СПОДЕЛИ

Работењето од дома изгледа како рај на земјата. Еве неколку од најдобрите работи: патувањето е сведено на минимум, нема расправии околу тоа чиј ред е да направи кафе, и може да си работите по пижами.

Сепак, можете да има проблеми и кога работите од дома. Може ќе ви биде тешко да се справите со очекувањата на клиентите. Дома имате некои ситни рутини и обврски кои можеби ќе ви го одвлекуваат вниманието и кои ќе сакате да ги завршите пред да продолжите со работата која ви ја плаќа клиентот.

Откако работам хонорарно веќе две години, и од студиjата на моите клиенти и од дома, со вас ќе споделам неколку совети со кои може да видите дали работењето од дома може да ви одговара на потребите.

1. Направете си свој простор

Најважниот елемент за секоја креативна работа е да најдете место од каде ќе можете да се посветите на работата. Ако не живеете сами, особено ако живеете со деца, нема да биде решение само ако го ставите вашиот компјутер во дневната соба или кујната, и мислите дека тоа се услови за да работите. Тоа нема да функционира ни за вас, но ниту за луѓето со кои го делите домот.

Во мојот случај, имав среќа што имам една остава надвор од куќата со приклучок за светло, но без греење, па работев таму преку ден, а навечер седнував на работната маса која ми беше поставена настрана од дневната соба. Така можев да работам без да и пречам на сопругата кога таа сакаше да се одмори. Најдете место во вашиот дом кое може да го искористите како работен простор.

2. Дадете му пристап на клиентот

Алатките како Dropbox заедно со брзата интернет конекција може да го направат работењето од дома навистина одлично искуство за секој од инволвираните

Најважните сметки кои јас ги плаќам како хонорарец што работи од дома не се за подобрување на софтвер, или за нови компјутери, туку за неограничен интернет, Dropbox Pro и мојот телефон. Тие ми даваат можност да им бидам на располагање на клиентите преку Skype и да ја споделувам работната околина и екранот.

Моите датотеки на Dropbox ми се групирани по клиент. Потоа ги споделувам со моите клиенти за тие да имаат директен пристап до мојата работа ако имаат потреба.

Овој систем ми функционираше со клиентите од Сохо до Сан Диего, и ми помогна да ги ослободам клиентите од можните грижи дека нема да бидат директно вклучени во работите за кои плаќаат. Dropbox овозможува компјутерите да бидат синхронизирани, што значи дека ако патувам на состанок или сум отсутен од дома, знам дека имам пристап до сите датотеки во облак на секој уред.

3. Бидете дисциплинирани 

Алатките за архивирање како Сrashplan може да ви дадат вам и на вашите клиенти мир кога вашата работа треба да се архивира

Можеби не е нешто што очекувате, но јас сфатив дека е корисно да се спремам за на работа дури и кога работам од дома. Се облекувам во алишта кои ме прават да се чувствувам добро, како кога би работел во студиото на клиентот и секогаш сум на располагање на клиентите од 8.30 часот наутро до 6.00 часот попладне.

Ако немате некоја работа која би ја наплатиле за тој ден, обидете се тоа да не биде причина да се префрлите на телевизорот.

Наместо тоа, бидете си сопствен клиент. Ажурирајте си го веб сајтот, слушнете се со клиентитете кои ги имате или со некои од потенцијалните, потрошете време на работа на себе во формат во кој може тоа да го употребите за публицитет.

Направено дома

Оваа дисиплина треба да се префрли и на инфраструктурата. Ако некој клиент ви плаќа за да работите од дома, не значи дека вашата работа треба да изгледа како ‘направена дома’ (освен ако не е за многу кратко време). Секогаш на располагање треба да ја имате соодветната опрема, и тоа точно архивирана. Јас го употребувам  NAS за локално архивирање и краш план на друга локација.

Ова може да значи дека работењето од дома може да е поскапо, отколку работењето на дадена локација, бидејќи клиентот таму ќе ви ја донесе целата потребна опрема. Сепак, придобивките на работењето од дома се дека имате пристап до сите ваши датотеки за опремата која ја оддржувате, па сé ви е познато.Тоа во голема мера ќе ја подобри вашата продуктивност,  и нема да мора да се грижите за прилагодувањето во различно студио секој пат кога ќе започнувате со нов клиент.

4. Работете во она време кое ви одговара вам

Паметниот телефон е најважниот компјутер кој секој хонорарец мора да го поседува бидејќи ви дозволува пристап до е-пошта и датотеки додека сте во движење, и дома.

Придобивката на оваа лична дисциплина и финансиска инвестиција е што може да го закажете денот така што вашите работни обврски ќе ги распределите во периодите кога сте најкреативни, и сите останати работи, како компајлирање на апликацијата во времето кое вам ви одговара.

Постои ризик да заборавите да си оставите доволно време за одмор. Обидете се да го задржите бројот на часови исто како кога би работеле во студио. Во спротивно ќе се преморите, и може да изгубите пари ако сте се договориле на исплата по ден работа.

5. Немојте да станете самотник

Излегувајте надвор колку почесто можете

Откако ќе успеете да влезете во рутина која ви дозволува успешно да работите од дома, лесно може да се случи да заборавите кои беа придобивките на работењето во студио.

Колку многу и да го мразиме патот до работа и назад, само одењето да автобуската постојка, или автомобилот, е еден вид раздвижување. Затоа, најмалку еднаш дневно излегувајте од дома, па дури и само за да си купите ручек или кафе.

Време за трчање

Јас лично почнав да трчам. Мојот најнепродуктивен дел од денот ми е помеѓу 10.00 и 11.30 наутро, па тоа време го искористив за трчање и ран ручек, па барем се чувствувам продуктивен и во тој дел од денот, а тоа и ме потсети зошто си ја сакам работата од дома.

Уште една работа која работењето во студио ми ја понуди е контакт со луѓе. Иако и Twitter и другите форми на социјални медиуми се одлични за вести, и може да ве оттргнат од можноста да станете самотник, сепак, обидете се да си дадете по неколку денови во месецот за состаноци со клиенти и ручек со пријатели. Најважно е да излегувате од дома и да видите нешто повеќе од четирите ѕида и мониторот.

Заклучок

За да работите успешно од дома мора тоа да го третрате како кога би работеле од студио. Дизајнерите и уметниците може многу да добијат од работењето од дома бидејќи тоа дозволува да си креирате сопствена работна околина и распоред кој ви одговара. Мене лично работењето од дома ми овозможи да поминам повеќе време со семејството и да работам со поголем круг на клиенти отколку кога би работел во студио.

Единствената работа која ќе направи да не успеете е ако се затворите и не сте им на разполагање на клиентите, и ако престанете да се дружите со пријателите. Среќен уметник е продуктивен уметник. Затоа, ако имате можност да работите од дома, обидете се, тоа може да испадне најдобрата работа која сте ја направиле.

А сега, Вие сте на ред!

Ако сте фриленсер и работите од дома, кои се Вашите искуства?

извор: Creatievbloq

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.