СПОДЕЛИ

Ако сте искусен графички дизајнер и имате желба да преминете на веб дизајн, голема е веројатноста дека во студиските програми за веб дизајн и UX дизајн ќе налетате на голем број познати работи и исто толку непознати.

За да успешно ја извршите транзицијата, потребно е да стекнете нов сет вештини со чија помош ќе работите ефективно (и ефикасно!) во обете области. Еве што треба да совладате:

1. Прилагодлив дизајн

Една од работите која не се менува во принт дизајнот е големината. Секој документ е дизајниран и одпечатен за одредена големина, а често пати и за само еден медиум.

Ова се разбира не е начинот на кој функционира вебот. Секој корисник може да ја посети веб страницата со помош на различен прелистувач, со различна резолуција и, од различен уред. Поради ова, кога дизајнирате за веб треба да ги имате предвид сите овие работи.

Прилагодливи сликиПрво што треба да направите е да сфатите што е и како функционира прилагодливиот дизајн, а најдобар начин тоа да го направите е преку курсот Основи на прилагодливиот дизајн. Во овој курс се дискутира за основите на прилагодливиот дизајн, но и се објаснуваат сите недоразбирања кои ги имаат искусните дизајнери за веб, зборувајќи за начинот на кој моменталните трендови кај уредите, поврзливоста и корисничкото искуство, го имплементираат овој прилагодлив дизајн. Курсот ги покрива концептите на густина на екран, флуидни мрежи и прилагодливи слики, како и актуелните стратегии за дизајнирање кои ве водат од реален модел до тестирање.

Откако ќе се запознаете со основните концепти на прилагодливиот дизајн, пред да продолжите понатаму со изучување на начините како во пракса да дизајнирате решенија за прилагодлив дизајн, ќе треба да ги совладате основите на HTML и CSS.

2. HTML и CSS

Ако сакате да дизајнирате за веб, мора да ја совладате основата – HTML и CSS.

Започнете со HTML, официјалниот јазик на вебот. Дури и со елементарно разбирање на HTML ќе научите лесно да менувате бои, фонтови и големини на веб страна. HTML е во основата на се што е веб-базирано и без него ќе имате сериозна мака во дигиталниот дизајн.

Штом го совладате HTML, следен чекор е CSS (Cascading Style Sheets, или каскадни стилски страници), јазик за стилски страници што се користи за опишување на презентацискта семантика (изгледот и форматирањето) на документ напишан во јазик за означување. CSS овозможува креирање сет од дизајн правила и може да биде употребен за креирање и одржување визуелна конзистентност.

Најважно од се’ е што не мора да бидете експерт за HTML или CSS за да креирате добри дигитални проекти, но нивното познавање ќе ви биде од непроценлива помош.

3. SEO 

Ако дизајнирате за веб, една од работите кои треба да ги имате совладано е и SEO односно оптимизација за веб пребарувачи. Како функционира сајтот и каков текст се појавува на него (дури и во скриените тагови) има драматично влијание врз наоѓањето на сајтот и како тој е рангиран од пребарувачите. Поради ова SEO е една од најважните работи во веб дизајн процесот.

SEO: Креирање линкови

4. Adobe алатки за веб дизајн

Да, не се сомневаме дека Photoshop и Illustrator ги имате во мал прст. Но, ако досега сте ги користеле исклучиво за принт дизајн проекти, најверојатно дека не знаете како тие можат да се користат за веб проекти.

Adobe Illustrator CC за веб дизајнКурсот Adobe Illustrator CC за веб дизајн е креиран за да им помогне на новите дизајнери и оние кои сега влегуваат во дигиталниот свет да разберат како Illustrator се вклопува во модерниот веб дизајн. Курсот ги покрива основните концепти и помага да ја разберете важноста на големината на екраните и разликата помеѓу големината и резолуцијата. Ви помага да прилагодите функционален работен простор и ви демонстрира како да работите со моделите на веб бои. Последното поглавје од курсот се фокусира на прилагодливиот дизајн, а курсот завршува со практична вежба предизвик, во која секој слушател треба да креира сопствен прилагодлив образец.

