СПОДЕЛИ

Loop е Булов атрибут на видео тагот во HTML5 кој е поддржан во најновите верзии на модерните прелистувачи, вклучувајќи го и IE 9.0. Се однесува на серија на кратки видео клипови, кои почнуваат одново и одново. Оваа опција беше одлично прифатена кај веб развивачите и веќе има влијание во многу проекти, а резултатот е поинтересни и попривлечни веб сајтовите.

Овие низи кои се повторуваат може да ги видите во најразлични веб проекти, од портфолиа на интернет до сајтови за мобилни апликации. Веб развивачите ги претпочитаат кратките видеа во времетраење од 5 до 10 секунди, кои ја обединуваат темата и следат една цел, на пример, да го прикажат потенцијалот на компанијата преку видео извештаи за завршената работа. Ова решение ви помага да привлечете внимание и да ги заинтересирате луѓето, да го збогатите игледот, да го подобрите корисничкото искуство и да го засилите општиот впечаток. Иако неговата имплементација е задача кој бара време и искуство, особено ако треба да ја направите и снимката, сепак резултатот вреди за сета мака.

Ајде да погледнеме неколку одлични примери на дизајни на веб сајт кои ги пребродиле сите пречки и ги збогатиле своите веб сајтови со прекрасни циклични видеа.

Haigh and Hastings

Haigh and HastingsHaigh and Hastings претставува одлична врска помеѓу воведната секција, на која се прикажани неколку циклични видеа во позадина и софистицираното мени за навигација, во кое се употребени слики со висок квалитет како позадина.

Webgriffe

Video backgrounds websitesWebgriffe го зацврстува брендот и развива идентитет преку одлично направена секција за добредојде, која токму преку серијата на кратки видеа добива неверојатен изглед за паметење. Видеата го прикажуваат работниот тек на агенцијата на примамлив начин.

Spacejunk

SpacejunkSpacejunk, од првата минута, остава препознатлив печат и ве прави редовен корисник преку сликата на ексклузивност и рафинираност каја ја претставува. Серијата од преубави, професионално изработени видеа, кои бесконечно се повторуваат, игра главна и многу важна улога на сајтот.

Eva

Websites with Looped VideoОчигледно е дека привлечното искуство на страницата на пристигнување е постигнато со сет на циклични видеа. Страницата е многу мудро поделена на три еднакви дела со цел визуелно да опфати различни сфери, почнувајќи од забава, па сé до работа.

Newrow

NewrowГлавната цел на овој циклус на видеа е да се охрабрат луѓето кои сакаат да го живеат животот со полн здив, да ги употребат новите начини на образование. Овде, почетната страница е поделена на два дела кои креативно и ефикасно го поддржуваат поднасловот.

Gracepoint

GracepointGracepoint го насочува вниманието на посетителите кон една крими драма на Fox. Иако има сами три подстраници, тимот успеал да пренесе застрашувачка атмофера преку позадина во стилот на темната динамичка кинематографија.

Pastamancini

PastamanciniPastamancini, со серијата на кратки видеа на кои се прикажуваат прекрасни пејзажи и сцени од близу од природата, ве полни со чувство на чистина и природност. Решението одекнува низ сите слики и графики на веб сајтот.

Dalbello

DalbelloОвде, интензитетот на проектот се зголемува преку неколку видеа со живописни снежни сцени, полни со позитивни емоции и спортска вибрација, кои се пуштаат одново и одново. Тие идеално се вклопуваат со дизајнот на целиот веб сајт, кој е направен со светли бои и тема која одлично одговара.

Distill

DistillDistill е за креативни луѓе кои имаат потреба од бесплатни, кратки HD видеа за лични и комерцијални проекти. Екранот за добредојде ве пречекува со воодушевувачки пејзаж, кој не само што е репрезентативен пример, туку и го промовира концептот.

Drygital

DrygitalDrygital ги поздравува посетителите со возбудливи и динамички скратени видеа, кои можеби малку се засените од суптилниот ефект на полутон, но затоа ефективно го подобруваат логото, поднасловот и ”дух” копчето за повик на акција од позадината.

Trif

Trif
Trif буди измешани чувства. Тимот употребува серија мистериозни, двосмислени, но интересни видеа кои го задржуваат вниманието.

Mr. Stefan Braun’s

Mr. Stefan Braun’sОфицијалниот веб сајт на Mr. Stefan Braun е полн со позитивни емоции, наелектризирана атмосфета и многу забава. Видеата со тема забава зборуваат самите за себе притоа засилувајќи ја моќта на дизајнот и целиот веб сајт.

Z+

Z+Употребувањето на визуелно привлечни gif анимации кои го откриваат работниот тек на идните апликации е голем тренд кај развивачите на мобилни. Официјалниот веб сајт на Z+ вклучува неколку видеа кои ви ја навестуваат играта која предизвикува.

Boo Cat Club

Boo Cat ClubПокрај тоа што поднасловот “Revived and Alive” (Оживеан и жив) го претставува клубот за кој е креиран овој веб сајт, неколкуте кратки видеа со ведро расположение дополнително го поткрепуваат и засилуваат неговото значење. Решението ги инспирира посетителите на интернет.

Triptych

TriptychПочетната страница го должи својот забележителен и весел изглед на трите беспрекорно изработени фотографии со прекрасни, суптилни движења. Тие го рефлектираат концептот на триптих, вид на уметност или фотографија која е составена од три различни сценарија, поделени со јасни граници и варијација на една тема.

Primal

PrimalPrimal има интересен вовед во страницата во кој вклучува неколку видеа од по пет секунди со луѓе кои врескаат. Почетната страница се базира на едно видео со двојно значење, кое постојано се повторува.

I am Baaz

I am BaazТимот додава чувство на креативост и ја покажува својата стручност со помош на пет професионално снимени видеа кои се комплементирани со впечатлива типографија и неколку ситни ефекти. Благодарение на постојаното пуштање на видеото, корисникот добива можност да ужива во мајсторството.

Vesper Hotel

Vesper HotelПочетната страница се обидува да ги убеди посетителите дека Vesper Hotel нуди незаборавни искуства преку јасни и живописни видеа кои се пуштаат без задоцнувања и паузи.

Tours Altitude

Tours AltitudeTours Altitude ги пречекорува границите на конвенционалните почетни страници со видео дизајн. Почетната страница вклучува неколку преубави видеа кои имаат за цел да ги мотивираат потенцијалните корисници. Дополнително, секое од нив претставува регион преку серија на фотографии кои ќе ве остават без здив.

Umbrella Here

Umbrella Here
Веб страницата се потпира на визуелните елементи, оставајќи силен впечаток и печат. Неколкуте убави видеа, поддржани од одличната и описна слика во позадина, даваат јасна слика за продуктот кој следи.

Заклучок

Огромен тренд помеѓу снимателите-аматери кој веќе има огромно влијание во веб дизајнот. Сериите на кратки циклични видеа одлично ги обележуваат почетните страници, му даваат посебна атмосфера на сајтот и ги забавуваат корисниците.


Импресионирани сте од горенаведените сајтови? Еден ден и вие ќе можете да го направите истото, по завршувањето на студиите на веб академијата Еверест.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.