СПОДЕЛИ

GitHub стана индустриски стандард на платформа за контрола на верзии и објавување. Покрај тоа што е неопходен за веб програмерите, тој е одличен и за веб дизајнерите. Овој курс има за цел да им покаже на веб дизајнерите како GitHub може да го подобри нивниот работен тек и да им помогне во креирањето и објавувањето на сајтови. Ќе ви покажеме како да се регистрирате и да отворите корисничка сметка, а потоа и да инсталирате GitHub клиент и Git, (системот за контрола на верзии на кој се базира GitHub) на вашиот компјутер. Дополнително ќе видиме како да го употребите Github за да работите со членови на тимот и соработниците на open-source проекти.

Теми

  • Креирање сметка
  • Инсталирање GitHub
  • Основи на Git
  • Додавање датотеки во Git
  • Проверување разлики
  • Креирање, преклопување и ажурирање гранки
  • Креирање нов GitHub репозиториум
  • Управување со датотеки со GitHub клиент
  • Работење со соработници

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери.

Предзнаења

За следење на овој курс потребни се предзнаења од област на веб развој.

Практичен дел

За овој курс не се предвидени посебни практични задачи.

Сертификат

За овој курс не е предвидено стекнување сертификат за успешно завршен курс.

Формат на курсот

Курсот се следи на далечина, со пристап кон снимени инструкциски видеа.

Јазик

Курсот е на македонски јазик.

Цена

3.539 ден (пакет Basic)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.