СПОДЕЛИ

JavaScript е најпопуларниот и најшироко распространет јазик за претежниот дел веб проекти. Станува збор за client-side програмски јазик, односно софтвер кој работи на страната на клиентот. Тоа всушност значи дека програмскиот код е испратен кон компјутерот на корисникот со остатокот од кодот од веб страната а потоа прелистувачот го чита тој код и прави тоа што му е наложено. Овој курс ќе ви го даде основното знаење за да разберете што всушност е JavaScript, ќе ви помогне да научите како работи и, што е најважно, да ви помогне да ја зголемите способноста за дебагирање.

Теми

  • Разбирање на структурата на JavaScript кодот
  • Креирање варијабили, функции и циклуси
  • Пишување условен код
  • Праќање пораки до конзола
  • Работење со различни видови варијабили и објекти
  • Креирање и менување DOM објекти
  • Работа со настани
  • Работа со тајмери
  • Дебагирање JavaScript
  • Градење форми
  • Работа со CSS, HTML5, and JavaScript
  • Употребување регуларни изрази

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на:

  • лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери
  • дизајнери кои сакаат да ги прошират својот сет вештини
  • студенти

Предзнаења

За следење на овој курс потребно е поседување знаења содржани во курсевите:

  • Вовед во програмирање
  • HTML: основи
  • CSS: основи

Практичен дел

Во рамки на практичниот дел од курсот, студентот ќе добие задачи кои ќе треба да ги изработи и достави до својот ментор.

Сертификат

По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат за успешно завршен курс. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, со користење на методологијата менторирано учење на далечина.

Цена

7.669 ден (пакет Премиум)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење
  • 4 x 15 мин. менторски сесии (1-на-1, online)
  • сертификат за успешно завршен курс

Ментори

PetarПетар Трајковски, .NET програмер со 12 годишно искуство. Има работено на сајтови со милионска посетеност (PlayBoy, Dr.Oz) а предизвик му е оптимизација на .NET и SQL код. Бил предавач на Академијата на ИТ Александрија како инструктор за веб дизајн. Во моментот работи за клиенти од Америка и Канада на развој на апликации во област на Research Management.

denisДенис Арслановски, front-end веб девелопер. Експерт за HTML, CSS, jQuery и прилагодлив (responsive) дизајн. Изработува веб страници за клиенти претежно за европскиот и австралискиот пазар.

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

предупредување

 

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.