СПОДЕЛИ

Секој графички дизајнер ќе ви каже дека типографијата може да се употреби за да ја насочите интеракцијата со читателите за да го пренесете она што сакате. Пораката може да се пренесе само ако визуелниот јазик е во иста линија со вербалниот јазик. Понекогаш, типографијата ви дава визуелен ефект кој зборува погласно и од зборовите.

Прилагодливиот дизајн зависи од оваа перспектива. Има голема врска помеѓу концепцијата на зборот, и неговото пренесување преку визуелен медиум. Професионалната графика се потпира на визуелните елементи за доследно да го пренесе вербалниот јазик и неговото буквално значење. Просечните дизајнери не посветуваат премногу размислување на типографијата, но потсвесно и тие се под нејзино влијание.

Зошто воопшто да се грижите за типографијата?
  1. Во последнава деценија, фонтовите и нивниот изглед имаат претрпено многу измени, а некои нови фонтови, како Helvetica оставија голем печат.
  2. Најголемиот пример за релевантноста на типографијата во веб дизајнот е во контекст на препознавање на брендот. Боите асоцираат на брендот, фонтот и текстот, заедно го креираат брендот, и прават тој да се разликува од останатите брендови, и да биде доволно препознатлив за корисниците.
  3. Фонтовите се како модата. Новите фонтови внесуваат доза на свежина, особено за да претстават одреден изглед кој може да се дизајнира со помош на типографски елемент.
  4. Некои фонтови се само варијации на други фонтови, а некои фонтови, пак, се комбинираат со дрги фонтови за да произведат “нов” фонт. Старите методи и фонтови им отстапуваат место на новите.
Будење чувства и реакции во прилагодливиот дизајн преку типографија

Главниот текст и тонот, заедно со визуелниот јазик и зборовите, се важни за да се пренесе чувство и атмосфера. Текстот сам, изолирано не може да ја пренесе истата порака, иако уметниците може да го интерпретираат исто, и на крајот, сепак, креираат сосема различни текстови.

Мобилниот свет е предмет на брзи промени, и важноста на прилагодливиот дизајн не може да се игнорира. Главната содржина е основна цел, и затоа типографијата е онаа која може да го даде вистинскиот ефект. Успешниот веб дизајн во основа е вистинска типографија во рамнотежа со вистинска содржина. Секој елемент треба незабележително да се претопува во другиот.

Совети за успешна типографија

Премногу типографски писма може да го одвлечат вниманието

Треба да го ограничите бројот на типографски писма за еден веб сајт, за да постигнете конзистентност во вашиот дизајн. Употребата на еден фонт на ваб сајтот знае да биде монотоно, но затоа менување фонт во секоја втора реченица ќе има исто толку негативно влијание врз содржината.

Совршена рамнотежа помеѓу двете екстремни решенија е вистинискиот начин. Целта на дизајнот и сте информации кои се поврзуваат со неа, треба да се пренесат и визуелно и преку текст.

Изборот на фонтови го дава карактерот на сајтот

Изборот на фонт или типографски писма се употребува за да се пренесе целта на веб сајтот. Прегледнајте ја неговата основна цел и организација, и потоа усогласете го секој елемент со основната идеја. Избирањето на вистинското типографско писмо е особено важно, бидејќи му дава карактер на сајтот.

Подредувањето е важно

Начинот на кој го порамнувате текстот и неговиот распоред може да има големо влијание врз читателите. Порамнувањето кон десно, кон лево, централно или од двете страни, треба да го одлучите дури откако ќе го финализирате дизајнот. Порамнувањето треба да ги насочува читателите и корисниците да ги бараат информациите преку структурата и текот.

Типoграфијата го сочинува најголемиот дел од веб дизајнот

Повеќето луѓе доаѓаат да читаат, а не само да гледаат. Доаѓаат за да добијат информации од некој текст, критика, или информација за некоја нова апликација. Затоа, содржината е важна. Боите или елементите во дизајнот само му додаваат вредност на интерфејсот. Со вистинска типографија, можете да сте сигурни дека сајтот е привлечен и дека успешно ќе им го привлекува вниманието на посетителите.

Фонтографијата која е неопходна, значи да вложите многу труд и да имате познавање од фонтовите, и е особено важна за секој  дизајнер.

Бидете креативни со текстот

Типографските писма имаат сопствена убавина и може да се интерпретираат во различни контексти, па затоа, исто како и другите уметности и вештини, имаат свој идентитет. Кога ги употребувате механички ја контролирате експресивноста на медиумот и ја губите неговата јасност и живост. Со ненасилена типографија можете многу да допридонесете во пораката на текстот. Со постоењето на Google фонтовите, Тypekit, WebINK, и другите веб алатки, навистина немате изговор за лоша типографија.

Зголемете го текстот кога е неопходно

Важноста на содржината треба да се пренесува преку големината на типографските писма и буквите. Збивањето на стотици зборови во една насловна линија е лудо и глупаво. Поставувањето на големината на една лента под насловот со не повеќе од 10 збора, може да ви помогне набрзина да ги информирате корисниците за веб сајтот и целта на неговата содржина. Дел од типографијата е уметничко дело, а дел е грозен заради недостаток на знаења.

Чувството на цел на еден веб сајт кое се пренесува преку типографија само ја засилува читливоста на остатокот од содржината на страницата.

Бидете креативни со изборот на фонт

Дизајнери, престанете да употребувате “Times New Roman” за сите сајтови, и бидете покреативни при изборот на фонт. Helvetica, Comic Sans, Verdana, Georgia, Franklin Gothic, се само неколку од фонтовите кои додаваат слој на визуелна длабочина на содржината на сајтот, и може да им помогнат на компаниите креативно да се изразат себе си.

 

Дали сте знаеле…

… дека типографијата (уметност и техника на аранжирање фонтови) е основата на секој дизајн, вклучувајќи го и веб дизајнот? Ако сакате да станете одличен (веб) дизајнер, ова е една од работите која ќе морате да ја совладате.

Типографијата можете да ја совладате како поединечен курс или во рамки на студиската програми за UX дизајн на веб академијата Еверест.

Највредниот дар кој го поседуваат луѓето е грижата и споделувањето.
Споделете го тоа што го имате, грижете се за тие кои ги имате.

Ако ти се допадна статијава, сподели ја со своите пријатели.
Ќе ги израдуваш и нив и нас.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.