Научете сè што треба да знаете за да може да почнете да креирате Android апликации со Android Studio и Android SDK. Курсот почнува со краток преглед на историјата на Android и последната верзија, Android 6.0 (познат како Marshmallow). Потоа, откако ќе ја прилагодиме околината за развој, ќе ви покажеме како да подготвите физички и виртуелни уреди за тезтирање и да креирате нов проект: апликација за пазарење за фиктивна компанија за спортска опрема. Употребувајќи ја оваа пример апликација, ќе ви демонстрираме како да дефинирате кориснички интерфејс со XML и виџети, да го контролирате однесувањето на апликацијата со Java, да прилагодите навигација на “екран помеѓу” и да прикажете листа на податоци и слики. Дополнително, ќе научите како да обезбедите поддршка за различни екрани и густини на пиксели на повеќе од 24.000 Android модели, колку што се моментално на пазарот.
Теми:
- Инсталирање и конфигурирање на Android Studio
- Креирање виртуелни уреди и поврзување физички уреди за тестирање
- Работа со датотеки за проекти како манифестот и Gradle скриптите
- Дефинирање кориснички интерфејс
- Менување на теми на материјален дизајн и стилови
- Прикажување пораки
- Работа со настани и менување на ориентација на екран
- Прикажување слики
- Работа на навигација со активности и распореди
- Поддршка за различни големини на екран
- Работа со податоци
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на:
- почетници, заинтересирани за учење на Java програмскиот јазик
- програмери и девелопери кои сакаат да градат софтвер и системи во Java
- студенти
Предзнаења
За следење на овој курс потребно е поседување основни предзнаења за програмирање.
Практичен дел
Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.
Сертификат
По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.
Цена
7.669 ден (пакет Премиум)
Вклучено во цената
- 30 дена пристап до материјалите за учење
- 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
- сертификат за успешно завршен курс
Ментори
Бојан Илијоски е асистент – докторанд на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на предмети од областа на програмирање, алгоритми, податочно рударење, интелигентни системи и сл. Покрај академската кариера има работено и како софтверски инженер за развој на web апликации и апликации за мобилни телефони.
LinkedIn
Иван Илиески е софтвер инженер со повеќе годишно искуство. Има работено на банкарски апликации со сензитивни безбедносни функционалности за клиенти од Швајцарија исто така има работено на апликации со специфичен дизајн и анимации. Моментално работи во Netcetera како mobile developer за Android и Ios.
LinkedIn
Прашања?
Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.