СПОДЕЛИ

Велат дека убавината е во очите на оној кој ја бара, но еден неодамнешен експеримент покажа дека очите не се разликуваат само од човек до човек, туку и од култура до култура.

Ештер Хониг, 24-годишна новинарка од Канзас, испратила неуредена слика од себе на 40-тина фотошоп уметници во различни земји. Со фотографијата испратила и едноставно барање: “Направете ме убава.”

Со различен степен на вештини, некои од авторите и ја сменила бојата на кожата, некои и додавале шминка и исцртани веѓи, други пак, ја оставиле онаква каква што е. Иако структурате на нејзиното лице во основа останала непроменета, некои култури додале и делови од гардероба, како на пр. во Мароко и додале бурка.

Експериментот на Хониг дополнително ни покажа колку е тешко да се најде универзален стандард за убавина. “Photoshop ни дозволува да постигнеме неостварлив стандард за убавина, но кога ќе ги споредиме овие стандарди на глобално ниво, сфаќаме дека е сé поневозможно да се постигне идеалот.”

Погледнете ги интерпретациите кај некои од културите и посетете ја страницата на Хониг за да ја погледнете целата нејзина колекција на Пред и Потоа фотографии.

bangladeshБангладеш
usaСАД

philippinesФилипини

moroccoМароко

argentinaАргентина

vietnamВиетнам

israelИзраел

greeceГрција

indiaИндија

serbiaСрбија

ukraineУкраина

originalОригиналната фотографија


Кога си веќе тука…

Неколку работи кои може веднаш да ги направи:

  1. Стани член на нашата Facebook група.
  2. Ако веќе сте член, покани ги и твоите пријатели во групата.
  3. Сакаш да научиш повеќе? Погледни ги нашите студиски програми и курсеви.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.