СПОДЕЛИ

Студиската програма Front-end девелопер се спроведува по програма направена според опис на ова работно место. Како и сите останати студиски програми и оваа програма е составена од три компоненти: едукативен дел, практичен дел и менторски сесии.

1. Едукативeн дел
Едукативниот дел има за цел систематски да го покрие најголемиот број вештините кои задолжително треба да се поседуваат. Овој дел ќе биде составен од повеќе модули кои последователно меѓусебно се надоврзуваат. Секој од составните модули е со предодредено времетраење од еден месец.

# основен модул опционен модул
1 HTML: основи HTML5 проекти
2 CSS: основи CSS проекти
3 JavaScript
4 jQuery: основи jQuery проекти
5 Прилагодлив дизајн Проекти во прилагодлив дизајн
6 Aptana Studio 3
7 GitHub

2. Практичен дел
Практичниот дел ќе биде составен од определен број задачи кои студентот ќе треба самостојно да ги изработи и достави на оценување до својот ментор.
Забелешка: За Aptana и GitHub не се предвидени посебни практични задачи. Овие алатки ќе се користат за сето времетраење на практичната настава во останатите модули.

3. Менторски сесии
Во рамки на практичната настава, секој студент добива личен ментор кој се грижи за неговиот напредок. Секој ментор е искусен професионалец со повеќегодишно искуство во областа. Неговата обврска е да ги прегледува и оценува изработените задачи на студентот а потоа, во термин кој меѓусебно ќе биде договорен, со студентот одржува 1-на-1 онлајн менторска сесија на која дискутираат за задачите кои ги доставил студентот.

Диплома
По успешното завршување на комплетната студиската програма, студентот добива диплома и звање Front-end девелопер.

НАСТАВНА ПРОГРАМА

# модул траење единечна цена
1 HTML: основи 1 месец 7.669 ден
2 CSS: основи 1 месец 7.669 ден
3 CSS: проекти 1 месец 7.669 ден
4 JavaScript 1 месец 7.669 ден
5 HTML5: проекти 1 месец 7.669 ден
6 Aptana Studio 3 1 месец 2.359 ден
7 GitHub 1 месец 3.539 ден
8 jQuery: основи 1 месец 7.669 ден
9 jQuery: проекти 1 месец 7.669 ден
10 Основи на прилагодлив дизајн 1 месец 3.539 ден
11 Применет прилагодлив дизајн 1 месец 7.669 ден
12 Прилагодливи слики 1 месец 7.669 ден
13 Проекти во прилагодлив дизајн 1 месец 7.669 ден
Вкупно 86.127
Попусти за повеќе модули Попуст Модули Траење Цена
Комплетна програма Front-end девелопер 20% 1-13 6 мес. 68.902
Скратена програма Front-end девелопер 15% 1-7 3 мес. 37.607

Консултации

Доколку имаш прашања на кои не можеш да најдеш одговор, закажи уште денес бесплатни индивидуални консултации. Избери термин кој ти одговара и представник на академијата ќе те побара.

Уписи

За да почнеш да студираш на веб академијата Еверест, не мораш да го чекаш вообичаениот почеток на академската година. Почни со студии тогаш кога ќе бидеш подготвен(а). За да се запишеш на студии, првиот чекор е пополнувањето пријава.

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.