СПОДЕЛИ

Често почетниците не’ прашуваат: Зошто треба да употребувам WordPress? Не е ли мојата стара страница доволно убава? Зошто треба да се префрлам на WordPress? Ако и вие си ги поставувате истиве прашања, тогаш сте на вистинското место. Во овој текст за вас имаме наведено неколку причини зошто треба да употребувате WordPress, на кои начини може да го употребувате WordPress, и информации за тоа кој употребува WordPress.

Луѓето често грешат и го класифицираат WordPress како платформа само за блогирање. Иако тоа беше вистина во минатото, WordPress низ годините прерасна во систем за управување со содржина (или content management system /CMS) со многу можности. Вие сеуште може да го употребувате за да креирате едноставен блог, меѓутоа сега тој ви дозволува да креирате и целосно функционални веб сајтови и мобилни апликации.

Најдобриот дел е дека WordPress е едноставен за употреба и, дополнително, доволно флексибилен за скоро сé. Токму тоа е главната причина поради која стана толку многу популарен. Според последните податоци, WordPress управува со 30% од сите веб сајтови на интернет.

Заради неговите силни карактеристики, многу од врвните брендови го употребуваат како основа на нивните веб сајтови, меѓу кои: Time Magazine, Google, Facebook, Sony, Disney, LinkedIn, The New York Times, CNN, eBay, и многу повеќе.

Ајде да погледнеме зошто треба да го употребувате WordPress.

1. WordPress е бесплатен

WordPress е бесплатен софтвер. Тоа значи дека вие, без никаква надокнада, може да го превземате, инсталирате, употребувате и менувате. Може да го употребите за да креирате секаков вид на веб сајт. Тој исто така е и “open source”, со што на располагање го имате изворниот код кој може да го научите и менувате.

Во моментов постојат повеќе од 2600 WordPress теми и повеќе од 31,000 додатоци кои може да ги користите бесплатно. Може да ги превземате и употребувате на секаков вид на веб сајт.

За да работите во WordPress, сé што треба да имате е домен и веб хостирање.

1

Заради неговата “open source” природа, WordPress e софтвер на заедницата. Се одржува од голема група на волонтери, најголемиот број од кои се WordPress консултанти, активни во поддршката и развојот на WordPress. Секој може да допринесе со пишување на мали парчиња код кои би ја подобриле функционалноста, одговарање на прашања за поддршка кај прелистувачите, пишување на додатоци, креирање на теми, преведување на WordPress и ажурирање на документацијата.

Употребувајќи го, вие станувате дел од таа неверојатна заедница. Добивате бесплатна поддршка и помош од другите членови, превземате додатоци и теми, и откако ќе стекнете искуство, и вие директно може да допринесете за заедницата.

2. WordPress е лесен за употреба и брзо се учи

WordPress се употребува од милиони луѓе и скоро секој ден нови луѓе се приклучуваат на WordPress заедницата, креирајќи ги своите први WordPress веб сајтови. Причината зошто луѓето брзо се адаптираат на него е тоа што тој е релативо едноставен.

3. WordPress може да се проширува со користење теми и додатоци

Повеќето луѓе кои употребуваат WordPress не се ниту веб дизајнери ниту програмери. Факт е дека повеќето луѓе почнуваат WordPress без претходно искуство во развивање на веб сајтови.

Причината зошто тој е идеален кандидат се илјаниците бесплатни образци (теми) од кои може да изберете за вашиот веб сајт да го добие изгледот кој го сакате. Постои WordPress тема буквално за сé. Независно дали сакате тема со фотографии, тема како списание, портфолио или електронско тргување, секогаш постои совршена тема за секого.

WordPress темите лесно се прилагодуваат бидејќи скоро сите доаѓаат со сопствен панел со опции кој ви дозволува да менувате бои, да прикачувате лого, да менувате позадини, да креирате лизгачи и многу други интересни работи на вашиот веб сајт, без воопшто да треба да пишувате код.
WordPress е неверојатно флескибилен и може да ги проширува своите можности преку додатоци. Исто како и со темите, и со додатоците имате пристап до повеќе бесплатни и премиум додатоци. Со нив не само што ќе додадете дополнителна функционалност, туку, со некои од нив, може и да додадете целосно нова платформа на вашиот WordPress сајт.

