СПОДЕЛИ

“Не можете да се вработите затоа што го немате искуството кое се бара, а искуството не можете да го стекнете без да работите.”

Звучи како невозможен проблем, слично како прашањето за јајцето и кокошката, нели? За волја на вистината, проблемот не е ниту нов ниту пак е нешто со кое се случува само во Македонија.

Па, како да се дојде до искуство?

Единствениот начин да се дојде до какво-такво искуство е да се учествува во практична настава кај работодавач. Факултетите, не само кај нас, туку секаде во светот ги бие глас дека се и премногу ориентирани кон теоријата а премалку кон праксата. Ова е сосема разбирливо – никаде во светот факултетите не ги подготвуваат студентите за специфичните потреби на фирмите. Она што тие го прават, или барем би требало да го прават, е да им дадат солидна теоретска основа и да ги научат студентите како да размислуваат и решаваат проблемите. Дополнително факултетите, некој повеќе, некој помалку, се обидуваат да им обезбедат пракса кај своите партнери. Сепак, во најголем број случаи (85,2%) студентите се тие кои самите си наоѓаат фирма во која ќе одат на пракса.

Практичната настава во Македонија во реалноста

Праксата е најдобриот начин да се стекне првото работно искуство. Но, во ситуација кога тоа е обврска наметната со закон, секогаш ќе има поединци кои ќе се обидуваат да ги заобиколуваат правилата. Јавна тајна е дека голем број студенти го прават токму тоа – за да ја задоволат формата, обезбедуваат фиктивна потврда за реализирана практична настава, без воопшто да се појават кај работодавачот. Да, формата е задоволена но каква корист имаат овие студенти? Се разбира, никаква.

Оние студенти кои се решени да си ја пробаат среќата, односно се решаваат да најдат фирма во која ќе одат на пракса се соочуваат со голем број пречки. Неодамна, Марјановиќ Едукација во соработка со БЕСТ (Бордот на Европски Студенти по Технологија) и популарниот студентски портал fakulteti.mk спроведе истражување со наслов Студентски пракси во ИТ со цел да дојде до вистинската слика за тоа како всушност се реализираат студентските пракси во областа на информациските технологии.

Истражување – студентски пракси во ИТ

Резултатите од ова истражување покажаа дека студентите многу добро ја разбираат важноста на практичната настава и имаат големи очекувања од неа. За жал, тие очекувања им се остваруваат само на помалку од половина од студенти (48%).

Најчестите проблеми со кои се соочуваат се малиот број на фирми кои нудат пракса и голем број пријавени кандидати. Дури и ако успеат да стигнат до толку посакуваната можност, одењето на пракса, во голем број случаи имаат несоодветни работни задачи (81,5%), со многу мала можност да ги применат знаењата стекнати на факултет (66,7%), оставени се сами на себе, без ментор кој ќе ја надгледува нивната работа (70,4%). Оние малу среќни студенти кои имале можност да добијат ментор велат дека нивната работа не е оценувана (51,9%). Праксата им помогнала на студентите да научат нови работи на нешто повеќе од половина од испитаните студенти (51,9%). 37% студенти научиле многу малу нови работи а останатите не научиле ништо.

Заклучок од истражувањето

Истражувањето покажа дека практичната настава во нашава земја најчесто се изведува на начин кој е е далеку од очекувањата на студентите. Постојат повеќе причини за тоа: преголем број на студенти, релативно мал број на места за реализација на практична настава. Често пати се случува фирмите, и покрај тоа што имаат можност да примат практиканти, да немаат организиран систем за спроведување практична настава.

Врз основа на сознанијата добиени од истражувањето, но и од голем број разговори со сопственици на ИТ компании, менаџери за човечки ресурси, студенти, Марјановиќ Едукација подготви сосема нов вид комерцијална услуга наречена менторирана пракса на далечина.

ШТО ПРЕДСТАВУВА МЕНТОРИРАНАТА ПРАКСА НА ДАЛЕЧИНА?

Менторираната пракса на далечина е комерцијална услуга на Марјановиќ едукација која на студентите од техничките факултети ќе им овозможи следење практична настава од дома под водство на искусни ментори кои ќе го надгледуваат нивниот напредок, ќе го оценуваат нивниот труд и ќе им го пренесуваат своето искуство на најефикасен можен начин.

