СПОДЕЛИ

Aptana Studio 3 е една од најпопуларните бесплатни алатки за веб развој која работи на повеќето оперативни системи, меѓу кои Windows, Mac OS X, и Linux. Во овој курс ќе ви ја покажеме моќта на Aptana Studio 3 и нејзините алатки за креирање богати HTML сајтови кои интегрираат CSS и JavaScript. Курсот детално го разгледува софтверот, почнувајќи со инсталирање Aptana Studio 3, креирање и уредување нови HTML документи и моќните алатки, како Content Assist и кратките готови кодови кои ви помагаат побрзо да напредувате во проектот, па сé до последните чекори од проектот, т.е тестирање и објавување на сајтот.

Теми

  • Инсталирање Installing Aptana Studio
  • Креирање нова датотека
  • Креирање нов веб проект
  • Импортирање постоечки веб проект
  • Уредување код
  • Набљудување промени во код со Quick Diff
  • Следење to-do листа со Tasks
  • Додавање парчиња код и шаблони со комплети
  • Прегледување проекти
  • Распоредување на вашиот вебсајт на FTP сервер

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на лица кои сакаат да станат веб дизајнери и веб девелопери.

Предзнаења

За следење на овој курс потребни се предзнаења од област на веб развој.

Практичен дел

За овој курс не се предвидени посебни практични задачи.

Сертификат

За овој курс не е предвидено стекнување сертификат за успешно завршен курс.

Формат на курсот

Курсот се следи на далечина, со пристап кон снимени инструкциски видеа.

Јазик

Курсот е на македонски јазик.

Цена

2.359 ден (пакет Basic)

Вклучено во цената

  • 30 дена пристап до материјалите за учење

Прашања?

Доколку имате било какво прашање, обидете се одговорот да го најдете во делот Одговори на најчесто поставувани прашања.

пријава

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.