Го употребувате секој ден за трансакции на пари, за истражување, за пазарење и социјални медиуми, но, дали знаете како работи? Во овој курс, ќе ве запознаеме со технологијата која стои зад вебот, терминологијата и начинот на кој сите работи се вклопуваат за да овозможат веб сајтовите да работат. Курсот дава краток преглед на вклучените технологии (HTML, CSS, URL, DNS, HTTP, и IPv6), и ја објаснува разликата помеѓу front-end (она што го гледаме) и back-end (она што не може да го видиме) на вебот, а сето тоа во водич низ светот на домените, серверите, базите со податоци и технологиите на “едноставен македонски јазик”.
Теми
- Работа со веб клиенти и сервери
- Разгледување на HTTP
- Како работат прелистувачите
- Структурирање на HTML
- Контролирање на презентацијата со CSS
- Скриптирање со JavaScript
- Работа со податоци
- Работа со систем за управување на содржина (како WordPress)
- Употреба на услуги во облак
Кому му е наменет овој курс?
Овој курс им е наменет на оние кои сакаат да станат веб професионалци и сакаат да градат кариера во областа на вебот.
Практичен дел
Курсот е од теоретска природа и не содржи практичен дел.
Формат на курсот
Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.
Цена
- 0,00 ден
Вклучено во цената
- 10 дена пристап до материјалите за учење
Прашања?
Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.