Праксата е составена од три дела:

  1. теоретски дел,
  2. практичен дел, и
  3. менторски сесии.

1. Теоретски дел

Како и во случајот со традиционалното учење во училница, процесот на учење започнува со гледање однапред снимени видео лекции односно предавања на македонски јазик.

Предавањата, заедно со сите останати материјали за учење, се поставени на платформата за управување со учење на далечина, MyMentor. Пристап кон овие материјали имаат регистрираните корисници кои предавањата можат да ги гледаат во термин кој им е најсоодветен, односно во било кој дел од денот.

2. Практичен дел

Вистинското учење започнува во вториот, практичниот дел кој завзема најголем дел од практичната настава. Овој дел е составен од серија задачи и (делови од поголеми) проекти кои студентите ќе треба да ги изработат. Задачите и проектите на кои ќе работат се слични со оние кои студентите еден ден ќе се соочат во нивното професионално секојдневие, а подготвени се од искусни професионалци во избраната областа.

Задачите се подготвени така што на студентот му се дава слобода самиот да внесува параметри и да користи датотеки по негов избор со кои ќе ја изработи задачата. На овој начин на студентот му се дава можност да изработи уникатни дела кои потоа ќе станат дел од неговото онлајн портфолио.

Исто како и во случајот со теоретскиот дел, студентот има можност да избере во кој дел од денот ќе работи на проектот. Тоа што ќе го изработи го праќа на увид до својот ментор со кого потоа ќе има онлајн сесија за консултации во термин по договор.

3. Менторски сесии

Последниот дел, менторските сесии, се најмали во времетраење но се најважниот дел од практичната настава. За време на овие сесии, студентот добива фидбек од својот ментор за сработените задачи, како и сугестии за тоа како определен проблем и задача би можела да се реши на подобар или побрз начин. Така, студентот на најбрз можен начин го добива знаењето и одговорите на многу прашања за кои инаку би потрошил многу повеќе време.

 

Придобивки

1. Заштеда на време

Времето е единствениот ресурс на планетава кој ниту најбогатите луѓе не можат да го купат по ниту една цена. Она што е единствено можно е времето внимателно да се планира, што е многу важно за луѓе кои имаат голем број активност и густ распоред.

Во случајот со учењето на далечина, студентот заштедува време кое инаку би го поминал во патување од местото на живеење до местото на реализација на практичната настава. Дополнително, студентот има можност да избере кога ќе ги следи предавањата, кога ќе работи на задачите и конечно, има можност да избере термин за менторска сесија која ќе биде прифатлив како за него, така и за неговиот ментор.

Конечно, и не најмалку важно, студентот може да избере и во кој дел од годината сака да ја следи практичната настава. Дополнително, може да ја избере и должината односно вкупното времетраење на практичната настава како и интензитетот кој најмногу му одговара.

2. Заштеда на пари

Патувањето од дома до работа (или местото каде што се оди на пракса) е активност која освен што одзема време, чини и пари. Со можноста практичната настава да се следи од дома се заштедува на патни трошоци. Заштедата станува уште поголема доколку студентот живее во еден град а треба да оди на пракса во друг град.

Стекнувањето знаење и вештини преку курсеви во традиционални тренинг центри исто така чини доста пари. Традиционалните обуки се скапи поради тоа што тренинг центарот мора да ги подмири трошоците за простории, предавачи, компјутерска опрема, лиценци за софтвер, акредитациии, администрација… списокот нема крај. Сите овие трошоци не постојат во случајот со учење на далечина па поради тоа и цената на чинење на ваквиот вид настава е пониска.

3. Бришење географски ограничувања

Денес, речиси сите фирми кои се бават со развој на софтвер и веб базирани решенија, поради ограниченоста на македонскиот пазар, работат за клиенти од целиот свет. Исто така, постои сè поголем број фриленсери кои успеваат да најдат хонорарна работа, исто така за клиенти од целиот свет. И во едниот и во другиот случај, работата се изведува на далечина.

Со оглед на тоа што концептот на менторираните пракси на далечина се темели врз интернет, со овој пристап сосема се бришат сите географски ограничувања кои студентите ги имаат во реалниот свет. Ако во случајот со традиционалните пракси студентите најчесто одат на пракса во фирма во местото на живеење, сега е можно да се студира во било кој град во Македонија а на пракса да се оди во друг, преку интернет.

