СПОДЕЛИ

Ви понудивме неколку одлични бесплатни и премиум комплети за кориснички интерфејс, но некои од вас сигурно ги имаат занемарено, бидејќи не биле заинтересирани за нешто такво… сé уште.

Денес ќе видиме што губите избегнувајќи ги овие одлични колекции, и ќе ви покажеме како може да добиете многу повеќе со нив.

Не станува збор само за копирање и вметнување на елементи, туку за подобрување на работниот процес, за добивањето повеќе со помалку работа, станува збор за многу подобар целокупен изглед. Да, ќе позборуваме и за тоа како сево ова ќе влијае на вашите примања 🙂

Да почнеме!

Што е тоа “User Interface Kit” (комплет за кориснички интерфејс)?

Комплетите за кориснички интерфејс или UI комплетите се датотеки (обично РSD, но оние кои се премиум доаѓаат со многу дополнителни работи) со многу корисни компоненти за дизајн на кориснички интерфјс. Доаѓаат со можности за многу бои и лесно се интегрираат во вашиот сопствен дизајн. Вклучуваат шеми, четки и asl датотеки кои го олеснуваат процесот на интеграција. Може да си поигрувате со боите, да креирате нови компоненти, и, доколку сакате, да ги вклучите како паметни објекти во сопствениот дизајн.

Комплетите содржат многу компоненти кои не треба да ги дизајнирате, како на пр.  предодредени елементи за селектирање, полиња за избор, прикажување слајдови, аватари и слично.

Исто така, понекогаш вклучуваат и компоненти на кои никогаш не би се сетиле да ги употребите, барем додека не ги видите, како на пр. што се лизгачките компоненти за  форма. Пред  нив, дизајнерите употребуваа едноставни полиња за внес на текст, или за селектирање, но, еден паметен дечко сфати дека лизгачот може да заврши невидено подобра работа токму кај формите.

Комплетите за кориснички интерфејс ви даваат многу идеисо кои ќе решите најсекојдневни работи, како стил на навигација, систем за оставање на траги, икони за копчиња за повик на акција, полиња за известување, листи… Сите тие се со многу детали, па очекувано, и резултатите на крјот ќе бидат неспоредливо подобри, за многу пократко време.

Па, што можете со нив? (покрај очигледното копирање и вметнување)

Замислете го ова, исто, како кога ќе најдете добар супермаркет. Повремено ќе треба да побарате и нов супермаркет или продавница, но во 99% од случаите одите во одбраниот супермаркет, го наоѓате она што ви треба, плаќате и си одите дома, без непотребно да губите време. 

Замислете си секојпат кога треба да купите нешто да треба да наоѓате нова продавница. Се сеќавате кога последен пат се преселивте? Да, токму така. Впрочем, скоро сигурен сум дека истото го правите сега и со вашиот дизајн. За секој проект се закачувате на интернет и пребарувате интересни компоненти кои би сакале да ги употребите.

Клучната работа е што само еден комплет со кориснички интерфејс може да го употребите буквално за сите проекти. Затоа откако ќе најдете добар и целосен комплет, целосно ќе го елиминирате чекорот на пребарување на компоненти од процесот на дизајнирање.

Ви споменав ли дека ЗАШТЕДУВАТЕ?

Да, многу едноставно. За хонорарците и компаниите времето е еднакво на пари. Секоја секунда која ја трошите работејќи нешто непотребно, значи дека губите проекти и истите ги подарувате на конкуренцијата.

И спротивниот ефект.

Ако некој троши 10 часа на правење распоред за страница кој вие може да го направите за 4 часа, бидејќи вие залудно не трошите време, тоа ќе значи дека може да наплатите двојно од она што го наплатувате обично и повторно да сте 20% поевтини од оној кој работи 10 часа (луда математика, но проверете ако сакате :D).

Така, и клиентот е среќен и вие сте среќни. Двојна победа.

Дополнително, може многу да научите од основите!

Распореди на страници! Кој може да им одолее? Па така, комплетите со кориснички интерфејс  (барем добрите) доаѓаат наредени (оформени). Добивате одлична датотека И од неа ќе научите како да ги копирате ефектите за да може да го сторите истото во други сопствени, прилагодени елементи.

Може да го копирате стилот на распоредите и да експериментирате со некои од нив, како со однапред направените ефекти, и да научите супер работи за ефектите, објектите, организацијата и комбинирањето на боите и стиловите.

Комплетите за кориснички интерфејс за дизајнерите се исто  што и работните рамки за програмерите

Сигурен сум дека сте виделе повеќе проекти кои се направени врз основа на работна рамка или систем за управување на содржини, отколку направени од почеток. Тоа е нешто што дизајнерите треба да го научат од програмерите: тие не се срамат да реупотребуваат работи. Има многу услуги за споделување на код, работни рамки, додатоци и теми.

Но, дизајнерите сакаат самите да ги креираат работите употребувајќи ја својата инспирација. Како еден мудар човек што рекол (можеби Пикасо?) “Добрите уметници копираат, а одличните крадат”. Не плашете се да ги употребувате работите кои ги имате на располагање (сé додека не прекршувате авторски права, се разбира!). Нема зошто одново да го откриваме она што веќе е откриено. Фокусирајте се на клучните точки, на вистинската уникатност на вашата работа.

И програмерите знаат да ги направат работите сами

Покрај тоа што комплетите за кориснички интерфејс го прават за дизајнерите, тие може да им помогнат и на програмерите. Со оглед на фактот што многу од работите веќе се направени во комплетите, програмерите може да ги завршуваат проектите и без да ангажираат дизајнери. На истиот начин на кој што дизајнерите може да употребат  WordPress и тема, развивачите може да употребат комплет за кориснички интерфејс и малку познавање од дизајн, за да добијат распореди на страници кои изгледаат одлично и да си заштедат пари.

Стандардизиран интерфејс

Уште една важна работа се стандардите. Откако ќе одлучите да употребите комплет за кориснички интерфејс или пакет со икони, ќе го задржите истиот изглед и кај другите елементи на вашиот веб сајт. Луѓето ќе прелистуваат низ различните страници и компоненти, и ќе знаат дека сите тие се слични.

Исто така, тие се направени на начин на кој многу лесно може да се интегрираат нови елементи во нив. Ако она што го барате не можете да го најдете во комплетот, секогаш може да креирате сопствено.

Многу е полесно целосно да го менувате изгледот

Клиентите знаат да бидат налудничави, нели? Па така, ако при крајот на проектот клиентот ви се јави и ви рече: Што велиш да одиме на розово? На мојата сопруга многу би и се допаднало!”  вие ќе може да смените само неколку распореди и готово. Исто, ако после имплементацијата клиентот  побара нови икони, програмерите би биле пресреќни што сте употребиле комплет, бидејќи сето тоа би го направиле со спрајтови и би го поправиле со менување на само една слика, а не цел код.

“И јас бев на ваше место”

Како Front-End тип и дизајнер, ги имам видено и двете страни од приказната. Ве уверувам дека комплетите за кориснички интерфејс ви заштедуваат многу време и мака, и не мора ништо да работите без потреба. Во исто време, добро наместените распореди на страница, особено за малите и детални компоненти се нешто со што е подобро да работите од комплети.

Па, што чекате?

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.