СПОДЕЛИ

WordPress движи милиони блогови и вебсајтови. Ако сакате да научите како да креирате свој, ова е вистинското место од каде што треба да започнете. На овој курс ќе научите како да креирате и објавувате постови и страници, да го прилагодувате сајтот со помош на теми, виџети, прилагодени менија но и да ја проширите функционалноста на WordPress со употреба на додатоци. Исто така, ќе научите како да стекнете поголем број читатели со помош на споделување содржини и коментирање на социјалните мрежи и да ги поставите параметрите така што вашиот сајт ќе биде сигурен и безбеден.

Теми

  • Запознавање со WordPress
  • Инсталација и активирање на WordPress
  • Објавување постови и страници
  • Употребување образци за страници
  • Вметнување слики, видео и друга медиа
  • Уредување постови
  • Менување теми
  • Инсталирање додатоци
  • Додавање корисници
  • Обезбедување WordPress сајтови

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на оние кои сакаат да почнат да изработуваат веб страници или блогови со помош на WordPress.

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе изработи веб страница или блог по сопствен избор, под надзор на ментор.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • хостирање на 1 блог/веб страна
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментор

MarjanМарјан Стојанов е WordPress guru а со него професионално се занимава повеќе од 6 години. Негова специјалност се изработка на custom WP теми и плагини. Неговите плагини за WP овозможуваат поврзување на онлајн плаќање преку сигурносни сервери, експортирање податоци во .xls формат, trial membership… Во моментов работи како Head Web Developer во МКхост, еден од партнерите на веб академијата Еверест.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

 

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.