СПОДЕЛИ

За не-дизајнерите, нема голема разлика помеѓу термините “типографија” и “фонт.” Зборовите се употребуваат наизменично, и за повеќето не е ни важно што не ја знаат разликата. Сепак, како веб дизајнер, од огромна важност за вас, е да знаете да правите разлика помеѓу овие два термина, и да знаете зошто точно типографијата е важна во веб дизајнот.

Многу дизајнери кои се почетници, а и некои од поискусните, имаат мислење дека типографијата е само фонт. Иако ова е точно, ако гледаме во основите и суштината, сепак мора да разбереме дека типографијата е многу повеќе од фонт. Таа оди подалеку од избирање на најубавиот фонт. Ваквиот тип на поедноставување на работите не е ништо повеќе од обична незаинтересираност целосно да се разбере улогата која типографијата ја игра во веб дизајнот.

Пред навистина да ја разберете нејзината улога, мора да разберете што точно е типографија. Типографијата е уметност и техника на претставување на текстот која излегува од границите на основната потреба зборовите да бидат читливи. Елен Луптон, директорот на програмата за графички дизајн на Maryland Institute College of Art во Балтимор, верува дека типографијата е изгледот на јазикот. Во неа влегува секој елемент кој влијае на веб дизајнот, тука вклучувајќи ги должината на редот, големината во точки, распоредот, палетата на бои, фонтот и интеграцијата во дизајнот. Како што продолжува развојот на веб дизајнот, кој е воден од големи и моќни слики, важно е да имаме на ум дека типографијата е она што го задржува дизајнот како целина. Без типографија, интернетот би бил полн со досадни сајтови полни со Times New Roman и Helvetica фонтови, и би немал нешто што ќе ја возбуди публиката.

Типографијата и веб дизајнот

Првиот впечаток е оној кој останува. Типографијата ви помага да креирате искуство за вашите корисници пред тие да прочитаат нешто, или да кликнат на некое копче на вашиот сајт. Таа оди подалеку од раскажување на приказна. Едноставно креира атмосфера и извлекува реакција на истиот начин како што тоа го прави тонот.

Кога зборуваме за милионите сајтови на интернет, единствената  најважна работа заради која луѓето доаѓаат на веб сајтовите е содржината. Имено, 95% од информациите кои се на веб се во форма на пишан јазик. Постот за архитекти на информации, на Оливер Р. Веб дизајнот е 95% типографија” отвори гоема дискусија во заедницата на веб дизајнерите. “Логички е да заклучиме дека еден веб дизајнер мора да има добра обука во главната дисциплина на оформување на пишаните информации, или со други зборови, Типографијата,” напиша тој.

Типографијата буди чувства

Типографијата може да биде многу моќна алатка кога сакате да разбудите одредени чувства кај вашата публика. Покрај изгледот на веб сајтот, изборот на фонтови и бои, и како тие се распределени на страницата многу влијае на чувствата на корисниците. Со употреба на типографијата може да креирате одредена изјава со која ќе остварите емотивна врска со публиката. Кога ќе ја разберете улогата на типографијата, може да креирате дизајни кои ќе ја погодат публиката. Од друга страна, кога не ја разбирате важноста на типографијата ризикувате да се оддалечите од публиката засекогаш. Употребувајќи различни стилови на фонт, или уредувајќи ги на неконвенционален начин, ја менувате перцепцијата која публиката ја има за вашиот веб сајт, и будите одредени емоции кај публиката, без таа да е свесна за тоа.

Улогата на типографијата во брендирањето

Кога зборуваме за брендирање, типографијата е продолжување на тонот и гласот на брендот. Кога дизајнирате сајт за ваш клиент, важно е да се погрижите да го дефинирате и разграничите брендот преку силната типографија. Типографијата е клучот на изразот на глас и стил на еден бренд. Како дизајнер, ваша работа е да креирате хармонија помеѓу логото на клиентот и фонтот, а познавањето на улогата на типографијата ќе ви помогне да го постигнете тоа. Изборот на вистинска типографија за вашиот кллиент значи дека ја избирате онаа која на пораката која сакате да ја пренесете и додава вистинското чувство.

