СПОДЕЛИ

Има една изрека дека ниту еден проект или задача не пропаднала од премногу комуникација, туку од премалку комуникација меѓу фриленсер и клиент.

Освен што е важно комуникацијата цело време да биде постојана, без никакви прекини, исто е важно да биде отворена и искрена. Значи освен квантитет, и квалитетот на комуникацијата е битен фактор. Клиентот никогаш не смее да се посомнева дека нешто не е во ред од негова страна за да трпи вашата комуникација.

Активната комуникација значи активно слушање на клиентот и неговите барања. Бидете концентрирани и запишувајте дури и најмали ситници кои откако ќе ги реализирате клиентот ќе сфати дека бил слушнат. Ќе бидете изненадени од неговата реакција кога ќе види дека она што го барал е инкорпорирано во самиот дизајн.

happ2Поставувајте прашања, многу прашања. Се она што мислите дека ќе ви помогне, колку и да ви звучи непотребно може да биде пресудно во насоката во работата отпосле. Уште повеќе ако со клиентот имате состанок во живо, а не само онлајн. Понекогаш ако не носите со себе нотес и пенкало, само вклучете го диктафонот на вашиот мобилен и дома преслушајте го, ќе се изненадите со сите детаљи кажани меѓу редови.

Редовни апдејти за процесот на работа. Ако имате некоја нова интересна идеја, веднаш споделете ја, не чекајте само да пишувате официјални мејлови. Така ќе му ставите до знаење на клиентот дека работите постојано, а не само колку да му ги земете парите.

Искреноста е особина која мора да ја практикувате постојано. Ако клиентот има невозможни барања, веднаш кажете му „не“ и зошто. Не чекајте да изгубите драгоцено време и пари, пред и двајцата да сфатите дека нешто не може да се направи. И да, професионален клиент ќе го цени тоа, ако не веднаш, во иднина сигурно.


Автор: Даниел Јанев

Даниел Јанев, еден од менторите на веб академијата Еверест, веќе 10 години работи како графички и веб дизајнер веќе за најпознатите македонски маркетинг агенции и дизајн студија. Како фриленсер работи и за клиенти од целиот свет на различни проекти од лого дизајн па се до целосни веб решенија и дизајн на мобилни апликации. Специјалност му се едноставни, векторски и минималистички решенија. Уредник е на dezen.mk, блог специјализиран за дизајн и фриленсинг.

Даниел е ментор за курсевите на Adobe, типографија и визуелен дизајн.


Оваа статија првобитно е објавена на dezen.mk, првиот македонски блог за фриленсери.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.