СПОДЕЛИ

Џери Као е стратег за содржина во UXPin — апликација за правење шематски прикази и прототипи-каде развива услуги достапни од мобилни или компјутерски апликации и online содржина. За да ги научите методите, алатките и процесите на правењето UX прототипи, симнете го бесплатното упатство Ultimate Guide to Prototyping.

Познавањето на потеклото на функционалниот шематски приказ и прототипите ќе ви помогне се да ставите во историски контекст, да ја сфатите практиката и да предвидите како таа ќе се развива во иднина. Овој текст е еден вид на модерен час по историја и во него ќе го покриеме дигиталниот UX дизајн, неговото минато, сегашност и иднина..

1ИзворWhat Does Lean UX Have That I Don’t?

Сегашност: Моменталната состојба на дизајнот

Во моментов, две од најпознатите дизајн методологии се Lean UX и Agile UX. Можеби ви звучат слично, но нивниот прстап кон дизајнот се разликува во однос на доменот на работа. Lean UX е повеќе деловен пристап, додека Agile UX има проектен пристап.

2ИзворLean UX vs. Agile UX — Is There a Difference?

Стариот начин на работа – Waterfall методот во кој дизајнерите им предаваат детални команди на програмерите и потоа се останува на програмерот, полека изумира. Најавувајќи го крајот на PSD-ерата, Бред Фрост, веб дизајнер, блогер и гласноговорник, вели дека Waterfall методот има се помалку смисла доколку се земе во предвид колку различни уреди има на пазарот.

Во вакумот кој го остави овој метод, се појавија две алтернативни учења за кои се верува дека ќе го пополнат местото. Иако и двата пристапи се залагаат за соработка, помеѓу нив има суптилни разлики. Во текстот на UXPin, извршниот директор Марсин Тредер го разгледува секој од нив посебно. Како и што ќе видите подолу, двата процеси се многу повеќе комплементарни отколку што се различни.

1. Agile UX

Методологијата која го следи Agile манифестот, Agile UX, е движење кое има за цел да ги обедини дизајнерите и програмерите во Agile процесот на развој. Неговите поддржувачи ги следат следниве насоки:

  • Да се создаде софтвер кој функционира е подобра цел отколку да се создаде разбирлива документација.
  • Работата со клиентот е поважна од преговорите за договорот.
  • Прилагодете се кон промената наместо да следите план.
  • Луѓето, личните инструкции и тимската работа се ценат повеќе од процесите и алатките.

Во моментов, оваа мисла се смета за златен стандард во развојот на дигиталните процеси.

3Source: The Visual Agile Manifesto

Иако Agile методологијата директно не се однесува на дизајнот, таа донесува радикална промена во начинот на кој ние соработуваме со луѓето на дизајн проекти. Како и што е дискутирано во Ultimate Guide to Prototyping, Agile UX ни дава методи како Design Studio и Cross-Functional Pairing кои им помагаат на дизајнерите да ја заменат документацијата со интеракција која има значење. Agile UX ги заменува долгите фрази на waterfall со колаборативни спринтови во кои се вклучуваат дизајнерите, програмерите и продукт менаџерите.

2. Lean UX

Lean UX учењето потекнува од  Lean Startup методологијата и верува дека компанијата мора да пушти продукт кој совршено ја пополнува претходно истражената празнина и дека тој мора да се креира што е можно побрзо (со минимална загуба на време) за да преживее. Додека Agile е повеќе фукусиран на тоа продуктот да го донесе на пазарот, за Lean UX пуштањето на продуктот е само почеток.

4Source: Lean UX Cycle

Еве што вклучуваат неколку од основните принципи на Lean UX:

  • Потврдување на хипотезите со клиентите (“да се излезе надвор од канцеларијата”)
  • Пуштање на продукти со најголем поврат на инвестиција кои ги прешаваат проблемите на корисниците
  • Брзо правење на прототипи во соработка
  • Брзо префрлање на прототипите во опсежни, функционални шематски прикази и листи со спецификации

Овие стратегии се развиени како еден вид на брод за спасување кој ќе го одржи продуктот над вода дури и кога пазарот ќе се преплави со слични на него.

3. Како тие си одговараат

Agile UX е фокусиран на начинот на дизајирање на продуктот, додека Lean UX на причината за дизајнот на истиот. Додека Agile им помага на UX дизајнерите да ги преорганизираат застарените методи на дизајнирање и соработка, Lean UX ни дава нов начин да ги истражиме продуктите и да го измериме квалитетот.

Наместо да спроведувате истражување пред да го изградите прототипот, Lean UX ве советува постојано да ги истражувате резултатите кои ќе ги добиете од A/B тестирање, инервјуа со муштерии и тестирање на проблемите при употреба.

