СПОДЕЛИ

За многумина, изборот на кариера која им одговара е голема одлука и не е нешто што го земаат здраво за готово. Како што работодавачите бараат повеќе вештини од своите работници, така и побарувачката за обуки на далечина станува попопуларна. Впрочем, есента во 2011 година, во Америка, 6,7 милиони студенти се запишале на најмалку еден курс на далечина што е повеќе од 500 000 студенти споредено со претходната година.

Која е големата разлика помеѓу образованието на далечина и традиционалното образование?

“Секој ученик учи поинаку, и во денешната ера на напредна технологија, прашањето не е дали да понудите часови на интернет, туку како да ги имплементирате,” вели Алисон Хилтс, поранешна студентка која посетувала традиционано образование и образование на далечина, и која пишува за блогот The Book Wheel.

Постојат неколку опции кога зборуваме за дипломи преку традиционалното образование и образованието на далечина. Платформата нуди сé, од уверенија и сертификати, до понапредни опции за дипломи, како додипломски и постипломски студии.

Со константните промени во технологијата од сите различни програми за добивање на дипломи требада ги погледнеме предностите на учењето на далечина наспроти традиционалното образование, и да видиме како секое од нив влијае на вас како студент.

Образование на далечина наспроти традиционално образование: флексибилност

Една од клучните компоненти кои треба да ги земете во предвид кога ги разгледувате опциите е времето со кое секојдневно располагате. Дали сакате да посетувате факултет по распоред, или имате потреба од пофлексибилен распоред?

Флексибилноста бил најважен фактор за Кејси Хортон, додипломец по социологија и психологија од универзитетот Ashford. Хортон, која била вработена, имала потреба од  програма на далечина токму заради удобноста и комодитетот. “Ако имате семејство, работите и не можете да најдете работно место кое ќе е флексибилно за вашите планови за образование, тогаш образованието на далечина е за вас,” вели Хортон.

Образование на далечина:

Придобивката од курс на далечина е флексибилноста. Ова е одлична опција за сите кои веќе имаат обврски, како семејство и/или работа. Курсевите на далечина може да се прилагодат на вашиот распоред. Треба само да се регистрирате на вашиот курс во време кое вам ви одговара, што е одлично наспроти наставата која мора да ја слушате во одредено време преку традиционалниот модел.

Традиционално образование:

Оваа опција е одлична за оние кои имаат повеќе време во својот дневен распоред. Дури и ако се надевате на мала флексибилност, курсевите обично нудат распореди за преку ден и попладне, за да може часовите да ги координирате со вашите дневни обврски. Една работа која мора да ја земете во предвид е местото на живеење или работа наспроти местото на кое ќе го слушате курсот.

Образование на далечина наспроти традиционално образование: дисциплина

Уште една работа која мора да ја имате на ум е вашата дисциплина. Дали имате потреба од структура за да бидете успешен студент? Дали имате потреба од листи со кои си го следите наспредокот? Ако вашиот одговор е да, тогаш учењето на далечина може да е вистинкиот пат за вас.

Дисциплината е важна за дипломите на далечина исто колку што е важна и за традиционалните. Анита Хауг, додипломец на универзитетот Louisville, успеала и со двете. “Кога сте студент на далечина, потребна ви е поголема дисциплина, но ако ги имате вистинските алатки…тоа е вредно искуство,” додава Хауг.

Образование на далечина:

Кога сте студент на далечина мора да сте самомотивиран. Без план или некаков вид на организација, вашата работа ќе пати. Но, ако самите си зададете крајни рокови и приоритети во распоредот за учење, ќе успеете.

Традиционално образование:

Традиционалното опкружување би било за вас ако имате потреба од надзор за да ги завршите обврските. Методот на традиционалното образование ќе ви ја даде поддршката која ви е потребна за да може да ги завршувате задачите на дневна основа.

Образование на далечина наспроти традиционално образование: социјална интеракција

Уште една област за која мора да размислите е дали имате потреба од искуство во училница, во кое се обезбедува комуникација еден-на-еден, или сте некој кој може да напредува во независна околина на учење? Брајан Керни, студентот по комуникациски вештини на универзитетот Rowan, ужива во часовите и проецесот на учење лице во лице, нешто што учењето на далечина не може да му го понуди.

Образование на далечина:

Интеракцијата со инструкторите и соучениците може да ја имете и како студент на далечина, само што таа ќе биде преку видео врска. Учењето со видео може да ви помогне да се фокусирате на самостојно учење и часовите може да ви поминуваат побрзо бидејќи ќе ги нема очекуваните доплнителни работи кои го одвлекуваат вниманието и фокусот при традиционалното учeње во училница.

Традиционално образование:

Традиционалното образование е подобро за оние кои имаат потреба од дирекна комуникација очи во очи. Понекогаш, некои луѓе, кога немаат непосредна интеракција со инструкторите се случува да работат помалку продуктивно. Ако сте еден од тие, поголем успех ќе постигнете со традиционално образование.

Образование на далечина наспроти традиционално образование: комбиниран модел на образование

Во моментов си велите дека и двата модели на образование имаат сопствени предности и недостатоци. Или можеби, и двете опции ви звучат одлично. Ако е така, еден напис од 2012 од Inside Higher Education се согласува со вас.

Во написот се вели дека студентите кои работеле по комбиниран модел имале подобри резултати од оние кои следеле исклучиво еден од моделите. Имено, Rasmussen College открил дека повеќе од 14,000 ги имале придобивки од таквиот модел.

Па, каков е тој комбиниран модел?

Овој модел ја комбинира блискоста и директната интеракција на физичката училница со флексибилноста и удобноста на училницата на интернет.

На училиштата им се допаѓа комбинираниот модел бидејќи им обезбедува на учениците современ софтвер за подучување и им дозволува на инструкторите да имаат повеќе слобода при планирањето на нивните наставни единици. Студентите го ценат овој модел бидејќи нуди оддишка од старите учебници и монотоните часови во училница.

Јасно е дека има многу опции со кои може да дојдете до диплома, а новото комбинирано образование е во подем.

Одлуката е ваша

На крајот на краиштата, само вие може да одлучите како ќе дојдете до посакуваната диплома. Се надевам дека оваа споредба ќе ви даде малку појасна слика за планот кој вам лично ви одговара. Пред да се одлучите, детално разгледајте ги и двата модели за да сте сигурни кој е оној кој се совпаѓа со вашиот животен стил.

Патем…

Веб академијата Еверест го нуди токму тоа, учење на далечина со помош на ментори. Значи, ако од било која причина не сте во можност да следите традиционална настава, студирањето на нашата академија би можело да биде вистинското решение за вас. Погледнете ги нашите студиски програми и потоа закажете индивидуални консултации на кои ќе добиете одговор на сите ваши прашања!

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.