СПОДЕЛИ

Доколку ви треба многу време за да направите прототип на вашиот следен дизајн, можеби најдобро е да се вратите еден чекор наназад и да ги разгледате ресурсите кои ги имате при рака. Нема потреба да се задржувате на една алатка за правење на прототипи и шематски прикази кога многу често на веб се поставуваат нови и подобрени UX алатки и UI рeсурси. Работете побрзо, подобро и попаметно со помоќни алатки и посвежи ресурси.

За да ви помогнеме, ви препорачуваме 15 UX и UI алатки (алатки за кориснички интерфејс и корисничко искуство) кои се добри за правење на прототип. Некои од нив носат функционалности на повлечи и спушти и моќни колаборативни карактеристики, додека пак останатите содржат одлични ресурси за тестирање на начинот на користење во развојна фаза, а во некои случаи и во реално време.

Proto.io

Можете да креирате прототипи на пребарувачот преку повлечи и спушти и нулта – код со Proto.io, и згора на сѐ да аплицирате multi – touch и настани во било кој елемент за кориснички интерфејс. Proto.io ја има една од најреалистичните и корисни интерактивни библиотеки за кориснички интерфејс. Тестирајте го вашиот прототип на вистински уред и дискутирајте ги информациите за дизајн со членовите од тимот преку колаборативната алатка.

Pidoco

Со карактеристиката повлечи и спушти на Picodo, можете брзо и едноставно да креирате функционални шематски прикази на кои можете да кликате. Потоа креирајте, уредувајте и споделувајте неограничен број на шематски прикази или прототипи со членови на тимот или клиенити во реално време. Неговите моќни функции за фидбек и дискусија ја олеснуваат соработката. Зачувајте си прилагодени образци кои подоцна ќе може да ги употребите одново и тестирајте ги вашите прототипи на вашите омилени мобилни уреди.

Vonn Mobile Material Design UI Kit

Vonn Material Design алатнкот за кориснички интерфејс од Visual Hierarchy има 100 убави повлечи и спушти образци за кориснички интерфејс во 8 категории и сите совршено одговараат на Android апликациите. Образците се дизајнирани на 1920×1080 пиксели за да може одлично да одговараат на мобилни уреди. Нема потреба од кодирање и е целосно компатибилен со насоките за материјален дизајн на Google во распоред и стил.

AppCooker

Со напредните карактеристики кои ги носи AppCooker ќе си заштедите време, пари и ќе ги импресионирате вашите клиенти. Со него, употребувајќи iOS widget-и ќе дизајнирате и споделувате убави iPhone и iPad модели. Немате време да креирате модел од почеток? Во тој случај AppCooker е токму за вас.

Firefly

Firefly е многу практична алатка за развој на апликации која се карактеризира со корисна комбинација на функции за дизајн, уредување на податоци и соработка. Одлична е за организации со дисперзирани тимови за развој. Со Firefly, за време на процесот на дизајнирање можете да поставите на интернет модели, дизајни за апликации, слики, па дури и цели веб страници. Оваа алатка може да раководи со повеќе верзии на дизајн и дозволува да се вклучат соработници во било кој дел од процесот на дизајнирање со цел разменување информации или споделување.

InVision

InVision обезбедува правење прототипи, соработка и платформа за работен тек соодветна за апликации во околина контролирана од дизајн. Таа лесно и брзо трансформира статички екрани во интерактивни прототипи. Функцијата повлечи и спушти дозволува брзо правење прототипи во било која фаза од развојот. Карактеристиките на информациите кои се инкорпорирани во оваа алатка прават презентација на дизајнот во реално време. Колаборативна и со конвенционално прикажан фидбек.

Ace iOS 8 Mobile UI Kit

Ace Module UI Kit е добро организиран и се употребува за да се направи работен примерок од дизајните на мобилните апликации за iOS 8 во име на крајниот корисник. Дизајнерите имаат 75 PSD образци и повеќе од 100 икони на располагање со што дизајнирањето на iPhone апликациите станува полесно од било кога претходно. Екраните кои се достапни во алатката дозволуваат креирање на повеќе од 1000 различни апликации. Образците се креирани за Retina HD големина 4.7 и совршено одговарат за апликации на iPhone 6.