Adobe Photoshop CC за веб дизајн

Веб дизајнот е област која константно се менува, но Photoshop-от е сеуште класика. Дизајнерите го користат за да креираат UI елементи, веб графика, жичени модели, функционални модели и многу други работи. На курсот Adobe Photoshop CC за веб дизајн ќе откриете како Photoshop се употребува во модерниот работен тек за веб дизајн. Ќе креирате мокап (модел) за креативна компанија која содржи прилагодлив урнек, целосно развиена тема за бои и фонтови, UI комплет составен од копчиња, ленти за навигација, полиња за избирање и останати елементи на интерфејсот. Исто така, ќе научите како да ја оптимизирате веб графиката, да креирате мали слики, и да интегрирате други апликации како Illustrator и Muse во вашиот веб дизајн работен тек.

Проекти со Photoshop, Illustrator и CSS за веб дизајнПретходно стекнатите вештини од курсевите за Photoshop и Illustrator можете да ги усовршите работејќи на практични веб проекти. Курсот Проекти со Photoshop, Illustrator и CSS за веб дизајн е составен од 13 интересни проекти кои ги покриваат некои од најчестите работи со кои ќе се соочите како веб дизајнер.

5. UX дизајн

UX дизајнер (скратена програма)Предвидувањето на начините како корисниците ги апсорбираат информациите е многу поедноставно кога се работи за принт дизајнот бидејќи дизајнерот ја има целосната контрола за тоа како корисниците го прават тоа, што на некој начин е и целта.

Дигиталниот дизајн има малку поинаков пристап кон корисниците и е повеќе фокусиран кон креирање искуство за корисникот. Во дигиталниот дизајн, корисниците се тие кои вклучени во интерактивно искуство кое за нив го обезбедува дизајнерот и затоа тоа треба да биде приоритет исто колку и самиот дизајн.

За да дознаете повеќе за UX дизајнот прочитајте некоја од статиите на оваа тема или, уште подобро запишете се на бесплатниот курс Градење кариера во UX. Тогаш кога ќе сте подготвени за вистинско учење, запишете се на студиската програма за UX дизајн.

Колку ќе ве чини оваа надградба на знаењата?

Сега, откако дознавте што се’ треба да научите и зошто би требало тоа го научите, да пресметаме колку тоа би ве чинело.

# курс единечна цена
1 Основи на прилагодлив дизајн 3.539 ден
2 HTML: основи 7.669 ден
3 CSS: основи 7.669 ден
4 CSS: проекти 7.669 ден
5 Photoshop CC за вебдизајн 4.129 ден
6 Illustrator CC за веб дизајн 4.129 ден
7 Проекти со Photoshop Illustratorи CSS 7.669 ден
8 Применет прилагодлив дизајн 7.669 ден
9 Прилагодливи слики 7.669 ден
10 Проекти во прилагодлив дизајн 7.669 ден
11 Основи на SEO 7.669 ден
12 SEO: креирање линкови 7.669 ден
13 Подобрување SEO со употреба на техники за пристапност 7.669 ден
14 WordPress додатоци за SEO 7.669 ден
15 UX за веб дизајн 3.539 ден
16 Вовед воUX 7.669 ден
17 Дизајн на интеракции 7.669 ден
18 Техники на UX дизајн 7.669 ден
19 Axure RP 7.669 ден
редовна цена (поединечна набавка) 130.371 ден
цена во пакет (со попуст од 20%) 104.297 ден

Предложената програма содржи речиси се’ што би ви вило потребно за да можете да се соочите со речиси секаков проект во веб дизајнот. Секако, слободни сте и самите да си ја креирате програмата, избирајќи ги деловите кои вам ви се важни.

Времето ви е проблем?

Зафатени сте и време имате сосема малку? Нема проблем, го имавме и тоа предвид! Сите наши курсеви направени се за луѓе со густ распоред обврски како вас. Курсевите се онлајн, на македонски јазик, а можете да ги следите во било кој дел од денот, со распоред и динамика кој вам ви одговара. Новите вештини ќе ги стекнете брзо и лесно, учејќи преку работа на проекти, под надзор на искусни ментори. Потоа, светот е ваш.

Имате прашања?

Ако веќе извесно време размислувате за ова, повеќе од сигурно е дека имате многу прашања. Јавете ни се на 078 267 837, пишете ни на contact@everest.mk или употребете ја live chat формата во дното на страницава.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.