СПОДЕЛИ

Ако редовно ги следите нашите статии, мошне е веројатно дека понекогаш сте размислувале за тоа еден ден да се вработите во некоја фенси, hi-tech фирма во која ќе имате прекрасно работно опкружување и егзотичен хардвер, ќе бидете дел од тим кој кон вас ќе се однесува со почит, ќе ви биде овозможено континуирано усовршување и напредување, ќе учествувате на тим-билдинг и afterwork забави и, конечно, не помалку важно, ќе бидете одлично платени за својата работа.

Иако можеби сето ова ви изгледа како сцена од некој американски филм, ова е реалност за голем број македонски фирми кои се занимаваат со развој на софтвер и услуги во ИТ индустријата. Не е тајна дека речиси сите овие фирми се извозно ориентирани и работат за клиенти ширум светот, при што поголем дел од нив се бават со outsourcing. Со оглед на тоа што нивните клиенти кои го ценат и наградуваат овој вид интелектуален труд, и уште повеќе, имајќи го предвид недостатокот од кадри со специјализирани вештини, не се за изненадување високите плати во оваа индустрија.

Како да ја остварите оваа цел?

ИТ индустријата е високо компетитивна и во неа не може да се вработите со врски, партиска книшка, а често пати дури ни со факултетска диплома. Она што ви е потребно за вработување во било која фирма во оваа област се вештините. Ако ги немате, не чекајте, почнете со подготовки уште денес.

Како што веќе веројатно дознавте, Веб академијата Еверест е стручна школа која е специјализирана за токму ваков вид студии на далечина со помош на ментори со чија помош ќе го стекнете тоа што ви е потребно за вработување. Од друга страна, Еверест има голема мрежа од партнерски фирми со кои соработува и на своите студенти им помага при вработување.

Имате мал проблем со финансиите?

И покрај тоа што студиите на Еверест се финансиски далеку подостапни од традиционалните студии, тие сепак не се бесплатни. Доколку сте невработени, или пак живеете од една плата, студирањето може да ви биде само мислена именка.

Па, како да студирате во ситуација кога немате пари за школарина?

Решението за овој многу чест проблем го најдовме кај еден од нашите партнери – штедилницата ФУЛМ (fulm.com.mk), чија специјалност се финансиските услуги. Со нив, Веб академијата Еверест започнува заедничка акција која на лицата заинтересирани за студии на далечина ќе им овозможи плаќање на студиите по нивното завршување.

Како функционира ова во пракса?

За да не ве оптеретиме со премногу детали на почеток, ќе разгледаме едно релативно често сценарио. Да речеме дека сакате да станете Front-end девелопер (развивач, програмер…). Оваа студиска програма е составена од 13 поединечни курса а студиите, во зависност од динамиката со која ќе решите да учите, можете да ги завршите за период од 6-12 месеци. Школарината за оваа студиска програма изнесува 68.902 ден односно 1117 ЕУР, што е речиси двојно помалку од слични традиционални студии во оваа област.

Доколку го немате овој износ, еве две решенија од ФУЛМ:

1. Првото решение е да побарате кредит од ФУЛМ на овој износ кој ќе почнете да го враќате веднаш, односно по 30 дена од одобрувањето. Според нивниот кредитен калкулатор, во зависност од периодот на отплата, за кредит на износ од 68.902 денари месечната рата би ви изнесувала:

период на отплата 12 24 36 48 60 72
месечна рата 6.097 3.219 2.263 1.789 1.506 1.320
вкупно за враќање 73.172 77.264 81.501 85.880 90.402 95.063
вкупна камата 4.270 8.362 12.599 16.978 21.500 26.161

2. Второто решение е да побарате кредит, за кој ќе побарате грејс период, односно период во кој нема да имате исплаќање на кредитот. Овој период може да изнесува 12, 24 или 36 месеци што е повеќе од доволно време да ги завршите студиите и да се вработите. Каматата за овој период, можете да ја плаќате месечно, или да одберете да биде одбиена при исплатата на кредитот, при што за целиот овој период нема да имате потеба воопшто да правите никакви дополнителни плаќања се до моментот на истекот на платениот грејс период. Точниот износ на каматата ќе ви го пресмета службеник од ФУЛМ.

