СПОДЕЛИ

Се чини дека станува збор за здрав разум: дизајнерите и програмерите мора да работат заедно.

Но често пати се случува токму спротивното. Иако работат на ист проект, дизајнерите и веб програмерите работат одвоено еден од друг. Дизајнерот работи за да креира елементи, палети на боја и типографија кои одлично изгледаат, додека пак програмерот кодира и го подготвува материјалот за објавување на интернет. Токму ова може да предизвика дисхармонија и помеѓу нив, и во конечниот дизајн.

Ако дизајнерите и програмерите работат заедно на проекти од почеток до крај, резултатот ќе биде покохерентен веб проект со одлична естетика, кориснички интерфејс и чист код. Кога постои процес на соработка има помалку работа и преработувања, и потребно е пократко време за да се заврши проектот.

Дизајнер наспроти програмер

По традиција, дизајнер и веб програмер значат различни работни места. Веб дизајнерите обично употребуваат софтвер за дизајн како Adobe Photoshop или Illustrator за да го креираат изгледот на елементите и веб страницата, а потоа програмерот ја кодира таа естетика употребувајќи HTML, CSS, Javascript, jQuery, и други програмски јазици, и се грижи се да функционира беспрекорно откако ќе се постави на интернет.

Иако програмерот и дизајнерот може да работат од различни канцеларии, па дури и од различни земји, на секој од нив му требаат вештините на другиот за да креира комплетна веб страница. Па…затоа мора да работат заедно.

Предностите од работењето заедно

Едноставно кажано, најголемата причина зошто програмерите и веб дизајнерите треба да работат заедно е за да креират покомплетен веб проект. Секој сегмент на проектот, од изгледот па се до интеракциите, функционира подобро кога има соработка помеѓу програмерите и дизајнерите. (А, во моментов скоро и да е невозможно да се избегне соработка.

И додека ја дискутираме потребата од соработката помеѓу веб дизајнерите и програмерите, да не изумиме да ги поканиме и дизајнерите на интеракција.

Соработката има многу други предности:

  • Втор пар на очи кој ќе може да ги забележи недостатоците и грешките
  • Покреативно изнесување на идеи и дизајн
  • Поцелосно искуство (бидејќи дизајнерите ќе може да разберат што може да креира програмерот)
  • Поповрзан краен продукт во кој сите делови и целата интеракција изгледаат како да припаѓаат и да се вклопуваат во естетиката
  • Ќе научите како дизајнерот/програмерот работи
  • Интеграција на идеи за подобра верзија на она што проектот требало да биде
  • Фокус на мисијата и целите на проктот за дизајн
Недостатоци од работењето заедно

Иако сакам да кажам дека нема недостатоци, сепак тоа би било премногу наивно.

Има многу проблеми кои може да се појават додека работите заедно, но овие два ќе мора да ги земете во предвид:

  1. Ќе имате трошоци поврзани со потребата сите да се на исто место во исто време, особено доколку работниците не се на иста локација. Употребувајте алатки за телеконференција и online споделување за да комуницирате кога не може сите да се соберете на едно место во исто време.
  2. Понекогаш луѓето ќе имаат различни мислања и нема да се согласуваат едни со други, но возрасни сме нели? Некако мора и тоа да го надминеме.

Што можете да направите?

2

Сега кога размислувате за сите можни причини поради кои би требало да работите со дизајнер или програмер, да видиме како може тоа да го спроведете во реалноста. Се почнува со јасна комуникација.

Веб дизајнерите и веб програмерите мора да го стават проектот на прво место и при процесот на донесување одлуки секогаш да размислуваат за целата слика. Мора да разберете дека некогаш ќе добивате битки, но и дека многу битки ќе мора да ги изгубите.

Најдобар почеток е да излезете на ручек или кафе со вашиот соработник. Запознајте го него и неговиот стил пред да почнете да правите нацрт на проектот. Изјаснете се дека сакате да работите заедно во тим и поставете неколку основни правила.

Секој кој е вклучен во проектот треба да контактира со останатите, и тоа често (можеби би било добро и да закажете средби во календарот на проектот). Така ќе бидете сигурни дека секој работи според договорното и не доцни. Запомнете дека мора да сте љубезни, да нудите конструктивни критики и да сте отворени за туѓи идеи. Исто така, ценете ја можноста да научите и нешто ново.

5 совети за дизајнери

  1. Објаснете ја теоријата на дизајнот на едноставен начин за да му помогнете на прогрaмерот да сфати од каде доаѓа естетиката.
  2. Сметајте ги интерактивните елементи и начинот на кој работат за свој дизајн. Дизајнирајте ги сите етапи на интерактивност.
  3. Дизајнирајте целосно. Не очекувајте програмерот да ги копира и уредува деловите кои се слични еден со друг. Креирајте елемент за секоја состојба.
  4. Барајте помош во процесот на работа. Ако не сте сигурни дали одреден фонт ќе работи на веб, прашајте!
  5. Обезбедете употребливи формати на датотеки за вашите елементи. Елементите треба да ви се со соодветна резолуција и големина за употреба на веб.

5 совети за програмери

  1. Научете ги основните работи за веб дизајнот. Доколку знаете барем малку теорија за боите и фонтот, па дури и јазикот, ќе биде многу полесно.
  2. Бидете искрени за она што може и што не може да го направите. Ако некој дизајнер се обидува да направи нешто што не може да се пренесе на веб, колку порано му кажете, толку подобро.
  3. Бидете достапни за прашања и помош за време на процесот на дизајнирање.
  4. Вклучете се во процесот од самиот почеток. Помогнете со идеи за дизајнот кои ќе функционираат со UX.
  5. Одржувајте го интегритетот на дизајнот при процесот на програмирање. (Па дури и во деловите кои не ви се допаѓаат или со кои не се согласувате.) Доколку нешто визуелно смените без за тоа да има “програмерска” причина нема да добиете ништо повеќе од непријател.

Најдобрите совети за дизајнери и програмери, кои не се нови но сеуште се релевантни, се принципите од Манифестот за Agile развој на софтвер.  Ова се четирите принципи според кои сите дизајнери и програмери треба да работат (живеат).

  1. Луѓето и интеракцијата над процесот и алатките
  2. Софтвер кој работи над деталната документација
  3. Соработката со клиентите над преговорите за деловен договор
  4. Прилагодувањето кон промените  над слепото следење на планови

Вештини од кои секој може да има корист

3

За да се надмине јазот помеѓу дизајнерите и програмерите и за да се има подобра соработка, и двајцата професионалци треба да знаат да го зборуваат туѓиот јазик. Дизајнерите и програмерите треба да почнат да ги прошируваат сетови со вештини. Секој дизајнер и програмер треба да има основно знаење од:

Заклучок

Прашањето повеќе не е дали програмерите и дизајнерите треба да работат заедно, туку како подобро да ги разберат обврските на другиот. На крајот на краиштата, и двете професии имаат една цел: да креираат феноменален веб сајт.

Она за што навистина треба да размислуваме е “дизајнерското програмирање”. Реалноста е дека програмирањето е дизајн, и дизајнот е програмирање. Не може да го имате едното без другото, а како што веб дизајнот станува се покомплексен, ова се повeќе ќе станува реалност. Затоа, можеби она што навистина ни треба е нов опис или назив за работното место кој ќе покаже дека веб програмерите и веб дизајнерите се поврзани.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.