5ИзворHow Spotify Builds Products

Бидејќи Lean UX е пристап за целокупната бизнис стратегија, вие може да го креирате продуктот употребувајќи ги процесите на Agile. Предложувајте идеи со тимот, скицирајте концепти и барања, изградете брзи прототипи и почнете да ги тестирате. Ова е токму она што Spotify го прави, како што е опишано во Guide to Minimum Viable Products.

Има многу заеднички работи помеѓу овие два пристапи: и двата ја поттикнуваат соработката при документација и ги претпочитаат кратките спринтови наспроти амбициозните агенди за развој.

Впрочем, Џеф Готелф, кумот на Lean UX, дури и вели дека Lean UX се инспирирал од Lean и Agile теориите за развој. Поентата е дека не е важно дали ќе го изберете едното или другото, туку дека пристапот “работи попаметно, а не подолго” ,кој стои зад двете методологии, е она што го води напред движењето за брзо правење прототипи.

Сегашност: Моменталната состојба на правење прототипи

Додека повеќето дизајнери се поддржувачи на прототипите, во последно време сѐ повеќе од нив се сомневаат во статичните шематски прикази. Како резултат на тоа, се случува повеќе од нив да ги интегрираат шематските прикази и прототипите како начин да ја зобиколат етапата на креирање функционален шематски приказ и што побрзо да почнат на интеракцијата на дизајнот.

Како и што вели The Ultimate Guide to Prototyping, ова во голема мера е последица на подемот на алатки за дизајн кои ви доволуваат да одите од шематски приказ во прототип со само неколку кликнувања. Неколку експерти ги имаат споменато предностите на интерактивни шематски прикази (lo-fi прототипи/ прототипи со ниска точност) во однос на статичните. Нивните причини за таквото размислување се различни, но сите веруваат во пристапот на комбинирање на прототипите и функционалните шематски прикази.

Имајќи го тоа на ум, моменталната состојба на прототипите ја фаворизира практичноста наспроти совршените пиксели. Во блиска иднина, сигурно ќе видиме како lo-fi проототипите ги заменуваат функционалните шематски прикази како етапа во дизајнирањето, а hi-fi прототипите (прототипи со висока точност) се употребуваат за тестирање на употреба и презентации.

Минато: Временската линија на правењето на прототипи

Сигурно ќе ви се допадне оваа временска линија која започнува во 1970. Историјата на развојот на софтверот можеби не е долга, но е густа, со блескава иднина која секој ден се создава. Еве ги најважните настани кои го оформиле раѓањето на информатичката ера и периодот во кој влегува правењето прототипи.

1970 — Waterfall методот доминира при развојот на софтвер.
1975 — Се препознава важноста на информатичката архитектура и истата се развива.
1980 — Благодарение на напредокот во визуелното програмирање се појавуваат првите, основни дигитални прототипи, кои наликуваат на графици за тек.

6ИзворAtari Prototypes: Tempest (1983)

1985 — Се интегрира прототип на хартија за тестирање на употребата и споделување на концептот.
1985 — Се модифицира Waterfall методот за да го инкорпорира Iterative and Incremental Development (IID).
1986 — Се развива првиот дизајн софтвер.
1986 — Adobe Illustrator
1987 — MS PowerPoint
1990 — Adobe Photoshop
1992 — MS Visio (првично Shapeware; стекнато од MS во 2000)
1988 —  Се популаризира спиралниот модел на развој на софтвер.

7ИзворBoehm’s Spiral Revisited

1991 — IBM го претставува Rapid Application Development (RAD) методот за развој на софтвер.
1995 — Слоевите стануваат се поразбирливи за прикажување на страница или дизајни на кориснички интерфејс.
2000 — Се појавува прототип на софтвери.
2000 — Omnigraffle
2003 — Axure
2003 — iRise
2001 —Излегува Agile манифестот од што подоцна произлегува и движењето Agile UX.
2005 — Веб-базираното (SaaS) правење прототипи е сѐ почесто, што ја отвора вратата на апликациите за правење функционални прикази со ниска точност, а што подоцна интегрира колаборација и менаџирање на продукт.
2005 — MockupScreens
2006 — Gliffy
2007 — Jumpchart
2008 — Balsamiq
2008 — Protoshare
2008 — Justinmind
2006 — Cowboy кодирање, кодирај и поправи метод за развој на софтвер. Се популаризира од начелото на Google познато како “20% од времето” кое им дозволуваше на програмерите во дел од своето работно време да работат на што тие сакаат. Од тогаш па наваму, во и надвор од организациите се појавуваа настани на колективно програмирање, кои ги отсликуваа истите методологии на развој на софтвер, со што се најави и брзото правење на прототипи.