4. WordPress го сакаат пребарувачите

WordPress е напишан со употреба на високо-квалитетен код кој е во согласност со стандардот и произведува семантички ознаки кои ја оптимизираат вашата страница кај прелистувачите. Вие допоолнително може да ја подобрите неговата оптимизација кај пребарувачите со употреба на додатокот WordPress SEO.

5. WordPress е лесен за управување

WordPress доаѓа со вграден ажурирач кој ви дозволува да ги ажурирате додатоците и темите директно преку администраторската секција. Исто така, тој ве известува кога имате нова верзија WordPress на располагање, за да може да го ажурирате кликнувајќи само на едно копче. Целата ваша WordPress содржина може да ја чувате безбедна поставувајќи автоматски WordPress Backup.

6. WordPress е безбеден и сигурен

WordPress е смета за безбеден и сигурен, но, како и се во реалниот свет, интернетот е несигурно место. Постојат луѓе кои сакаат да нападнат колку што е можено повеќе сајтови, па затоа на нашата страница ние го употребуваме Sucuri за да ги следиме евентуалните закани по безбедноста на сајтот, и истото ви го препорачуваме и вам.

7. WordPress може да работи со различни типови медии

Употребувањето на WordPress не ве ограничува само на пишување на текст. Тој доаѓа со вградена поддршка за слики, аудио и видео содржина. Може да го употребувате и за работа со датотеки или документи.

WordPress поддржува oEmbed овозможени сајтови, што значи дека со него може да вградувате YouTube видеа, Instagram фотографии, Tweet-ови, Soundcloud аудио, само со вметнување на URL адресата во вашиот пост. Дури може да овозможите и вашите посетители да може да вградуваат видеа во сопствените коментари.

8. На кој начин да се употребува WordPress?

WordPress може да се употребува на многу начини. Тој е отворен кон нови можности. Нашиот сајт не е блог, туку е повеќе на деловен сајт кој нуди ресурси и информации, а тој работи на WordPress. WordPress може да се употреби како:

  • Аркада
  • Блог
  • Систем за управување со содржина (CMS)
  • Галерија
  • Портфолио
  • Веб сајт за рангирање
  • Продавница
  • Сајт за видео колекции
  • Сајт со членство

Ова се само неколку примери за тоа како може да го употребите WordPress. За да видите како другите го употребуваат WordPress, посетете ја WordPress Showcase.

Се надеваме дека одговоривме на вашите прашања зошто да го употребувате WordPress. Најдобриот начин да ги искусите вистинските моќи е да го употребите. Обидете се, дајте му шанса и пишете ни што мислите за него.

Заклучок

Сега откако дознавте зошто WordPress е толку популарен и што се’ можете да направите со него, веројатно почнувате да размислувате – “и јас би можел да направам свој веб сајт“ Верувајте ни, можете!

Доколку сакате да го направите првиот чекор во област на веб дизајнот а досега никогаш не сте кодирале, првото нешто што би требало да го направите е да го совладате WordPress-от. Тоа можете да го направите на два начина, во зависност од тоа како го вреднувате вашето време:

1. Споро, со помош на бесплатни курсеви. На интернет можете да најдете безброј бесплатни курсеви, претежно на англиски јазик, но во тој случај ќе бидете оставени сами на себе. Наоѓањето одговор на секој проблем на кој ќе налетате значи чести заглавувања, без гаранција дека ќе го најдете најдоброто решение.

2. Брзо, со помош на искусен ментор. Ако сакате резултати во рекордно краток рок, курсот “Управување со содржини со WordPress“ може да биде вистинското решение за вас. За само еден месец, ако не и побрзо, ќе го совладате WordPress-от и ќе можете веднаш да почнете да заработувате правејќи и одржувајќи веб страници за вашите клиенти.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.