегнат
  • Креирање на шеми на бази на податоци кои претставуваат и поддржуваат бизнис процеси
  • Познавање на SQL/NoSQL бази на податоци, како и нивните декларативни јазици на прашалници
  • Напредно познавање на алатките за правење верзии на код, како Git
  • {{Не заборавајте да ги споменете и друите работни рамки, библиотеки или технологии кои се поврзаи со вашиот комлет/стек за развој }}
  • {{Наведете го нивото на образование или сертификатите кои ги барате}}

Патем…

…дали знаевте веб академијата Еверест:

Сега знаете.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.