Типографијата како водич

Да имате сајт со одлична содржина не е доволно. Мора содржината да е добро претставена. Со вистинската типографија, може да ја водите публиката низ сајтот, покажувајќи и ги најважните информации на кои треба да се фокусира. Менувањето на големината на текстот, неговиот распоред на страницата и боите може да ви помогнат да генерирате визуелна хиерархија за вашата публика, објаснува Конор Тарнбул, автор за Tuts+ веб сајтот. Со вистински распоред и порамнување на страницата, може да земете презбиена страница со текст кој би ја оптеретил публиката, и да ја претворите во убавина од која публиката нема да може да ги одвои очите.

Типографијата ја прави содржината привлечна

Ова не значи дека сајт со немерливо грозна содржина може наеднаш да стане вреден, само заради типографијата. Можеби ќе успеете да ја залажете публиката неколку моменти, но веднаш штом ќе сфати дека била излажана, ќе го напушти сајтот, и најверојатно никогаш нема да се врати назад. Исто така, сајт кој ја има најзаводливата содржина нема да успее, ако содржината е претставена со темно-црвен Time New Roman фонт. За да ја употребите типографијата и да ја направите содржината попривлечна, мора да имате полу-пристојна содржина која потоа ќе ја направите попривлечна преку типографијата, за вашата публика да не може да и одолее. Употребата на вистински фонт може да ја привлече публиката и да го задржи нејзиниот интерес за информациите кои и ги претставувате.

Типографијата ја одржува конзистентноста

Редот, и работите кои ги познаваат, се двата квалитети на интернет кои корисниците ги бараат во секој веб сајт. Корисниците не се чувствуваат пријатно кога правите произволни измени на правилата на вашиот сајт. Ако вашата публика се мачи со вашата навигација, нема многу да се двоуми пред да ја напушти страницата, и тоа по второто неуспешно искуство. Најдобро е да не употребувате многу различни фонтови на еден сајт бидејќи тоа ќе направи вашиот сајт да изгледа неиспланирано и хаотично, а вашата публика ќе остане збунета. Употребата на добра типографија ќе ви помогне да ја задржите униформноста на вашиот сајт, и помеѓу елементите, а со тоа и ќе го подобри корисничкото искуство. Со фонт, големина и боја, кои се согласуваат, вашата публика ќе го најде редоследот кој го бара, и ќе биде мирна бидејќи вашиот сајт ќе и се чини добро познат и пријатен.

Заклучок

Типографијата е интегрален дел од вашиот дизајн. Може да има огромно влијание на вашиот севкупен дизајн. Добрата типографија може да направи публиката повеќе да ужива, може да ги да ги оформи перцепциите на публиката и да ја ангажира публиката со сајтот. Таа има моќ да отвори разговор, и да одреди колку ефективно ќе се испорача содржината на сајтот. Кога дизајнирате имајќи ја типографијата во преден план, може да креирате искуство во кое публиката ќе биде поангажирана и посреќна. Не станува збор само за соодветно средство за пренесување на информации, туку и за привлекување на публиката со пораката за таа сигурно да се враќа на сајтот за повеќе содржина. Добро дизајниран сајт, со добро обработена  типографија, ќе им го даде на клиентите сообраќајот кој тие го бараат, а за возврат вие ќе добиете изложеност онолку колку што се надевате.

Камен темелник на секој успешен дизајн е типографијата. Со 95% од дизајнот во текст, важно е да се погоди целта со типографијата, бидејќи тоа е клучниот фактор за успех на сајтот. Веб сајтовите се креираат со одредена целна публика на ум, па како дизајнер мора да знаете кои се емоциите кои сакате да ги разбудите, бидејќи, сега,  веб дизајнот не значи само да се употреби најубавата слика или најмодерната графика, туку значи и да направите содржина лесно да се чита. Затоа, типографијата е вештина во дизајнот која треба да ја совладате ако сакате да сте успешни како веб дизајнер.

извор: designrfix

Патем…

… дали знаевте дека типографија е само една од многуте работи која ќе ја изучувате во студиските програми за веб дизајн и UX дизајн на веб академијата Еверест?

Ти се допадна овој напис?
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.