СПОДЕЛИ

Откако ќе ги изнесете креативните идеи на вашите дизајни, моментот кога ќе го видите крајниот продукт од вашата работа е најубавиот аспект од целиот процес на развивање на софтверот. На другата страна од спектарот, премостувањето на јазот помеѓу финалнот дизајн и кодот е исцрпувачка, тешка, а за некои и речиси невозможна пречка. Конвертирањата на PSD во HTML/CSS е авантура која одзема многу време и е склона на грешки – освен ако не сте љубител на пишувањето код.

За среќа, постојат неколку компании кои би го направиле тоа конвертирање за вас. Сите компании кои се набројани подолу нудат одлични услуги. Неколку од нив се држат строго до префрлање на PSD во HTML, додека останатите нудат поширок спектар на услуги. Цените, начините на плаќање и времето на префрлање секако варираат од проект до проект, а сѐ што треба вие да направите е да им побарате проценка.

1. PSD To Manythings

psd-to-many-thingsPSD to Manythings нуди многу услуги од префрлање на Photoshop дизајни во HTML, и испорачување на било каков тип на ознака. Тие обезбедуваат помош за време на било која фаза од вашиот процес на равивање и дизајнирање вклучувајќи и апликации за e-Commerce или e-Shop, или ковертирање од PSD во responsive HTML.

Со клиентела ширум светот, одлична репутација и признание од WooCommerce, компанијата е на листата на 10-те најдобри компании за развивање на софтвер. Од нив може да очекувате чист, добро документиран код или дури и надоградување на веб страницата, доколку тоа е она што е потребно.

2. Chop-Chop.org
chop-chop

Chop-Chop.org има одлична репутација за префрлање на PSD во код, а нивната техничка поддршка од 30 до 90 дена откако сте ја поднеле нарачката уште повеќе ја зацврснува нивната професионалност. Доколку обемот на вашиот проект сеуште не е дефиниран, може да се обидете со нивните услуги на база на часови. Тие ја прифаќаат секоја датотека со стандарден формат на дизајн и ви испорачуваат рачно кодирани, SEO-комплементирани, HTML/CSS датотеки по електронска пошта. Како водечка компанија за развивање на софтвер и конвертирање, Сhop-Chop има клиенти во повеќе од 30 земји.

3. PSDgator

psdgatorPSDgator е тим на веб програмери лоциран во Грција. Услугите кои
ги нудат опфаќаат сѐ од префрлање на PSD во HTML/CSS до конвертирање на WordPress Теми и обезбедување на responsive дизајни. PSDgator нуди брза испорака и бесплатни прегледувања со консултации за вашиот проект пред да ги исплатите. Бесплатен, искрен преглед може да го заштеди времето на сите, а и маката, доколку има некоја карактеристика од вашиот дизајн која не се префрла при процесот на конвертирање.

Доколку имате потреба вашата моментална веб страница да се re-sliced и рекодира, тие може и тоа да го направат исто така.

4. Direct Basing

direct-basingDirect Basing нуди дискретно slicing и брзо префрлање. Тие може да го конвертираат вашиот Photoshop дизајн во WordPress, Magento, или Joomla.
Повеќе од 2700 клиенти ги имаат однесено сопствените дизајни во Direct Basing, и тие имаат завршено повеќе од 10,000 проекти за нивните интернационални клиенти кои се прикажани на нивната веб страница во портфолио секцијата.Ќе се изненадите од она што ќе го видите. Поставете ја на интернет вашата датотека со дизајн, добијте проценка и испробајте ја нивната висококвалитетна и не многу скапа услуга.

5. Pixel2HTMLpixel2html

Pixel2HTML е frontend компанија за равој која може да го трансформира вашиот дизајн во одличен HTML/CSS код. Исто така, може да го имплементираат и на WordPress, Tumblr, Shopify и други платформи. Ако барате responsive веб страница, retina поддршка и анимации, сето тоа ќе го добиете кај нив. Нивниот тим е супер пријатен и секогаш подготвен навремено да ви помогне. Испратете им ја PSD / Illustrator / Sketch датотеката и тие ќе ја конвертираат во веб страница со одличен изглед.

6. PSDHTML.PRO

psdhtml-proСекогаш е од помош да видите неколку примери на конвертирања од дизајн во код, а PSDHTML.PRO портфолиото е навистина импресивно. Можете да ја пратите вашата нарачка и да платите за еден од нивните стандардни пакети или да чекате посебна проценка.

На располагање ви нудат многу опции, а најчесто нарачките ги обработуваат и кодот го праќаат по пошта во рок од 24 часа. Услугите вклучуваат конвертирање на PSD во HTML, PSD во XHTML, и PSD во HMTL5/CSS3.

7. XHTMLized

XHTMLizedДоколку имате потреба да префрлите скица во HTML, убав и среден дизајн во responsive код или било што друго, XHTMLized е на ниво на задачата. Front-end услугите вклучуваат пиксел-прецизно конвертирање во семантички код во HTML5/CSS3/JavaScript компатибилен со повеќе пребарувачи. Backend услугите се однесуваат на конвертирање на дизајн во целосно функционална веб страница, тука вклучувајќи и WordPress проекти. Доколку електронската пошта е дел од вашиот маркетиншки пристап, на располагање ви се неколку опции, па дури и responsive распореди.

