СПОДЕЛИ

Дизајнот на веб сајтовите изгледа навистина среќно во последно време. Дали причината е тоа што пролетта се чувствува насекаде, или пак, има добра вибрација во воздухот? Трендовите во дизајнот на веб сајтовите овој месец се огледало на тоа добро чувство. Исполнете се со илустрации во стил на икони, фотографии поголеми од оригиналот и светли бои.

1. Илустрација со стил на икона

Тешко може да не ви се допадне одлична илустрација. Најдобрите илустрации кои во моментов се актуелни малку наликуваат на икони. Ова доаѓа со неколку препознатливи карактеристики:

  • Рамни и едноставно илустрирани елементи (забележете како сите мали илустрации се комбинирани на Confederation Studio сајтот). Светла боја или едноставни примарни бои
  • Геометриски форми со интерактивни цели
  • Елементи со изглед и чувство на икона, без елемент содржателот, па визуелно ја гледате како цртеж, а не копче
  • Ефекти на рачно нацртани илустрации
  • Елементи кои наликуваат на икони, но зафаќаат значително поголем простор на канвасот од просечна икона
  • Едноставни цртежи со линии (како стилот од Draw a Better 2016)

Она што е интересно кај овој тренд е тоа што успева да инкорпорира ексцентрични идеи во еден дизајн проект, без тие да даваат чувство на претерана ексцентричност. Креира одличен баланс помеѓу рачно направено и професионално. Исто така, има помажествена атмосфера од другите трендови кои се фокусираат на чудни идеи, како на пример водени бои или рачно напишани букви за скрипта.Дури и ако не сте илустратор, можете да го искористите овој тренд. Има многу производители, кои се бесплатни или се плаќаат,  и кои може да ви креираат комплети на векторски икони. Барајте комплет кој ги вклучува сите датотеки со форми, за да ги извлечете деловите, да ги смените боите и повторно да ги составите деловите за да креирате илустрирана иконографија за вашите проекти.

confederation-1024x706mod-1024x706draw-1024x706

2. Гоолема фотографија

Голема фотографија или слика остава одличен прв впечаток. Затоа, многу дизајнери избраат огромни слики за да ги привлечат корисниците кон своите дизајни. Овој елемент може да изненади, интересен е, и е одлична алтернатива кога имате на располагање само една или две одлични слики, а не огромна библиотека со слики.

За да сте сигурни дека вистински ќе ги искористите придобивките на овој тренд, треба да направите една од трите работи кои следат:

  1. Исечета ја фотографијата за таа да зафаќа значителен дел од екранот и скалирајте ја со размер кој ја прави поголема од оригиналниот предмет во реалноста.
  2. Зумирајте до скоро непријатно преувеличување на сликите со луѓе и лица за да се прикаже секој најмал детаљ.
  3. Поставете стандардна фотографија, но додадете елемент кој е поинаков или интересен на неочекуван начин.

Сите овие техники може да ви се чинат тешки на почетокот. Интензивни исекувања, лица од премногу блиску, чудни работи. Пристапете на визуелните елементи на овој тип на дизајн на малку поинаков начин. Почнете со најголемата или најчудната можна опција. Потоа правете мали измени и секој пат размислете дали ви се допаѓа сликата. Постои голема веројатност да се вратите кај една од претходните опции.

Следејќи го овој пристап си дозволувате да го погледнете дизајнот и распоредот на сликите на поинаков начин. Тоа ги прави овие трендови толку успешни. Сликите се различни. Тие ги привлекуваат корисниците токму заради тоа што формите, исечоците и севкупниот стил се нешто што не можат да го видат на повеќето сајтови кои секојдневно ги посетуваат.
curaterz-1024x706featuredgrisly-1024x706

3. Светли бои

Светлите, храбри бои се во тренд. Овој тренд е под влијание на материјалниот дизајн. Иако материјалниот дизајн е дизајн базиран на интеракција, некои од визуелните компоненти добиваат сопствена екстензија. Ова особено се однесува на бојата.

Зошто да употребите палета на бои од материјалниот дизајн кога остатокот од дизанот не е материјален? Затоа што тоа е едноставен начин да додадете модерен елемент во проект без многу да го поправате дизајнт. Само треба да додадете светла боја, а остатокот од проектот да не претрпи големи измени, освен се разбира, мали прилагодувања во CSS или распоредот на сликите.

Што е материјална боја? Нема совршена дефиниција, но еве како ја опишува Google: “Бојата во материјалниот дизајн е инспирирана од силни тонови во контраст со пригушени позадини, длабоки сенки и осветлени површини. Материјалниот дизајн се користи со современата архитектура, сообраќајните знаци, ознаките на тротоарите и атлетските терени. Бојата треба да е неочекувана и жива.” https://www.google.com/design/spec/style/color.html

Ако сакате да креирате палета со бои инспирирана од материјалниот дизајн, и имате потреба од почетна точка, обидете се со http://www.materialpalette.com/

Опциите со силни бои се убави и се истакнуваат во однос на повеќето смирени проекти со минимален стил. Светлата сина, зелена и жолта се особено популарни во палетата со бои. Трендот се фокусира на дел од материјалните бои, а не на целата палтета.

За проект кој воодушевува, потребно е повеќе од светла боја. Расположението кое го пренесува проектот мора да е подеднакво весело.

  • Забележете како Lefty прави комбинација на светло зелена боја со слики на среќни луѓе кои се смеат, за да креира позитивно чувство низ целиот проект.
  • BNP Paribas употребува светло зелена за да ги внесе корисниците во интерфејс со стил на игра кој е поставен на потемна позадина.
  • Big Drop употребува жолта боја (и сина, црвена и зелена при скролување) со лесни слики и забавно типографско писмо за да ги привлече посетителите, и да направи деловниот сајт да изгледа помалку формално.

Трикот кога додавате елементи од материјалниот дизајн е да не го изгубите брендот. Немојте да ја преработувате целата палета со бои врз основа на еден тренд, туку најдете начин да инкорпорирате светла боја без оптеретен дизајн. Примерот употребува одлични елементи за кои треба да размислите: употребете едноставна обоена форма како висуелен елемент, обидете се со силно обоен наслов или панели со светли бои за да креирате подлабоко корисничко искуство за корисниците, кога тие ќе скролуваат надолу по страницата.

lefty-1024x706bnp-1024x706bigdrop-1024x706

Заклучок

Одлично е кога само неколку трендови може да ве направат среќен. Тоа го прави оваа група со бои, избор на фонт и слики. Можеби не станува збор само за влијанието на пролетта, па ќе продолжиме да ги гледаме овие елементи во повеќе дизајни во месеците кои следуваат.

извор webdesignerdepot

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.