4. Клучни придобивки

Со учество во практична настава на далечина под водство на ментор, студентите се подготвуваат и за еден сосема нов начин на работење – на далечина. На ист начин како и во случајот со пракса на далечина, во кои добиените задачи треба да се изработат и испратат до менторот, студентите во иднина ќе работат за своите клиенти.

По завршувањето на праксата студентот:

  • ќе добие потврда за реализирана практична настава,
  • ќе стекне нови или ќе ги усоврши постоечките вештините неопходни за вработување,
  • ќе има свое дигитално портфолио,
  • ќе ја зголеми својата вредност на пазарот на трудот,
  • ќе добие можност за вработување кај партнерите на академијата

Одобрувања

За спроведување на менторираната пракса на далечина Марјановиќ Едукација има добиено согласност од Министерството за образование и наука на РМ (бр. 20-7514/2 од 7.4.2015) и потпишано меморандуми за соработка со повеќето факултети за информатика.

Како се подготвени програмите?

Практичната настава ќе се реализира по програми направени според опис на работно место, изработени во соработка со членови на стручен совет, тело составено од сениор експерти, вработени во компаниите со кои МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА има потпишано договор за соработка.

Програми

Студентите ќе имаат можност да аплицираат за менторирани пракси на далечина за следниве позиции:

Секоја од овие програми составена е од неколку модули со поединечно времетраење од еден месец. Вкупното времетрање на програмите е различно бидејќи на студентот му се дава можност да избере дали ќе ја следи целокупната програма од почеток до крај или пак да избере само некој од составните модули.

Поедичени модули

Студентот има можност да аплицира за практична настава за некој од следниве поединечни модули:

Цена

Менторираната практичната настава на далечина е комерцијална услуга која чини 5.000 ден по модул со вклучени 4 онлајн 1-на-1 менторски сесии, со рок на реализација од 30 дена*.
*забелешка – модулите кои не вклучуваат менторски сесии се со пониска цена.

Во зависност од вкупниот број модули се добива попуст, и тоа:

  • 20% за следење целокупна програма за практична настава,
  • 15% за следење скратена програма за практична настава.

Со пресметан попуст, цените на програмите изнесуваат:

програма модули редовна цена академска цена аванс доплата
Front-end девелопер 13 68.902 45.200 9.040 36.160
Front-end девелопер (скратена) 7 37.607 24.735 4.947 19.788
Back-end девелопер 13 71.732 48.640 9.728 38.912
Back-end девелопер (скратена) 5 28.580 20.485 4.097 16.388
Веб дизајнер 23 115.623 76.080 15.216 60.864
Веб дизајнер (скратена) 13 70.700 46.835 8.544 37.468
UX дизајнер 12 64.654 42.720 8.544 34.176
UX дизајнер (скратена) 5 29.083 21.250 4.250 17.000
WordPress администратор 10 55.688 36.800 7.360 29.440
WordPress администратор (скратена) 7 45.631 29.750 5.950 23.800

Напомена: Плаќањето се врши на тој начин што се уплаќа 20% аванс а остатокот се плаќа на 3 рати во рок од 90 дена.


Кому му се наменети овие пракси

Практичната настава на далечина ќе можат да ја следат студентите од:

  • Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје,
  • Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје,
  • Факултетот за информатика при универзитетот Гоце Делчев во Штип,
  • Факултетот за современи науки и технологии при универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово,
  • Економски факултет при универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,
  • Правен факултет при универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Твојот факултет го нема овде? Извести нé веднаш.

Имаш прашања?

Секако дека имаш. За да ти помогнеме да дојдеш до одговорите, подготвивме страница со одговори на најчесто поставувани прашања. Ако ни таму не го најдеш одговорот, контактирај нé.

Како да се пријавиш?

За да започнеш да следиш менторирана пракса на далечина потребно е:

1. Прво да ги проучиш убаво сите понудени програми и да ја избереш онаа која мислиш дека е најсоодветна за тебе. Ако имаш проблем околу изборот, слободно побарај помош.

2. Да ја пополниш пријавата:

3. Да обезбедиш упатница за практична настава, заверена од одговорната служба на твојот факултет. Штом ја обезбедиш упатницата, испрати ни ја по е-пошта, Skype или Viber.

4. Да го извршиш плаќањето според инструкциите кои ќе ги добиеш.

 

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.