СПОДЕЛИ

Кога станува збор за дизајнирање на корисничко искуство мора да имате проактивно гледиште.

Тоа значи да предвидите што е она што корисникот најверојатно би го правел, или би сакал да го прави, и да обезбедите едноставен начин за да го остварите тоа. Тоа исто така значи и дека вашиот сајт ќе може да се употребува без напор, обезбедувајќи му ефикасно искуство на вашиот корисник.

Добриот дизајн на корисничко искуство резултира и со добро корисничко искуство,  кое за возврат ќе ве награди на многу начини, обично преку повеќе посети по страница, повеќе споделувања на вашата страница, подобро рангирање, и повеќе продажби и конверзија.

Од друга страна, лошиот дизајн на корисничко искуство може да има целосно спротивен ефект, а корисниците, повеќе од сигурно, она што го бараат ќе се потрудат да го најдат на друго место. Вашиот сајт ќе им биде последен ресурс, нешто што секако не би го препорачале на друг. Кога корисничкото искуство на вашиот сајт е слабо, корисниците имаат чувство дека вам не ви е грижа за нив и нивните потреби.

НЕКА БИДЕ ЕДНОСТАВНО

Корисниците никогаш не треба да се мачат за да сфатат како да го направат она што сакаат да го направат. Мора да е очигледно сé што треба да направат. Една од најважните работи е да не ги криете важните опции. Не правете корисникот да треба да направи некаква вуду магија (како кликнување на икона) за да му се појават рааботите од типот на навигација. Поинаку е ако има некоја добро позната, стандардизирана конвенција за тоа (како на пример недвосмисленото хамбургер мени), но во друг случај, мора да внимавате ако сакате да сте премногу креативни.

КОГА ПОСТОЈАТ СТАНДАРДИ, УПОТРЕБЕТЕ ГИ

Не е проблем да сте оригинални, но мора да се придржувате и до прифатените стандарди за да не западнете во проблем и за корисниците да не мора да ги дешифрираат работите. Ова значи дека, на пример, навигацијата треба да биде во горниот дел, од лево, во јазичиња или во комбинација од овие неколку работи.

Ако употребувате скриена навигација, средството за откривање на системот за навигација мора да е лоциран горе, од лево, и мора да е лесен за идентификување (како со употреба на хамбургер икона за мени, па дури и текст).

Полето за пребарување припаѓа во горниот десен агол, и ако го поместите на друго место, само ќе го збуните корисникот. Ако немате простор за полето за пребарување секогаш да биде видливо, иконата која треба да ја употребите е лупата (никој не знае зошто, но тоа е најчесто употребуваната конвенција, иако нема никаква поврзаност со пребарување), пар очила, или копче со зборот “пребарај” на себе.

Линковите до вашата политика за заштита на личните податоци, условите на работа, итн, треба да се појавуваат како последни елементи на главното мени или во самото подножје на страницата.

НЕ ДОДАВАЈТЕ ФИНТИ / ТРИКОВИ

Многу работи изгледаат забавно, интересно, и… тоа е супер, но ако единствената причина заради која тие елементи се наоѓаат на вашиот веб сајт е фактот што се интересни, и на ниеден начин не ги услужуваат потребите на корисниците, тогаш сигурно тие пречат на ефикасноста и не треба да се таму.

извор: Webdesignerdepot

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.