User Testing

User Testing е платформа за истражување на корисничкиот дел која може да се употребува за тестирање на објавени или необјавени мобилни апликации на iOS и Android уреди. Со User Testing вие самите може да дизајнирате тест или тој може да креира тест за вас. Тестот се пушта за неколку минути, а резултатите ги добивате за еден час. Она што е најинтересно е што повратниот одговор не се само во форма на резултати, туку има и видео во кое вистински луѓе ја коментираат апликацијата при нејзина употреба.

Prott

Prott е моќна и брза алатка за правење прототипи и соработка специјално дизајнирана за креирање на мобилни апликации. Лесно може да анимирате графики, скици и слики, може да синхронизирате екрани и може да го прегледате прототипот на вистински уред и да го споделите со членови од тимот за колективна дискусија. Целосно ги поддржува резолуциите и големините на екраните на iOS и Android.

Optimizely

Optimizely е платформа за оптимизација која нуди брзо и моќно A/B тестирање за мобилни апликации. Визуелниот уредувач ви овозможува да правите измени во вашата апликација во реално време и во развој без да го чекате AppStore прегледот, независно колку е прилагодувана претходно. Сѐ што е потребно е еден ред код генериран од Optimizely и вметнат во вашиот HTML.

Notism

Notism ви овозможува премногу лесно да ги сподлувате дизајн настаните и напредокот во реално време. Тоа значи побрзи повторувања на дизајнот, помалку време потребно за одјавување и поедноставен процес за тестирање при на употребата. Најважната карактеристика на Notism е можноста да соработувате со останатите преку видео врска, карактеристика која многумина ја сметаат за вистински пресврт во начинот на работа.

PowerMockup

PowerMockup е корисна алатка за правење прототипи која ги обезбедува неопходните образци за функционален шематски приказ и потребната функционалност, но воедно и ви дозволува да го креирате шематскиот приказ во PowerPoint. Со ова, крајните корисници и учесниците во процесот кои се од нетехнички оддел многу полесно да го следат процесот на дизајн. PowerMockup ги дуплира и редефинира дизајните во реално време и е фокусиран на употребливоста на крајниот продукт.

myna

Myna ви носи форма на A/B тестирање која запаметува додека вие тестирате во реално време. Таа го оптимизира вашиот тест во тек, овозможувајќи ви што повеќе ваши клиенти и потрнцијални корисници да ги видат вашите најдобри дизајни. Тестовите се спроведуваат врз основа на вашите индивидуални посетители, а не на прегледите на страници. Резултатите се брзо достапни, а Myna дури и ви дозволува да правите измени во вашиот дизајн за времетраење на тестирањето.

Usability Tools

Usability Tools обезбедува два сета на алатки за тестирање на начинот на употреба на вашата апликација. Едниот сет ги идентификува проблемите кои се јавуваат при користење на апликацијата и ви кажува кои карактеристики го привлекуваат вниманието на вашите корисници, а кои карактеристики корисниците ги игнорираат. Вториот сет ви обезбедува кориснички фидбек за изгледот на вашата апликација.

Antetype

Antetype е развиена од дизајнери на кориснички интерфејс и ги обезбедува сите алатки кои се потребни за дизајнирање на богати и точни прототипи. На располагање имате повеќе од 400 widget-и за големи платформи, но имате и можност да додавате дополнителни, па дури и сопствени. Карактеристиките на интегрирана интеракција и анотација ви дозволуваат да ја демонстрирате работата на дизајнот во развој, да коментирате и да добивате фидбек од членови на тимот.

Заклучок

Времето е пари па затоа секогаш обидувајте се на најдете начин да го заштедите.

Ако сте искусен графички дизајнер и целава работа со UX ви е релативно нова, а истовремено сакате да впловите во води на веб дизајн каде што ве чекаат нови, можеби и повозбудливи предизвици, прочитајте ја статијата:

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.