8ИзворWorking Locally Instead of Cowboy Coding

2008 — Конкуренцијата доведе до Lean UX движењето.
2010 — Технолошкиот напредок овозможи правење на SaaS протоипи со висока точност без кодирање.
2011 — UXPin (хартија, мобилен, веб, responsive)
2011 — InVision (мобилен, веб)
2012 — Flinto (мобилен)
2012 — POP – Prototyping on Paper (мобилен)
2013 — Marvel (мобилен, веб)

Иднина: Времето на прототипите

Нашата претпоставка за иднината започнува онаму каде што ја завршивме нашата дискусија за сегашноста: функционалните шематски прикази и прототипите заедно на начин што прототипите со ниска точност ќе го превземат планирањето и организациските цели на денешните прикази. Некаде прочитавме дека 2014 некои ја нарекуваат година на алатки за дизајн за интеракција. Емелин Бејкер, дизајнер во Bloc ги објаснува алатките за правење прототипи и ги наведува оние кои ги имаме на располагање денес, вклучувајќи ја и UXPin. Изненадувачки голем број на алатки-повеќето од кои ја заматуваат линијата помеѓу функционални шематски прикази, модели и прототипи. Тоа е само почеток на интерактивната иднина.

9Извор2014 — The Year of Interactive Design Tools

Старите начини само стануваат постари, а статичкиот дизајн и методот Waterfall полека стануваат дел од минатото (всушност, дури и POP е дигитализирање на правење прототипи на хартија). Новиот бран носи нова ера на демократизиран дизајн. Специјализираните апликации за правење прототипи популаризираа две критични новини во процесот на дизајнирање:

  1. Брзо правење прототипиИднината на правењето прототипи сѐ повеќе ќе се базира на методот направи прототип, рафинирај, повтори со што ќе се подобри функционалноста порано во процесот на дизајнирање. Имајќи на ум дека неколку алатки за правење прототипи го поддржуваат цел спектар на дизајнот (од статичен до интерактивен), не постои оправдување зошто да не се практикува брзото правење прототипи.
  2. Соработка без електронска пошта — Карактеристиките за комуникација о моделите за презентација на многу од новите алатки за правење прототипи го стеснуваат јазот помеѓу дизајнерите, програмерите и останатите. Како што повеќе луѓе ќе ги увидуваат недостатоците на методот Waterfall , така соработката, па дури и партиципаторниот дизајн, сѐ повеќе ќе се шират благодарение на технологијата

Кога се дискутира иднината на прототипите микроинтеракциите се жешка тема. Да резимираме, микроинтеракција е use case со една цел – на пр. отклучување на смарт телефон – и тригерот, правилата и фидбекот вклучени во задачата. Микроинтеракциите го поместуваат фокусот UX на целиот продукт кон UX на поединечни акции и моменти, ниво на детаљ кое токму специјализираните алатки за правење прототипи го овозможуваат.

10ИзворMicrointeractions

Логиката зад микроинтеракциите е дека деталите на корисничкиот интерфејс (наспроти збирот на сите детали) ја прави разликата меѓу продукт кој го толерирате и продукт кој го обожувате. Џон Павлус, дизајнер во FastCo Design, ги нарекува микроинтеракциите иднината на UX.” Микроинтеракциите се лупа за дизајнот кој го става фокусот на прекрасни моменти кои креираат незаборавни кориснички искуства. Колку што повеќе го поместуваме фокусот кон микро моменти зa тоa кaко продуктот изгледа, правењетоо прототипи ќе биде задолжително за да се доведат до совршенство овие мали детали.

Заклучок

Мора да еволуираме или ќе бидеме истребени, затоа преживувањето зависи од читање на сигналите и адаптирање што поскоро. Функционалнте шематски прикази си имаат свое место и сега, но нивната функција како нацрт план сега е различна од функцијата која ја имаа пред пет години како формален испорачлив продукт на дизајн, и се разбира од пред 10 години кога приказите служеа најмногу за специфицирање на продукти.

11ИзворThe Future of UX Design

Практиката на правење прототипи исто така се смени. Таа, од мал блок за код кој е подготвен за продукција, прерасна во брз начин на декорирање и тестирање. Преку повторувањата, ние го надминавме стравот од код и дизајн кои се фрлаат. Затоа, прифатете го правењето на прототип заради она што е сега и она во што прераснува. Прифатете ја соработката, раната интеракција и флексибилните повторувања.

Со среќа!

P.S. Ако сте искусен дизајнер а UX е вашиот нов предизвик, погледнете ја нашата скратена студиска програма.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.