На ваше барање може да добиете и retina поддршка, а членовите на нивниот тим за развивање на веб се апсолутни мајстори кога станува збор за поддршка на апликации.

8. Reliable PSD

reliablepsdКреирана од вистинска агенција за веб дизајн, Reliable PSD ветува дека ќе ги најде недостатоците кои другите компании не можат. “Ние најдобро од сите знаеме што им треба на дизајнерите. На крајот на краиштата, и ние сме дизајнери!” изјавила Луиза Левит, ко-основач на Reliable PSD. Нивната услуга вклучува убав код напишан од внимателно одбран тим и пријатна услуга од луѓе кои навистина ги разбираат потребите на хонорарците и агенциите.

9. CSSChopper

css-chopperCSSChopper има постигнато многу за околу 5 години работење во овој бизнис. Тие имаат завршено скоро 13,000 проекти за повеќе од 9,000 клиенти, што докажува дека знаат како и што треба да направат. Се разбира дека од нив ќе го добиете најдоброто конвертирање на PSD воHTML, но доколку имате веб страница, тие може да ја земат, да ја преобработат и да ја префрлат во потполно responsive чувствителна страница. Така нема да мора да почнете од почеток за да ја услужите и мобилната група. Тие исто така ги нудат и услугите: CMS имплементација и E-commerce интеграција.

10. PSD To Convert

psd-to-convertВие го имате секое право да добиете рачно напишан, пиксел-совршен, W3C-валидизиран код за вашите пари. PSD to CONVERT оди и чекор понатаму. Тие се скоро и фанатици кога станува збор за обезбедување на код без грешки. Нивен приоритет се кодови кои се чисти од багови, независно дали вашиот проект е конвертирање на PSD во XHTML, HTML Responsive, WordPress, Drupal, или Joomla
Кога станува збор за прилагодливоста, тие ви обезбедуваат код кој функционира и се прикажува на сите големи пребарувачи и платформи.

11. netlings

netlingsУслугите на Netling вклучуваат PSD во HTML, PSD во Email, PSD во Shopfly,и PSD во WordPress. Тие се мала компанија, која несомнено има привлечено клиентела од секаде. Нивното конвертирање на PSD во HTML вклучува Responsivе, десктоп и мобилен. Целото префрлање најчесто ќе биде завршено за 1 до 2 работни дена а ознаката на проектот и CSS секогаш се по W3C стандардите со функционалност и брзо вчитување на страницата како приоритет.

12. ExciteMarkup

excite-markupСите конвертирања на кодови на ExciteMarkup од PSD во HTML се прават рачно. Резултатот е 100% W3C подреден и компатибилен за повеќе пребарувачи. Вашиот дизајн ќе биде во сигурни раце, бидејќи компанијата секогаш работи по строги NDA правила.

Дополнителните услуги вклучуваат CMS имплементација, E-commerce интеграција, responsive дизајн и мобилни образци. ExciteMarkup тврдат дека не се натпреваруваат со никој друг освен себе си и затоа даваат исклучителна услуга.

13. htmlMafia

html-mafiahtmlMafia обезбедува основно конвертирање на PSD to HTML. Половина од сумата плаќате на почетокот, а остатокот од сумата ја уплаќате откако ќе ги прегледате нивните совршен ознаки по сите стандарди достапни преку демо линк. Сепак, постои гаранција за враќање на парите ако не сте задоволни од она што ќе го добиете од нив. Тие работат под строги NDA правила, па вашиот дизајн секогаш е безбеден.

14. HTMLPanda

htmlpandaHTMLPanda ќе ја земе вашата идеја за дизајн, ќе ја slice, ќе ја кодира и ќе произведе одличен дигитален продукт. Тие нудат услуги за веб програмирање, мобилни апликации (вклучувајќи и хибридни мобилни апликации) и образци за маркетинг преку електронска пошта. Платформите за мобилни апликации вклучуваат Android, iOS, Blackberry, и Windows Phone. HTMLPanda е компанија со целосна услуга за веб равој со интернационална клиентела која ви е на располагање 24/7.

Заклучок

Сигурно нема да згрешите ако изберете било која од наведените компании за конвертирање на PSD во HTML/CSS. Ако имате потреба од други услуги, меѓу овие компании сигурно ќе го најдете она што го барате.

Како што можете да забележите, услугата на конвертирање PSD во HTML/CSS не е секогаш евтина. Ако сакате да го направите тоа самите, најдобар почеток би ви бил нашиот курс Adobe Phootoshop за веб дизајн. Потоа, се разбира, најдобро што би можеле да направите, е да ги совладате HTML и CSS.

Ти се допадна овој напис?
Се согласувам моите податоци да бидат префлени на MailChimp ( повеќе информации )
Стани член на клубот на веб професионалци Еверест и прв добивај информации кои можат да ти помогнат за твојот натамошен професионален развој.
И ние како и ти ги мразиме спамерите. Твојата email адреса никогаш нема да биде (про)дадена некому. Чесен збор.