Дизајнот е сложена, комплицирана, но забавна и возбудлива работа.
Секогаш има многу што да се научи, да се направи и земе во предвид кога сте почетник – да не го споменувам фактот дека технологијата постојано се развива, и дека се појавуваат нови софтвери и нови трендови со брзината на светлината. Да бидеме искрени, дизајнот знае да биде навистина проблематичен.
Затоа, да ги успориме работите малку. Во овој текст ќе ги разгледаме 20 принципи на дизајн преку неколку примери од врвни дизајнери, со кои ќе добиете здрава основа. Останете со нас, раскомотете се и уживајте!





Заклучок
Дизајнот е тешка работа. Полн е со принципи, трикови и техники, дел од кои може да ги научите од други, а дел од кои ќе мора да ги научите самите.
Секое правило земете го со доза на скептицизам и употребувајте го кога мислите дека е соодветно. Секогаш кога мислите дека правилото не одговара, не го употребувајте. Дизајнот е поле кое постојано еволуира и се менува, а секоја ситуација е различна, уникатна и возбудлива.
Но, за почетниците: Имајте ги сите 20 принципи на ум. Секогаш кога сте излезени, разгледајте ги постерите, менијата и знаците кои ќе ги сретнете и размислете кои принципи ги употребуваат и како. Развијте “дизајнерско око” и чувајте ментална (или физичка) белешка за сите интересни начини на кои може да се употребат овие техники.
И секако, забавувајте се со дизајнот. Поигрувајте си, експериментирајте, но со цел и грижа. Со среќа!
Сакате да научите повеќе?
Ако сакате посистематски и подетален пристап кон совладувањето на основните елементи и принципи преку практична работа, запишете се на нашиот курс Визуелен дизајн.