Она што е најинтересно во обата случаја е што оној момент кога ќе се вработите и кога ќе имате солидни месечни приходи, ФУЛМ ви овозможува предвремено враќање на кредитот без плаќање било какви пенали. Се’ што ќе имате за плаќање ќе биде главницата + каматата до денот да затворање на кредитот.

Освен Front-end, што има друго?

Студиската програма Front-end девелопер е само една од петте различни студиски програми. Освен тоа, секоја програма има и своја скратена верзија (со помал број курсеви) така што имате 10 различни опции за избор. Еве го списокот и цените на сите програми:

Како да поминете најбезболно?

Логично, изберете што е можно подолг период на отплата. За период од 72 месеци, најмалку што би имале за плаќање е 1.320 денари што и не е некоја особено голема сума. Точно, каматата во овој случај е највисока но вие може да платите многу помалку. Еве како – по завршувањето на студиите, да речеме на пример по 12 месеци, најверојатно веќе ќе имате работа која ќе ви носи од 25 до 30.000 денари па со ваков приход не би требало да ви биде проблем многу порано да го вратите кредитот, со што и вкупната камата ќе биде далеку помала.

Какви приходи би можеле да очекувате?

Во оваа индустрија, платите се многу повисоки од просечните плати во Македонија а во тоа можете и самите да се уверите доколку ги погледнете извештаите на државниот завод за статистика. Доколку се вработите во Скопје на позиција јуниор Front-end девелопер, плата која би можеле да ја очекувате како почетник изнесува некаде околу 25 до 30.000 денари. Доколку сте од оние кои немаат проблем да учат и да стекнуваат нови знаења и вештини, очекувајте платата да ви расте по околу 10.000 денари на годишно ниво.

Значи, доколку денес се запишете на студии на Еверест и инвестирате околу 1100 евра, еве колку пари ќе ви се вратат назад за период од 5 години:

години 1 2 3 4 5
месечна плата 30.000 40.000 50.000 60.000 70.000
годишна плата (ден) 360.000 480.000 600.000 720.000 840.000
годишна плата (еур) 5.806 7.742 9.677 11.613 13.548
вкупна плата за 5 години (еур) 48.837

Како што можете и самите да заклучите, станува збор за инвестиција со одличен однос помеѓу вложеното и добиеното.

Кој може да аплицира?

Ниту Еверест, ниту ФУЛМ не поставуваат било какви ограничувања. Најчесто на студии на Еверест се запишуваат:

  • вработени лица кои сакаат да стигнат до подобро платено работно место без да го напуштат постоечкото работно место,
  • невработени лица кои сакаат да дојдат до вработување во веб индустријата и одлични приходи но тоа до сега не можеле да си го дозволат,
  • студенти кои сакаат да ја зголемат вредноста на својата диплома со стекнување практични вештини кои ги бараат работодавците,
  • средношколци кои сакаат да научат нови, интересни и многу добро платени вештини,
  • лица со физички инвалидитет кои досега не можеле да присуствуваат на настава во традиционални центри за обука.

Што е карактеристично за студиите?

Студиите на Еверест се изведуваат на далечина, под водство на искусни ментори. Наставата се изведува така што студентите прво ги следат предавањата (на македонски јазик), го повторуваат демонстрираното и го применуваат стекнатото знаење работејќи практични задачи и проекти. По завршувањето на задачите, ги доставуваат на оценување до менторите и закажуваат онлајн менторски сесии со нив. На онлајн консултациите студентите добиваат фидбек од менторот за сработеното, сугестии за подобрување и помош за сите нејасни работи.

Најважно од се’ е што студентот има целосна контрола врз времето – учи и работи во термин и со динамика кои нему му одговараат. За разлика од традиционалните, студиите на Еверест немаат ограничен рок за завршување.

Како да се запишете на студии?

  1. Прв чекор е избор на студиска програма. Ако имате дилеми која програма да ја изберете, закажете термин за индивидуални консултации.
  2. Пополнете ја и доставете ја пријавата за запишување на студии.
  3. По приемот на пријавата ќе бидете контактирани од претставник на академијата со кого ќе разговарате за финансиските прашања поврзани со уписот и вашите обврски за време на студиите.
  4. По регулирањето на финансиските прашања, ќе добиете корисничко име и лозинка и можете да почнете со учењето.

Па, што чекате?

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.